Како се жнее дождот? Како се жнее вода? Најдобро е да се погледне. Видео приказ на основните пермакултурни концепти за жетва на дождот. Ве препуштам на Brad Lancaster од harvestingrainwater.
Можеби изгледа отповеќе едноставно, упростено, голо. Но си имаме ние такви предели. Запустени голетини, што човечки, што просторни. Без разлика колку дожд, или добрина, да паѓаат на нив, или до нив, само на кратко ќе бликне животот прибирајќи мал дел од божјите сокови, за грото да се отфрли, спере, стрмоглави. Ако е до градбата, не е до рељефот. Затоа, батал на големите идеи, преместување брда и планини, кротење на цели реки, длабење до утробата. Може си бара повеќе од широкото суптилно делување на микропросторот.
Каде е кладенчето? Каде има изворче?
Па добро, може не треба скенирање и толку загледување под нозете. Со малку набљудување, малку дофаќање, би можеле да разбереме оти, ако пие таа, ќе пиеме сите.
Tags: вода, дожд, дождовница, жетва