Пари и Криза на Цивилизацијата

Да претпоставиме дека си ми дал милион долари со напатствие, “Инвестирај профитабилно, и Јас добро ќе ти платам.“ Јас сум опортун - хм, зошто да не? Па се спуштам на улица и на случајните минувачи им делам пачки со банкноти. Секому по десет илјади долари. За возврат секој од нив ќе шарне дека должи 20,000 долари кои треба да ги отплати за пет години. Јас се враќам кај тебе и ти велам, “Види ги овие IOUs! Тие гарантираат 20% годишен поврат на твојата инвестиција.“ Ти си задоволен, ептен, и ми плаќаш мрсничка провизија. Сега имам прилично големо купче на IOUs, па го употребувам овoj “капитал“ како посебно обезбедување (collateral) за да зајмам повеќе пари кои ги позајмувам понатака на уште повеќе луѓе, или ги продавам на оние налик мене кои го прават истото. Исто така купувам осигурување за покривање во случај на неисплата од страна зајмувачите -- и за тоа плаќам со оние истите IOUs! И така во круг, секој нов заем станува нечиј нов имот со кој истиот може да позајми уште повеќе пари. Сите ние загребуваме нови огромни провизии и бонуси, додека вкупната вредност од сите средства што ги креиравме од иницијалните милион долари на хартија сега е педесет пати повеќе.

Еден убав ден, првата партија од IOUs доаѓа за извршување. Но погодете што? Типот што го шарна својот потис на IOU не може да плати. Во суштина, не можат многу од зајмувачите. Јас се обидувам да го зашушкам овој непријатен факт колку што е можно подолго, но набрзо Ти стануваш сомничав. Си ги бараш назад своите милион долари - во кеш. Јас се обидувам да ги шитнам IOUs и нивните деривати што ги поседувам, но исто така и останатите се сомничави, и никој не ги купува. Осигурителната компанија се обидува да ги покрие моите загуби, но тоа може да го стори единствено со продажба на IOUs кои Јас им ги дадов!

И конечно, владата настапува и ги купува IOUs, дава емство за осигурителната компанија и за сите останати кои се натрупани со IOUs и нивните деривати. Нивната вредност сега е далеку повеќе од милион долари. И моите колеги претприемачи се пензионираат со нашата откупнина. Сите плаќаат за тоа.

Ова е првото ниво од она што се случи со финансиската индустрија во изминатата декада. Ова е огромен трансфер на богатсвото кон финансиската елита, која ќе се финансира од американските даночни обврзници, странски корпорации и влади, и вкрај од странските работници кои го субвенционираат американскиот долг преку куповната моќ од нивните наемнини. Меѓутоа, да се гледа тековната криза единствено како резултат од голема измама значи да се промаши нејзиното вистинско значение.

Мислам дека сите чувствуваме дека се наближуваме на крајот на една ера. На најплиткото ниво, тоа е залезот на ерата на нерегулирани манипулации во казино-стил. Но тековните напори на политичките елити за исправање на кризата на ова ниво само ќе ги разоткрие нејзините подлабоки димензии. Во суштина, кризата ќе оди “до дното на дното.“ Таа произлегува од вградената природа на парите и сопственоста во денешниот свет, и упорно ќе продолжи да се интензивира се додека самите пари не се трансформираат. Процесот со вековно формирање е во својата финална фаза на разврска.

Парите какви што денес ги познаваме кризата и колапсот ги имаат вградено во својот основен дизајн. Ова е затоа што парите бараат камата, носат камата, и се родени од интерес. За да видиме како ова функционира, да се вратиме на основите во финансиите. Парите се креираат кога некој ќе земе заем од банка (или од скоро, замаскирани заеми од некоја друга институција). Долгот е ветување за плаќање на парите во иднината со намера да се купи нешто во сегашноста; со други зборови, по форма позајмените пари се одложено тргување. Добивам нешто сега (купено со парите што се зајмени) и се согласувам да дадам нешто во иднината (добро или услуга кои јас ќе ги продадам за пари за отплата на долгот). Вообичаено банката или некој друг позајмувач ќе се согласи на зајмување доколку има реални очекувања да ги вратите парите; со други зборови, ако има реални очекувања дека вие ќе произведете добра или услуги со еквивалентна вредност. Овие "reasonable expectation" може да бидат гарантирани во форма на дополнително обезбедување, или може да бидат шифрирани во вашиот кредитен рејтинг.

Секогаш кога ќе ги употребите парите, во основа велите “Јас извршив услуга или обезбедив добра со подеднаква вредност од она што го купувам.“ Доколку парите се зајмени, вие велите дека ќе обезбедите еквивалентни добра/услуги во иднината.

Доаѓаме до каматата. Што на прво место ја мотивира банката да зајми пари некому? Каматата. Денес каматата го покренува креирањето пари. Секогаш кога парите се создаваат преку задолжување, потребата од креација на уште повеќе пари е исто така создадена. Сумата на пари мора да расте со тек на времето, што значи дека обемот на добра и услуги мора исто така да расте со тек на времето.

Ако обемот на пари расте побрзо од обемот на добра/услуги, резултатот е инфлација. Ако расте поспоро -- на пример преку забавени позајмици -- резултатот се банкротирања, рецесија, или дефлација. Владите можат да го зголемат или намалат снабдувањето со пари на неколку начини. Прво, може да креираат пари преку зајмување пари од централната банка, или во Америка, од Федералните Резерви. Овие пари завршуваат во банките како депозити, што за возврат им дава на банките повеќе маргина во резервите со која тие може да ги прошират позајмиците. Гледате, капацитетот на банката за креација на заеми е ограничен со барањето за маргинална резерва. Типично, банката мора да држи кеш (или депозит кај централната банка) кој соодвествува на околу 10% од вкупните депозити на клиентите. Останатите 90% може да се позајмуваат, и со тоа да се креираат нови пари. Овие пари завршуваат повторно во банките како депозити, овозможувајќи други 81% од нив (90% од 90%) повторно да бидат позајмени. На овој начин, секој долар како иницијален депозит завршува како нови 9 долари. Владината потрошувачка на пари позајмени од централната банка делува како семе за нова парична креација. (Се разбира, ова е во зависност од вољата на банките за издавање заеми. Во услови на кредитна закоченост како што се случи изминтата недела, банките прават вишок на залихи во резервите и повторуваната инјекција на владини пари има мал ефект.)

Друг начин на зголемување на паричната маса е да се намали маргината за задолжителни резерви. Во пракса ова ретко се прави, најмалку по директен пат. Сепак, во последната декада, разни видови на не-банкарски заеми ја избегнаа маргината на задолжителни резерви, преку иновативната супа од финансиски инструменти за кои слушате по вестите. Резултатот е дека секој долар од оргиналната непристрасност беше омоќен не за девет пати од оригиналната врденост, како во традиционалното банкарство, туку за 70 пати или повеќе. Ова овозможи повраток на инвестициите далеку поголем од 5% или приближно толку достапно од традиционалното банкарство, заедно со “компензационите“ пакети незамисливи и во најлудите сни на алчноста.

Секој новосоздаден долар доаѓа со нов должнички долар -- повеќе од должничкиот долар, заради каматата. Долгот на крајот се ликвидира или со добра и услуги, или со повеќе позајмени пари, кои можат да бидат исплатат со уште повеќе позајмени пари .. но на крај повторно ќе бидат искористени за купување добра или услуги. Каматата мора да дојде од некаде. Позајмувањето повеќе пари за отплата на ратите од долгот само го одложуваат денот на плаќање на сметката со одложување на неопходноста од создавање на нови добра и услуги.

Севкупниот систем од парично нижење на каматите функционира одлично се додека обемот на добра и услуги кои се разменуваат за пари продолжува да расте. Кризата која ја гледаме денеска е делумно поради тоа што креацијата на нови пари беше многу побрза од отколку што беше создавањето на добрата и услугите, и прилично побрзо отколку што беше историски одржливо. Има само два начини за излез од ваква ситуација: инфлација и банкротства. Двата подразбираат деструкција на парите. Актуелното грчење на финансиските и политичките елити во основа доаѓа до залудните обиди да се превенираат обата начини. Нивната прва грижа е превенирање губење на парите преку масовни банкротства, затоа што, на крајот на краиштата, се работи за нивни пари.

На дело имаме многу подлабока криза, криза на созадвање на добра и услуги кои го подвлекуваат почетокот на паричната креација, и тоа е кризата која го донесе на виделина надуваниот балон со недвижностите што сега сите го обвинуваат за тековната ситуација. За да разбереме, да бидеме јасни за тоа што сочинува “добра“ или “услуги“. Во економијата овие термини се однесуваат на нешто што се разменува за пари. Ако сум дадилка на вашите деца без пари, економистот тоа не го смета за услуга. Тоа не може да се употреби за отплата на финансиски долгови. Јас не можам да одам во супермаркетот и да кажам, “Јас утринава го чував детето на соседот, па ве молам да ми дадете храна.“ Но додколку отворам центар за дневна грижа и наплатувам пари, јас создавам “услуга.“ БДП расте и, според економистите, општеството станало побогато.

Истото важи доколку направам сеча на шума и ги продадам трупците. Додека шумата постои и не е достапна, таа не спаѓа во добра. Таа станува “добро“ кога ќе се изгради пристапен пат до шумата, ќе се најми работна рака, направи сеча, и потоа се превезе до купецот. Со преобразба на шумата во трупци, стока, БДП оди горе. Слично, ако направам нова песна и ја споделам без пари, БДП не расте и општеството не се смета за побогато, но ако назначам авторски права и ја продавам, песната станува добро. Или можам да пронајдам традиционално општество кое употребува лековити билки и шамански техники за лечење, да ја уништам нивната култура и ги направам зависни од фармацевтската медицина која мора да ја набавуваат, да ги протерам од нивната земја да не можат да бидат одржливи земјоделци и мораат да купуваат храна, да ја расчистам земјата и нив ги најмам за плантажата за банани -- и Јас го направив светот побогат. Со тоа донесов различни функции, односи, и природни ресурси во сферата на парите; конверзија на социјалниот капитал, природниот капитал, културниот капитал, и духовниот капитал во парични единици.

Во суштина, за економијата да продолжи да расте и за (interest-based) паричниот систем да остане остварлив, се повеќе и повеќе од природата и од меѓучовечките релации мора да бидат монетаризирани. На пример, триесет години порано повеќето од оброците беа припремани дома; денес две третини се припремани надвор, во ресторани или во продавниците за готова храна. Некогаш неплатената функција, готвењето, стана “услуга“. И ние заради тоа сме побогати. Така?

Другиот голем мотор на економскиот раст во последните три децении, грижата за децата, исто не направи побогати. Ние сега сме ослободени од обврската на грижа за нашите деца. Наместо тоа им плаќаме на специјалистите, кои го прават тоа далеку поефикасно.

Во античките времиња забавата беше исто така слободна, партиципаторна функција. Сите свиреа на инструменти, пееја, учествуваа во драмите. Не толку одамна, 75 години порано во Америка, секое помало гратче имаше своја марширачка група и безбол тим. Ние сега плаќаме за тие работи. Економијата расте. Ураааа.

Кризата со која денес сме соочени произлегува од фактот дека скоро да нема повеќе останато социјален, културен, природен, и духовен капитал за претворање во пари. Векови, милениуми на безмаку непрекинатото создавање на пари не направи скудни и сиромашни да веќе немаме што да продадеме. Нашите шуми се оштетени далеку од можна поправка, нашата почва е осиромашена и испрана во морињата, рибниот фонд изловен, заситен е подмладувачкиот капацитет на земјата за рециклирање на отпадот. Нашето културно азно од песни и приказни, слики и икони, е ограбено и лиценцирано. Секоја умна фраза на која може да ви текне веќе е трејдмарк слоган. Нашите баш човечки релации и способности ни се одземени и наново продадени назад, така да сме зависни од незнајници, и со тоа од пари, за стварите за кои до неодамна малкумина од човештвото било кога платиле: храна, засолниште, облека, забава, грижа за децата, готвење. Самиот живот стана потрошувачка ставка.

Денес ги продаваме последните остатоци од нашето божествено постоење: нашето здравје, биосферата и геномот, дури и нашите умови. Во наше време овој процес ја доживува кулминацијата. Тој е безмалку завршен, особено во Америка и во “развиениот“ свет. Кај светот во развој се уште постојат луѓе кои забележително живеат во култури на дарување (gift cultures), каде природната и социјалната благосостојба се уште не е предмет на поседување. Глобализацијата е процес кој заграбува по оваа сопственост, за да ја подмири ненаситната машина за пари, егзистенцијална потреба за раст. Сепак ова копачење по земјата на другите исто така е трка наспроти нејзините граници, од една страна, затоа што нема ништо повеќе за земање, од друга, заради растечките џебови на ефективен отпор.

Резултатот е дека снабденоста со пари -- и соодветниот обем на долгови -- веќе неколку децении го надминува производството на ветените добра и услуги. Тоа е длабоко врзано со класичниот проблем на преснабденост во капиталистичките економии. Марксовата криза на капитализмот може да се одложува во иднината се додека изградбата на нови високо-профитабилни индустрии и пазари можат да ги искомпензираат опаѓачките профити фатени во магичниот круг на опаѓачки наемнини, депресирана потрошувачка, и прекумерно производство на зрелите индустрии. Континуитетот на капитализмот каков што го знаеме зависи од бесконечното снабдување на овие нови индустрии, кои во суштина мораат да претворат во пари нови и нови кралства од општествен, природен, културен и духовен капитал. Проблемот е во тоа што овие ресурси се конечни, и колку поблиску се до исцрпеност, толку црпењето станува помачно. Така да, истовремено со финансиската криза имаме и` еколошка криза и здравствена криза. Тие се блиску поврзани. Ние нема да можеме уште многу од земјата да претвориме во пари, или уште многу од здравјето да претвориме во пари, пред самата основа на животот да биде загрозена.

Соочени со исцрпеноста на не-монетарните општи добра што се конзумираат, финансискиот капитал се обиде да го одложи неодложното со сопствената канибализација. Dot-com балонот од доцните 90ти покажа дека продуктивната економија не може повеќе да го одржува чекорот со растот на паричната маса. Многу од прекумерните пари лутаа очајнички наоколу, барајќи места каде ветените и очекувани добра и услуги би можеле да се спасат. Така, за да се одложи неизбежниот крах, FED ги скастри каматните стапки и ја олабави монетарната политика за да овозможи старите долгови да бидат исплатени со нови долгови (порадо отколку со реални добра и услуги). Новите финасиски добра и услуги што се појавија беа шупливи, рачна работа на раширеното измамничкото сметководство од систематски размери.

Очигледно, праксата на позајмувањето нови пари за да се отплати каматата од старите долгови не може долго да трае, но тоа беше она што економијата како целина го правеше во изминатите десетина години. За жал, едноставното запирање на оваа практика нема да ги разреши базичните проблеми. Колапсот неизбежно доаѓа. Владиниот план за емство во најдобар случај ќе го одложи за година или две (кој знае, можеби до 2012), доволно долго за големите играчи да ги префрлат своите пари на сигурно. И покрај тоа, тие ќе откријат дека нема доволно сигурно засолниште. И кога доларот ќе го загуби стасусот на засолниште (што ќе се случи со поголема предодреденост кога владата ќе ги превземе старите долгови на Wall Street), може да очекувате капиталот да ги брка базичните продукти во инфлаторна трка пред дефлаторната депресија да го завземе местото. Доколку кредитното замрзнување ги надвадее владините инфлаторни мерки, депресијата ќе дојде дотолку поскоро.

Сегашната ситуација е всушност финалната фаза од она што започна во 1930те. Суксесивни решенија беа применувани за фундаметалниот проблем на држење чекор со паричната експанзија, како со каматните стапки, и истото беше исцрпено. Првата ефективна солуција беше војната, постојана состојба од 1940. Нуклеарните оружја и промената во свесноста кај луѓето ја лимитираше оваа солуција со непрекината воена ескалација. Останатите солуции -- глобализацијата, технолошки-овозможен развој на нови добра и услуги за замена на човековите претходно некомерцијални функции, и технолошки овозможениот грабеж на природните ресурси кои претходно беа недостапни, и конечно финансискиот авто-канибализам -- се движеа по слична патека. Единствено доколку постојат нови простори со богатства кои не сум ги зел в предвид, и ново продлабочување на сиромаштијата, мизеријата, и отуѓување во кое би можеле да западнеме, неизбежното нема да може долго да се одложува.

Во пресрет на надоаѓачката криза луѓето често прашуваат што може да сторат за да се заштитат себеси. “Да се купи злато? Складира конзервирана храна? Изгради фортифициран имот во некоја далечна област? Што да се прави?“ Би сакал да предложам поинаков тип на прашање: “Која е најубавата работа што можам да ја направам?“ Гледате, бурата што надоаѓа нуди исклучителна можност. Дефлацијата, уништувањето на парите, е категорично зло само ако креацијата на парите е категорично добро. Сепак, може да се види од примерите кои ги дадов дека креирањето на парите на многу начини сите не осиромаши. Така да, деструкцијата на парите има потенцијал да не збогати. Тоа нуди можности за враќање назад на изгубеното општо добро од кралството на парите и сопствеништвото.

Ние фактички гледаме дека тоа се случува при секоја економска рецесија. Луѓето не можат повеќе да платат за разни производи и услуги, и наместо тоа морат да се потпираат на своите пријатели и соседи. Таму каде трансакциите не се извршуват со пари, се пројавува економијата на давње и се креира нов вид на пари. Вообичаено, и покрај тоа, луѓето и институциите гризаат и гребат со нокти тоа да го спречат. По навика првиот одговор на економската криза е да се задржат што повеќе пари -- да се забрза претворањето на било што во пари. На системско ниво, напливот на долгови генерира огромен притисок за комодификација на задничкото добро. Тоа може да го видиме преку повиците за дупчење по нафта во Аљаска, започнатите длабокоморски бушотини, и така натака. Сега е времето, и покрај тоа, за искрени почетоци на обратниот процес -- да се отстранат стварите од кралството на продукти/услуги, и да се вратат стварите во кралството на дарувањето, реципроцитетот, само-одржливоста и комунално споделување. Забележете си добро: при валутното пропаѓање ова секако ќе се случи, како што луѓето ги губат работните места или пак осиромашиле за да купуваат производи. Луѓето меѓусебно ќе си помагаат и ќе изникнат вистински заедници.

Во меѓувреме, било што да направиме за да заштитиме некои од природните и социјалните ресурси од паричната конверзија ќе го забрза колапсот и ќе ја ублажи острината. Било која шума која ќе ја сочуваме, било кој пат кој ќе го сопреме, било која кооперативна група која ќе ја формираме; било кого што ќе го научиме на самоизлекување, или да изгради своја куќа, да го готви своето јадење, да шие своја облека; било кое добро кое ќе го креирате или додадете во јавниот домен; било што што ќе ставите вон-лимитот на машината што го голта светот, ќе допринесе да го скрати животниот век на Машината. Размислете за ова на следниот начин: ако не зависите од пари во одреден дел од животните неопходности и задоволства, тогаш пропаста на парите за вас ќе претставува многу помала тешкотија при транзицијата. Истото се однесува на социјалното ниво. Било која мрежа или заедница или социјална институција која не е погон за конверзија на животот во пари ќе го поддржи и збогати животот по парите.

Алтернативниот паричен систем би се заснивал на взаемно кредитирање и лежарина, кој не ја придвижува претворбата на сето она што е добро, вистина, и убавина во пари. Тоа допринесува за фундаментално поинаков човечки идентитет, фундаментално поинакво чувство за себството, од она што денеска доминира. Нема повеќе да биде вистина дека повеќе за мене е помалку за тебе. Идеологијата на непрекинати добивки не доведе до ова дереџе да вапеме за здив. Оваа идеологија, и цивилизацијата изградена на неа, е она што пропаѓа денес.

Индивидуално и колективно, се што ќе напавиме за да го сопреме или одложиме колапсот ќе ги направи работите полоши. Па запрете со отпорот на човечкото битисување. Ако сакате да ја преживеете повеќезначната криза што денес се размотува, не барајте го опстанокот. Тоа е состојба на умот на сепарација; тоа е отпорот, грчевито држење за одумирачкото минато. Наместо тоа, дозволете си перспектива на промена кон реобединување, и размислувајте за она што може да го дадете. Што можете да допринесете за поубав свет? Тоа е вашата одговорност и вашата единствена сигурност. Дарбите кои ви се потребни за опстанок и задоволства ќе ви дојдат лесно, затоа што она што го правите на светот, го парвите на себеси.

svetulki

Автор нa есејот Money and Crisis of Civilization е Charles Eisenstein.

Tags: , , ,

Leave a Reply