Ставен во дилема дали да ги подржувам и оправдувам владините кампањи за одредени општествени прашања, или да се приклучам кон опозицијата во обвинувањата за претераното трошење пари за во основа политичките кампањи на владата, се одлучив за нешто трето. Инспириран од Roger Doiron и неговата кампања „Eat the View“, која бара тревникот пред Белата Куќа да се претвори во градина, се одлучив да терам слична сопствена домашна кампања за тревникот пред владата да се претвори во градина. Кампањата ќе оди под кечи името - Владина Градина.
Кампањите од овој вид обично добро проаѓаат за време на големи кризи, така да, тајмингот сигурно ќе биде погоден. На пример, Елеонор Рузвелт во 1942 тревникот од Белата Куќа го претвори во градина со што даде пример на милиони американци за време на Втората Светска Војна да го сторат истото, за да кон крајот на војната 40% од свежата храна во Америка се собира од сопствениот двор. Со локалниот приод кон одгледувањето на храната се избегнува километражата за превоз и употребената енергија за преработка. Храната е сочна, свежа, вкусна и на дофат на рака. Ако притоа се пристапи кон органскиот начин на градинарење и се прифатат понекои од принципите на пермакултурата, тогаш придобивките ќе бидат уште поизразени.
Но бидејќи се работи за Владина Градина, нема да биде кусок ако се истакнат некои од економските погодности од кампањата: намалување на трговскиот дефицит со намалениот увоз на храна, заштеди во енергетскиот биланс, заштеди во домашниот буџет, и да не говориме за подобреното здравје на граѓанството. Во Валдината Градина по секоја цена не мора да се најдат доматите, краставиците и пиперките. Наместо конкуренција на струмичани, може да се насади бамија, ретки сорти на грав, од овошје - круши, како и други дефицитарни замјоделски производи. Имиџот и политичките поени со правовременоста на кампањата се гратис, затоа што без сомнение Обама во некоја форма ќе ја прифати оваа идеја.
Ако поради самопрегорност и презафатеност со државнички работи Груевски не може со личен пример да ја турка кампањата и градината, тогаш по примерот на Елеонор таа улога би можела да ја превземе Бранкица. Во случај да се појават некакви потешкотии спремен сум да помогнам со споделување на знаење или како работна рака во замена за малечок дел од бербата. И, за забрзување на кампањата и покажување доза (не)сериозност можам да излезам во пресрет на кампањата со предлог локацијата за Валдината Градина.
Скоро сум сигурен дека кампањата “Владина Градина“ ќе биде подржана од опозицијата и останатите домашни општествено-политички чинители, ако не за друго туку заради мерливоста на градинарските плодови. Не знам зошто, но веќе ми се јавува сликата како Макрадули сади тикви, Бучковски како кове колци за врзување домати, како Ставревски отворил фарма со ноеви, Љубчо како бере бостан, Ѕинго како оре со волови во тазе овоштарникот со јапонски јаболка. И дипломатскиот кор во земјава сигурно ќе ја поддржи кампањата, Фуере веројатно со компостирање, а Рикер со одгледување шитаке печурки во слободниот подрумски простор од новата американска амбасада.
За жал, поради недостаток на финансиски средства ќе го позајмам промотивното видео од Роџер со кое тој ја туркаше сопствената кампањата "Eat the View".
пс. Овците на крајот од видеото се пука случајност
Хахахахаха!!! Браво за идејава!!!
А покрај набројаните економски придобивки (намалување на трговскиот дефицит, заштеди во енергетскиот биланс, и сл), би додала тука уште еден бенефит - да не умреме од глад!
Со ваква политика и раст на цените (погледни ги само цениве по пазариве: во Веро е поефтино да купиш марула отколку на Буњаковец! Да се разбереме, не е за се' виновна светската рецесија и цената на нафтата), секој од нас да си има по една градина дома со пипер, палиџан, и сл, не би било лошо....
Додуше ние веќе имаме пар саксии со феферонки на балкон, па еве нека биде тоа пример и за сите граѓани да ја поддржат оваа благородна иницијатива
Се разбира дека ја поддрувам оваа идеја, со тоа што би дополнил (т.е. ќе дадам амандман, како што се научени да разговаат тие што ќе поминат само 24 часа во Парламентот или Владата) дека градината ВО НИКОЈ случај не би требало да биде оградена (кој спомна бодликава жица?), обезбедувањето да внимава само на оние што донесуваат/поставуваат(?) некакви работи/предмети во близина на Владата а граѓаните (па и селаните, з`ш да не!) слободно да можат да берат од плодовите, под услов тоа да биде во умерана количина, не повеќе од онолку колку што може да се товари на точак. (Дополненителен предлог: Цацко да биде почесен чувар на паркингот за точаци)...
Предлозите се добредојдени .. по тоа ќе може да се види колку една кампања инспирира и “фатила корен“ меѓу граѓанството .. промовира домаќинлак и здрав натпревар .. проверлива е на лице место .. па кој потоа би можел да обвинува дека власта лета во облаци кога Владината Градина ќе сведочи за приземноста ..
..
... само да не се заборави
20 % од градината да биде ослободна за садење кадаиф и тулумби
а како да ја заборавиме слободата на избор на културата што ќе се сади .. нема запоставување на тоа прашање .. луѓето сами нека одберат што им чини што не им чини .. ќе видат, ќе пробаат, ќе вкусат .. не смее да има директиви во оваа градина ..
Убаво е и смешно и весело, само некако пак ми се стега срцето. не знам зошто, ама неодоливо ме потсетува на онаа сцена од “Кабаре“ каде што пеат младите нац-соц-фашисти и заклучокот “батали ги, не се опасни“.
Манипулацијата добива огромни размери, а масата од народ која е недоволно едуцирана, или нема соодветни информации или е заплашена или едноставно апатична претставува плодно тло за развој на неверојатни култури.
со речникот на пермакултурата тоа би била монокултурниот начин на земјоделие .. секое друго растение и животинче се прска со отрови и се плеви .. индустрија и механизација .. почвата се умутрвува .. наспроти тоа градината и симбиозата на повеќе култури ..
.. интересно поклопување
.. само јас повеќе кај “неверојатните култури“ би ставил акцент на монокултурната карактеристика ..
Илустративно надополнување од Wired на темава има во специјалнит дел наречен: The Future of Food: How Science Will Solve the Next Global Crises
градина-владина,неминовно беше да се фати од мајтап страна(знам дека ти е јасно)
на нивниот имиџ перфектно би им одговарала ГМО-градина(некоја у.с.а. соја нимоја нитвоја)
НО да не забаравиме дека во таа зградурина има место и за пермакултурата,можат да произведуваат био гас од вецињата барем колку за пола скопје да се грее
произведуваат,на големо произведуваат био маса...
мајтапо насрана,но дали можи кај нас да се обезбеди тој суштинскиот мост помеѓу филозофијата и вештината на пермакултуралистот и заедницата во која овие вештинини можат да бидат најефектни во креирањето на новиот начин на егзистирање ...
некој треба да започни(а земјава наша плачи осамено)
брат,мир
Фала Дарко .. информативно ..
Ех Flebur .. јак муабет ми вадиш .. дали може .. и баш така - некој треба да започни оти без тоа муабетот и добрите намери сигурно ќе останат само на добри намери .. ќе треба кураж, подршка, заедница, истрајност .. земја има, плаче за нас .. оти како ја сторивме безживотна пустина така треба долгот да си го вратиме назад со метнување семе на живот во неа ..
како беше она-за да приготвиш омлет сака и некое јајце да се скрши
без перма-револуција (барем во нашите заспани умови) нема пермакултура
ко шајки не закоја-до даске
и немаат абер да престанат
и по овија градојве_ко шо викаше никодин:
отровните мушички ни ја исцицаа сета душа
па та пискотницата од големите мажи и женки(оглувеф)
-по то височинине не дека нема мушички
ама не се толку крволочни(до даске)
не е лесно да се остави (наметнатата) удобност?...
нема време за долгорочни стратегии
времето истече
пермакултурата има заднички принципи и етика, но спецификите доаѓаат со локалниот терен .. па и со умот ќе е така .. кај оние татковците од Австралија или генерално од западните земји и културните условија се инакви од оние во Индија или Филипините .. има кај нас некое културно катинарче шо треба да отклуча .. тоа клучето шкљоц-шкљоц да праи ко подмачкано .. елементи на пермакултура на ова тло имало и има до ден денеска .. има и практиканти на тие елементи .. она што фали, ми се чини, е сите тие принципи и етичката база да се вообличи во нешто повеќе, животен стил и потреба .. и да фати корен на одредено парче земја, па отаму да зрачи како показ ..
.. дека мушичките цицат и црв граѓаните ги јаде јет познато .. удобноста се поеќе ќе е замислена удобност .. инерција на имагинацијата .. затоа показот и приказот јет битен .. а време нема .. се ми се чини ќе мора прекутрупа и во последен час да се делува ..
нешто натака ми бега умо по вија прашања ..
тие од австралија си знаат за таму,ние за ваму
а катанчето мора и сигурно функционира
-кључето е во крвта твоја/моја/негова...
животен стил и потреба .. - објаснува многу,се`
а умооо,да ти кажам право `натака` ми бега уше пред деценија-две,уште во времето кога ми/ни беше преудобно,односно слични теми сме ги преџвакувале...
-една мала група на ` анархисти ` ........
тоа возот оди у двата правца .. Битола-Скопје или Скопје-Битола .. повод има и прилика ќе излези за лаф муабет ..
мир Фљамбуре!
џаман, шала на страна, идеава ти е супер.
))
))
ете, јас сум веќе докажано најголемата `селанка` на блогерај хехе, ама само ти ме сфаќаш
која се залага за оплеменување на луѓето преку контакт со природата, ама онака конкретно, преку идеата секој да има своја градина со сопствени култури, а зошто да не и по некое животинче, пилиња на пример.
кога пред некоја година идеава ни зрееше, онака со некои луѓе што сме на слична фрекфенција, врска немавме од ништо, ама нешто ќе најдеш да прочиташ, нешто од пракса, и вака така, успеваме да одгледаме генетски немодифицирани зеленчуци. Башка има многу згради каде на покривите може да се одгледуваат многу култури, ем на високо воздухот е почист. Ваму кај владава смрди воздухот од тоа петљата пред мостот. Ете, одма карши е градси зид - идеален е за бавчи по покривите.
бтњ, ја памтиш Типи
http://lotosot.blog.com.mk/node/176343
хех како не ја паметам .. Типи во урбана акција на герила градинар .. некој запоставен и руиниран урбан простор се трансформира од урбаната герила во зелена градина со вкусни домати, на пример .. кажи кога да дојде Машмен наоружан со лопатка и хумус
от бе возојте,таму-ваму ваму-таму
ај можи другиден,четврток кај халф на промоцијата
да се вијме и чујме
ај таму ќе сум ..
[...] е пренесен запис од ZTVK.crnaovaca.mk (има таму интересни коментари) датиран на 6 Декември 2008 [...]
[...] запис ZTVK.crnaovaca.mk (има таму интересни коментари) е датиран на 6 Декември [...]