Газпром ги покажува енергетските мускули

Паѓањето на живиниот столб во балканските термометри дојде заедно со прекинот на испораката на природен гас. Јавно познатата причина е препирката помеѓу Русија преку Газпром како снабдувач на гасот и Украина преку Нафтогаз како пренесувач на близу 80% од рускиот природен гас со кој се снабдува Европа. И како по некое непишано правило, Балканот е прв на удар.

Бугарија, Србија, Македонија, Хрватска, Босна, Романија и Турција, некој повеќе - некој помалку, директно први ќе ги почувствуваат мускулите на Газпром преку минусниот енергетски биланс. Се разбира, прекинот и намалувањето на испораката на природен гас не се исклучиво балканска состојба, но веќе е извесно, последиците најбрзо ќе се почуствуваат токму тука.

Проследете ги информациите што доаѓаат од источниот сосед: Парното отслабна, индустрия и транспорт в колапс и Руският газ секна, България пред енергиен срив. Енергетската состојба е алармантна. Парното по бугарските домови, градинките, училиштата полека се лади, индустријата го запира производствениот процес, електричната мрежа се преоптоварува. Топлината наполно исчезнува таму каде е неможно да се прејде на мазут или на некое друго алтернативно гориво. Со студените простории доаѓаат и гневот, обвинувањата и барањето одговорност. Софискиот градоначалник за Фокус ќе изјави, “Те вчера казаха, че няма проблем. В България няма кой да се бунтува заради тези проблеми. Договорът между България Русия беше сключен в един пиано бар и се вижда какво са написали в него. Така е написан, че в него няма никакви гаранции. Сега започват популистките изказвания, че ще се пуска АЕЦ-"Козлодуй.“

Слична е ситуацијата кај северниот сосед. За тамошната ситуација преку статијата на Б92 и нивниот видео клип.

Турски Хуриет вели оти се одбива барањето на Грција за дополнителни количини гас преку Плавиот Поток, а грчките званичници смируваат со резервите и најавите за скорешна алжирска испорака на течен гас. И кај нас нема гас, но затоа има состаноци и изјави оти сме к`сметлии заради малата потошувачка на природен гас.

За разбирање на позадината, контекстот и руско-украинската поврзаност на повторливите гасни недоразбирања ја препорачувам статијата од European Tribune. Можеби авторот е во право и гасот набрзо ќе потече низ цевките. Можеби европскиот поглед низ мразулците, и особено балканскиот, со секнувањето на гасот јасно треба да ги види покажаните руски енергетски мускули. Само на кратко пред мразот сосема да ги замрзне прстите со кои треба да се потпише зад Јужниот Поток. Со гневот на смрзнатите граѓани зад грб кој би можел да најде замерка на европската и балканската бизнис претприемчивост - прв дојден, прв услужен.

Tags: , , , ,

3 Responses to “Газпром ги покажува енергетските мускули”

  1. Dame1612 says:

    Моменталните нафтоводи и гасоводи низ кои транзитира гасот се направени за време на советската ера . Во тоа време низ целиот источен блок се изградија гасоводи и нафтоводи .

    Интересна е приказната за нафтоводите . Нивната приказна започнува така што тогашната советска власт предвидува дека при евентуален напад од запад , прва цел ке бидат снабдувањето на советската армија со енергенти . За таа цел низ цела тогашна источна европа прави мрежа од нафтоводи кои и во случај на уништување на некои од нив ке можат да ја снабдуваат војската со нафта ( воглавно за тенковските единици да бидат мобилни и да нетреба по копнен пат да се снабдуваат со нафта) .

    Во мирнодопски услови овие нафтоводи и плиноводи ги користи индустријата .

    Во денешно време токму оваа воена инфраструктура и ја врати моќта на Русија . Бескрајни енергетски ресурси , атомска енергија , гас од Каспискиот регион , нафта од Сибир . И што е најважно моментално Европа е за нив детска играчка .Важен им е истокот .

    Плинот и нафтата планираат да не одат за европа него за Кина . Моментално е во градба нафтовод и плиновод за 2 милијарди Кинези .

    Изгледа Русија се враќа на сцена . Сега предвидувам дека ке ги урне овие демокративе во Србија и ке се врати на Балканов . Се пизвесно е дека ке го вратат Коштуница на власт и дека ке се инсталираат како противтежа на Американците на Косово .

    А се знае кој ја контролира Србија го контролира Балканот . Србија со Руска помош може да стане генератор на прекројувања и вечна криза ........ НАТО ја имаше својата шанса на Балканот , наместо со помош на Србија без проблем да го контролира Балканот , избра погрешни сојузници .....

  2. Џаман says:

    Тоа дека ќе се пренасочи природниот гас од Европа кон Кина е безмалку неверојатно .. веќе изградена скапа инфраструктура, далечина, постоечки пазар и економски врски .. може новите сибирски наоѓалишта да бидат енергетски извор за Кина, но и тоа откако убаво ќе платат за нафтата и гасот .. во 2009, за неколку месеци се очекува стартот на огромното гасно поле Сахалин 2 од далечниот руски исток кој ќе ја снабдува Азија со течен гас .. можеби со полниот капацитет на Сахалин 2 се смешка и гасниот ОПЕК ..

    .. инаку Даме политиката, особено геополитиката, е заебана работа .. ние може да си правиме муабет и отвориме тро дискусија, нема проблем .. само некако повеќе сум настроен за фаќање на специфики и клучни состојки .. кај вкупната слика не би бил категоричен или дефинитивен ..

    .. ама па кај нас врие од аматери .. што да кажеме за тоа .. еве Бесими Фатмир ..

    .. вчера изјавува - “Во нашата економија нема да има сериозно влијание имајќи предвид дека Македонија во моментов и така е мал потрошувач на гас, значи само 26 компании користат гас, и тоа околу 170 милиони кубни метри. Меѓутоа имајќи предвид дека сите тие имаат инсталации и за користење на мазут како енергенс, тие можат во рок од 24-48 часа, тие се флексибилни, да се пренасочат да користат мазут.“ ..

    .. а денес - http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2009/01/090107_naumgas.shtml

    Во меѓувреме, компаниите кои го користеа гасот како енергенс се префрлија на мазут, освен Макстил и 11ти Октомври, информираше во разговор за ББц министерот за Еконимија Фатмир Бесими.

    „Кај овие компании се очекуваат економски импликации, бидејќи имаат договори и определени рокови за испорака. Не може да се каже колку од македонското стопанство зависи од гасот, но сепак, се работи за големи импликации бидејќи еве две компании не можат да работат воопшто. "

  3. alalaycle says:

    Оценка 5, базару ноль

Leave a Reply