Новиот публикуван извештај, Media and Child and Adolescent Health: A Systematic Review, кој во себе ги содржи резултатите од студиите на Yale University School of Medicine, National Institutes of Health и California Pacific medical Center наоѓа дека изложеноста на медиумите го загрозува детското здравје на подолг рок.
Би рекле ништо ново, но како родител не можев да ја прескокнам веста од Eco Child`s Play - Childhood Obesity, Smoking, and Sexual Activity Linked to Media Exposure.Извештајот кој прави преглед на најдобрите 173 истаржувања од последните триесет пронаоѓа дека просечното дете од денешницата поминува близу 45 часа неделно со телевизорот, филмови, магазини, интернет, мобилни и видео игри. Како за споредба, детето во неделата поминува просечно 17 часа со неговите родители и 30 часа на училиште. Ејзекајл Емануел од американскиот Институт за Национално Здравје вели, дека, резултатите јасно покажуваат силна корелација помеѓу изложеноста на медиумите и долгорочните негативни ефекти по здравјето на децата.
Разгледувани се седум здравствени исходи: ADDH, вгоеност, слаби академски постигнувања, пушењето цигари, употребата на дроги, конзумирањето алкохол и сексуалното однесување. Како најголем медиумски штетник е посочено гледањето телевизија, или, најсилната врска е пронајдена кај гледањето телевизија и здебеленоста.

Да прокоментирам малку околу презентираната есенција од статијата со ширакоградо самододелена толковна слобода. Веднаш ми паѓа во очи опсегот на истражуваните здравствени исходи пред се поврзани со психичкото здравје, и потоа од тоа како секундарно произлезено загрозеното физичко здравје на децата. Тие се движат до обете крајности, од отстапувањето во психо-пасивност како во случајот со гледањето телевизија, до граничната потреба од психо-активност како во случајот со употребата на дроги. Здравствените проблеми во најголем дел директно се однесуваат на проблемот со зависностите. Во крајна линија, не само заради раширеноста и секојдневната детска изложеност на медиумите, прашањето може да го сведеме на општествен проблем произлезен од доминантата глобална култура која ги надминува националните граници.
На друго ниво, прашањето не е само прашање на квантитетот - долготрајната медиумска изложеност, туку на квалитетот - медиумската содржина и структура. Секојдневни теми на муабет се потрошувачките рекалми со сексуални пораки, насилните цртани филмови, телевизиското величање на глупоста или прилозите од кич магазините. Жолчноста и податливоста на дискусијата околу медиумските содржини може да понуди исклучително многу во разбирањето на приодот кон прашањето на заинтересираните страни и понудата на решенија. Преовладуваат повиците за повеќе контрола, фина системска регулација, јакнење на институциите, или кога работите далеку ќе забраздат, за интегрален пристап, работа со локалните заедници и на микро план работа со семејствата. Но како да се толкува ситуацијата кога во најбогатите, најмоќните, во земјите со најмногу ресурси и институционален капацитет, состојбата со загрозеното детско здравје нарушено од медиумска изложеност нималку не е подобра од онаа во останатите земји. Со тоа ова прашање може да се приклучи кон низата на апсурдности и вистински нерешливи прашања на доминатната култура, како, загадувњето на околината, климатските промени, исчезнувањето на животните видови ...
Тоа што најкревките, најмалите, нашите идни, се долгорочно здравствено загрозени е само симптом на болеста на општествено-културниот живот. Ако медиумската изложеност претставува културна изложеност, тогаш македонците како еврпоски рекордери во гледање телевизија дополнително треба да се запрашаат за својата психо-пасивна зависност која води до културен дебелизам. Не сме деца, ама поради јасната корелација на дебелоста и гледањето телевизија ми се чини оправдан симболичкиот чин на масовно кршење на телевизорите како излез од менталната неподвижност предизвикана од претераната политичко-партизерска изложеност.
Tags: деца, зависност, изложеност, медиум
проблем за кој крајно време е да се обрне посебно внимание.
она што почнав да го начнувавм во некои мои увиди.
туку... направи некоја играчка?
абе за тепање сум .. играчки тогаш не направив .. оправданието ко и секогаш - имаше неодложна важна работа
.. но еве се поправам .. секој ваков текст ме самопобудува на повеќе и квалитетно поминато време со децата .. вчера беше таков ден
ако не со кршење на телките(што не е лоша идеа),можеме барем со пример
да им потпомогнеме на децата
т.е. ние (родителите) подома да не гледаме тв.
кај мене барем мислам дека функционира примерот
-десетина години го игнорирам то ѓурулти кути
а и останатите исто така ( +/- во % )