Sine-wave говор

Sine-wave speech (син-брановиден говор) е форма на вештачки разложен говор. За подобро разбирање веднаш да одиме со демонстрација.

Најпрвин слушнете го следново:

Звучи како марсовски говор, некакво свиркање или како нерзарбирливи звуци од вселената. Но сега послушајте го ова:

Видоизменетата и деградирана аудио снимка со син-брановидниот говор е непрепознатлива ако се слушне без почетната снимка, но во обратниот случај е прилично разбирлива. Експериментот се посочува како одличен пример за перцетпитивната проникливост. Мозокот преку понудената звучна патека учи како непрепознатливите звуци да ги восприеми во нешто сосема разбирливо.

Понекогаш кога ќе разглобувам и истражувам некое прашање од непознатите далечини добивам “марсовски говор“ како одговор. Со задлабочувањето поедини зборови стануваат јасно препознатливи, та дури може да се врзат неколку зборови во низа. Но нема полни реченици. Ја нема сета приказна. И останувам со начулените уши, со неслушната и неразбирлива приказна.

Понекогаш таа состојба ми збоктисува. Започнувам да правам гримаси и да си играм со “малите зелени“. Скокаме и се тркаламе. Се забораваме во играта за на тлото да се исцрта патеката од нашите стапки. Се обѕирнувам преку рамо за да заклучам дека иднината станала минато. Некој одново ми чепкал по касетофонот.

Tags: , , ,

4 Responses to “Sine-wave говор”

  1. Јован says:

    Мала корекција за „син-брановиден“:

    sine-wave: http://en.wikipedia.org/wiki/Sine_wave

    Синусоиден (бран).

  2. seelenluft says:

    Јако е нема збор :)
    Многупати сум се запрашувала зошто добиваме `марсовски одговори` без целосна приказна, или попрецизно кажано, одговори кои може да се толкуваат на овај или дијамтрално спротивен начин...
    и незнам дали повеќе сум ги извежбала одговорите што ги добивам како слика одколку како звук (баш чудно), бидејќи жабата ми изгледаше како многу прониклив одговор

  3. seelenluft says:

    и да, ;што велиш дали е синхринизирана семантиката на синхроницитетот и син- говорот (синосоидниот говор) ? ;)

  4. Џаман says:

    Благодарам Јован за дополнувањето .. може и корекција .. име еден генерален проблем кога сакам да пишам, еве нека биде за некој научен феномен или појава, а нема претходно никакви резултати од пребарувањето .. обично ќе изгуглам или “најдам“ или “боргирам“ и нема ништо од поимот .. па потоа треба сам да бидеш кум иако не секогаш ја посакуваш таа улога ..

    .. па така синусоиден говор не ми пасуваше некако за поимот .. син-брановиден некако повеќе ми лежеше .. има тро мајтап и тро суштина .. син-како син на мајка, изведен и преобразен од оригиналниот бран .. и син-како плав, оти синиот говор го кажуваат малите зелени од црвената планета .. и така мора да срчнеш па ако нема ништо може и да се прости на кумот :)

    Силе тоа звучниот домен на експериментот е некако поприемчив за објаснување .. и визуелниот е интересен - тоа жабата не ја препознав :) .. трасирањето патеки за разбирање на некој си говор кој може да биде синтетички или пак може е природен .. несовршени сме за потполно разбирање на брановите кои доаѓаат и се удираат од нас, а сепак сме совршени за битисување .. па така синхронизираната синтетичка семантика која е составена од искршени синусоидни бранови може да се разбере ако патеката во умот претходно била изгазена .. за другото - непознатото, остануваат фрагменти од брановите кои можеби со помош на симболичко значење и имагинацијата сами си ги толкуваме ..

Leave a Reply