Како што метеоролозите го прогнозираат времето, така Gerald Celente прави прогноза на трендовите. Можеби посоодветна аналогија би било Џералд Селенти да го наречеме климатолог на општествените појави. Она што на локалниот прогнозер му бега и не може да го согледа, не дека непосредната околина и местоположба нема влијание, сепак на подолг рок, првенствено зависи од трендовите и циклусите во високите орбити. Па така првите налети од деценискиот поларен бран за селскиот крчмар и неговата пијана имагинација, или за локалниот лихвар и неговото набабрено чекмеџе, се доживуваат како карткотрајно заладување, минлив студ, кој може да се премавне со уште неколку екстра чашки за загревање, или со љубовта кон ушпараната девиза за сметка на ненабавениот огрев.
Кога кралицата ќе обзнани Annus Horribilis од поданиците се очекува дополнително згрбавување за да го изнесат балот на кралската свита на свои плеќи, но кога политичкиот атеист ќе најави Frigus Horribilis од поданиците се очекува насобраниот гнев и незадоволство малку да ги подисправи за да ја согледаат сопствената ситуација и со тоа да го растурат аристократсиот бал.
Џералд Селенти прогнозира бунтови, немири, револуција. Можеби. Сепак Селенти има добри прогнозерски сведоштва зад него. Погаѓа човекот. Да расчистиме уште една работа. Ситуацијата во нашиот атар не е еднозначна. Поларните студови се глобални и ќе ги зафатат и најзафрлените делови на светот, не пак нас кои се наоѓаме на магистралата исток-запад. Микроклимата ни е специфична. Шаренолика со регионални примеси. Но затоа, потоа.
Tags: Џералд Селенти, прогноза, Gerald Celente, револуција, тренд
настрана од тоа што се` уште сметам дека обама ќе биде најголемото американско (и светско) разочарување по однос на сите надежи сконцентрирани во него што ќе ги изневери, не само оти ми се чини дека тој е позаинтересиран за тоа како нештата (ќе) изгледаат, не само оти е позаинтересиран за историскиот товар што го носи, пораките што ги дава, имагологијата што ја создава, впечатокот на визионер и познавач на „решенија“ применувани претходно во историјата од мудри политичари и водачи, ми се чини дека премногу е влезен во таа игра, дека по се` изгледа нема план (и веројатно идеја) како да се справи со моментната ситуација ами се обидува да даде одговор и решение на веќе настанати ситуации/ проблеми и да пополнува „дупки“; сепак имам впечаток и дека вклучувањето на важен дел од бушовата администрација е некаков план кој ќе функционира во наредните две години, како што сугерира сем вакнин, од две причини: да нема рез, ами континуитет во надворешната и економската политика и 2) да им даде шанса на конзервативците сами да си ја разрешат кашата што си ја замешаа, не преземајќи ја нивната одговорност, за да може симултано да смислува план како да ги моделира, модификува и спроведе „сопствените“ политики...
мислам дека ни тој самиот не е целосно свесен за влогот и исходот од таа игра... не дека имам поголем и порелевантен увид за таа работа од него, зборувам за впечатоци, ама ми се чини дека ако има 2 мандата, еден цел ќе потроши на спроведување на она што конзервативците го почнаа и всушност тој ќе биде привид на некаква промена за да може американците полесно да ја голтнат планираната „промена“... вистинската промена допрва следува, и нема да биде таа која сите ја знаеме, и нема да биде промена ако сите ја знаеме, зашто би се создадле услови и за контраодговор на неа, ами е полека воведување во една нова светска доминација (се` уште не поредок) на америка... имено, америка прва влезе во кризата и веројатно прва ќе излезе од неа, оставајќи ја светската економија на колена, а со тоа hopefully и пад на сите режими кои се намножија како опозити на американската политика, што е многу поинтелигентна варијанта од каубојско кршење на вратата и правење пуздер се` наоколу, но не и со помалку невини жртви, да се разбереме, и всушност додека цел свет ќе се чуди како да ја консолидира сопствената економија и моќ, тие ќе ја имаат предноста на првенство на минување/ прв потег и повторно ќе го држат светот во дланка за остварување на своите планови и политики, а во полза на тоа зборува и фактот што американската економија зависи само 15% од извозот, што значи поголема моќ за преживување... каде се другите тука?
ние не треба ни да плачеме ни да се радуваме на тоа...
ако се совпаѓа нашето опстојување со интересите на америка, ќе бидеме на завет (настрана од провевот)... ако не, ќе биде густо...
треба да се издржат овие неколку години, и ми се чини дека ќе ги издржиме подобро отколку што претпоставуваме, но можно е потоа да не` удри некоја криза нас како нуспроизвод на стабилизацијата...
знаеш, ми се чини дека нашата економија и политика се однесува како чуден сад под притисок: кога секаде има притисок, кај нас нема, но кога притисокот насекаде се нормализира, тој кај нас доаѓа густо и концентрирано како во некаков џеб, а нашиот балон е крут и нерастеглив, па лесно може и да пукне...
ете, и малку поезија за на крај...
поздрав...
Презвитеркозма, малку доцнам со реакција и немам асолен ексјуз ..
.. мене ми се свиѓа онаа у срж политичка изјава, став на Селенти - политички атеист .. па така ко политички атеист да го опулам и Обама ко сме веќе тука .. него ептен го перкаат од инвеститорската заедница, тврдите републиканци и оние шо не се квази прогресивци ами шо старно може да ги метнам таму по дефиниција .. го перкат Џим Роџерс, Марк Фабер, Петер Шиф, го перка Карл Роув, ама го перка и Наоми Клајн .. и да го надополнам Селенти, глеај ги по направеното, по dids, само пред тоа не ќе лошо да се крене критериумот и знаењето ..
.. луѓето ширум светот ептен се напиздени на банкарите, на политичарите .. тоа незадоволство некој ќе треба, или ќе проба, да го изменаџира .. а состојбата е за три-четири пати полоша од таа што луѓето нормално ја перципираат како можна црна варијанта .. толку е ебано .. еве коа и мене ко некој аматер проучувач на овие состојби не ми беше тешко да ги согледам работите шо сеа се случуваат, но морам да признаам оти ме изненади брзината, динамиката на настаните ..
.. кризните настани се развиваат по линијата финансии - економија - социјала - политика .. Македонија заради слабата глобалистичка исповрзаност до полн капацитет преку финансиите и економијата само се чини дека не ја погаѓа јако .. јбг не загребавме од медот па сеа не чувствуваме дека сме заебани од светските заебанции ..
.. не мислам оти Америка прва ќе исплива од срањево .. БДП-то им е 70 отсто од потрошувачката .. тие ја имаа улогата на светски потрошувач .. стариот модел беше неодржлив и нема враќање во таа нормала .. времето на чикашките Фридманити и енглеските Кејнсијанци е завршено .. неможно е во условија на заситеност со долгови да се извлечат со уште повеќе задолжувања за расипничка потрошувачка .. тоа е финито ..
.. во претходниот запис Ниал Фергусон говореше за релативитетот на пропаѓањето .. сите ќе тонат, тоа е факт ко 1+2 шо е 3 .. прашањето кој е 1, а кој е 2 .. дека ќе идеме сите у 3 тоа не е предмет на дискусија .. па така и нашиве тука, ја ги викам крчмари vs лихвари, пред се и над се ги интересира кој ќе биде 1 кој ќе биде 2 ..
.. и така Козма, ќе глеаме у живо .. поздрав!