Последните два-три дена од неколку информациски страни ми се појавија повеќе господа со презимето Фридман. Поточно, на екранот од мојата информациона патека се јавија: Фридман, Фридман и Фридманитите. Нема причина оваа коинциденција, со скриено значение или без него, да не ја преточиме во запис.
Првиот Фридман со име Томас се јави од Њу Јорк Тајмс. Знаете, тоа е оној Фридман со познатата книга за израмнетиот свет, “The World is Flat.“ Светот се набрчка, а Томас Фридман си остана op-ed колумнист во NYT кој мошне лесно се наоѓа.
Генерално, колумнстите од MSM се кројачи на јавното мислење. Експерти кои ја туткаат експертизата во низа убави складно подредени зборови со весникарски проред се до конечниот изглед, колумната. И повторно генерално, она што просечниот читател го изумува е начинот на кој се читаат колумните од MSM.
На првото ниво се чита она што колумнистот со текстот ни го донесува преку колумната, додека на второто ниво се чита нејзиниот повод и неговата намера. За читањето од првото ниво потребно е одредено солидно познавање на проблематиката од зададената тематика. Нивото е потребно за со разбирање да се следи нарацијата со понудените информации. Второто ниво на читање е далеку попроблематично, но сепак може да го сведеме на постоечкиот светоглед од конкретниот читател кој воглавно произлегува од неговата интересно-културна сфера. За првото ниво на читање е потребен соодветен басен на знаење, за второто е потребна свесна дистинкција од сопствената интересно-културна изграденост.
И сега, откако направивме мал вовед во колумнистичкото читање, може да го проследиме Томас Фридман со колумната The Inflection is Near?
>> Let’s today step out of the normal boundaries of analysis of our economic crisis and ask a radical question: What if the crisis of 2008 represents something much more fundamental than a deep recession? What if it’s telling us that the whole growth model we created over the last 50 years is simply unsustainable economically and ecologically and that 2008 was when we hit the wall — when Mother Nature and the market both said: “No more.”
We have created a system for growth that depended on our building more and more stores to sell more and more stuff made in more and more factories in China, powered by more and more coal that would cause more and more climate change but earn China more and more dollars to buy more and more U.S. T-bills so America would have more and more money to build more and more stores and sell more and more stuff that would employ more and more Chinese ...
We can’t do this anymore. <<
На првото ниво на читање Томас Фридман раскажува дека пристигна TEOTWAWKI, кратенка што кај думерите е популарна замена за The End Of The World As We Know It. Добитникот на пулицеровата награда умешно ги презентира најзначајните елементи на кој се сопнува стариот свет со неговиот стар светоглед. Со тоа неодржливоста на старата состојба неизбежно преку парадигматската промена ќе донесе нова состојба. Дури се чепка по она што до вчера претставуваше либерален ерес за расчепкување, моделот на растот или постулатите на доброто што произлегува од растот.
Второто ниво на читање ќе го оставам така. Сега за сега. Не вреди да се разглобува, првенствено поради генерално нискиот капацитет за спознајана самодинстикција кај просечниот читател, прекупотребна за квалитетна дискусија на второто ниво на читање. Пред експертите да се туткаат во експертутки мора најпрвин да се разлучи првопоставенооста на експертот пред туткалото. Тоа предимство не може да се превагне ако единствено се посочува на интересната сфера на односниот експерт, иако во најголем број случаеви сосема точно посочено. Тутка си е тутка, но само оној кој има знаење би можел да го стутка експертот во експертутка. Никако обратното.
Но да прејдеме на вториот Фридман. Тоа е Џорџ Фридман, главатарот на STRATFOR. Џорџ Фридман ми улета со презентирањето на неговата најновата книга, The Next 100 Yaers. И бидејќи прилично се расприкажав за колумните и колумнистите од MSM ми останува сега зборувањето да го препуштам на Џорџ. Еве како тој гледа на светот во наредните сто години, тука донесено преку два кратки видео клипа:
Џорџ Фридман нуди предвидувања, или поточно неговиот усет, за тоа како би изгледал светот во наредните сто години. Тој ги нуди своите прогнози на основа на препознаавање на процесите и елементите кои според неговото искажано експертско знаење би го обликувале светот од иднината. Во клиповите има понешто за за секоја земја поединечно, секако, врз основа на краткиот вовед со истакнување на круцијалните елементи кои би ја повлекле иднината токму на таа страна. За повеќе ќе треба да ја купите книгата, која ете ниту јас не сум ја прочитал.
Всушност имаме визија до која се доаѓа преку имагинацијата втемелена на експертското знаење. Слични вакви имагинации низ медиумите веќе на големо се појавија од повеќе интересни страни. Најтазе беше онаа на ЦИА, за Европа видена на три блока земји, или претходно од русинот Игор Панарин за распадот на Америка донесена или пренесена, верували или не, преку WSJ. Во тој смисол, книгата на Џорџ Фридман, не е ништо ново, таа се придодава на мноштвото други кои особено жустро циркулираат во последно време.
Но која би била причината за веќе изразитата појавност на овие експертски визии за светот? Можеби сензационализмот на медиумите? Дали е тоа загриженоста за состојбата во која се најде светот? Можеби гладта на плебсот за сигурност во претстојната нестабилност наеднаш ги става во фокусот овие експертски визии? И кога веќе шпекулираме во потрага по одговорот на ова прашање, зошто да не се обратиме за совет кај еден од најпознатите берзански шпекуланти? Кај еден друг Џорџ; Џорџ Сорос. Тука ќе се послужам со дел од еден џамански претходен запис:
>> .. во општествените размисли тој говори за фалинката на отвореното општество дефинирана како “постмодрен идиом“. Вака ја објаснува фалинката, “Политичкиот дискурс не е задолжително насочен во потрага по вистината. Му верував на Попер и ги направив тие грешки поради нашата преокупација со потрага по вистината. За среќа, овие грешки не се фатални затоа што основата за критичкото мислење останува нечепната и овие грешки може да се поправат. Треба да се признаат разликите помеѓу природните и општествените науки.“ и следното “Постмодерниот однос кон реалноста е многу поопасен. И додека тој открадна добро парче од Просветленоста со откритието дека реалноста може да се манипулира, тој не ја признава потрагата по вистината како неопходност. Последователно, тоа овозможува манипулацијата на реалноста да остане неспречена. Зошто е тоа опасно? Затоа што во отсаство на соодветно разбирање резултатите од манипулацијата може да бидат радикално различни од очекуваното.“ <<
Сорос говори за постмодерен идиом и рефлексивноста. Реланост која може да биде манипулирана со манипулација на перцепцијата за реалноста. Според Сорос, за да може поставките на поперовото отворено оштество да останат релевантни треба секогаш да се прави разлика помеѓу општествените и природните науки. Таа “дробна“ разлика ја сочинува човекот изразена преку неговите перцепции за светот. До каде е отидена оваа дробност може да ни послужат жестоките расправиите за вплетканоста на човекот во презентацијата и репрезентацијата на исходот и објавените резултати од научните трудови токму кај природните науки. Испаѓа оти и тие се нападнати од постмодерната рефлексивност.
Значи во сета оваа постмодерна калакурница не смееме да го сметнеме од ум човекот како фактор. Каде е тогаш “човекот“? Томас Фридман е човек. И Џорџ Фридман е човек. Но има ли начин некако човекот да сведеме на факторот “човек“ за да може да се добие колку-толку во оперативност, или некаво си функционално поедноставување.
Малку ќе се зафркавам, но очекувам тезата да додржи. На ова ме наведе домашната постмодерната рефлективност од К-15, човек и човек се човеци, која фино се поклопува со онаа на глобален план, Фридман и Фридман се Фридманити. И како што човеци не е моја измислица, туку на еден од најопитните политички дејци на домашната политичка сцена, Стојан Андов, така и Фридманитите не се моја измислица, туку на Лоренс Лери Самерс, актуелниот директор на американскиот Националниот Економски Совет (NEC).
Значението и сериозноста не е за потценување, затоа што директорот на NEC ја има извршната и советодавната функција преку која се координираат, надгледуваат и имплементираат сите економски политики на домашно и надворешно поле на претседателот на најмоќната држава во светот. Забележана остана реченицата на Лери Самерс донесена по повод смртта на еден друг Фридман, економистот Милтон Фридман. Пред отприлика две и пол години Самерс во op-ed колумна на NYT ќе напише, "any honest Democrat will admit that we are now all Friedmanites." Самерс во истата колумна ќе каже дека Милтон Фридман дал реален допринос во монетарните политики, но неговиот вистински допринос бил во “во убедувањето на луѓето за значението од овозможувањето на функционирањето на слободниот пазар.“
Сега, што понатму да дискутираме. Можеби да погледнете со свои очи, да чуете со свои уши, како изгледа тоа “убедување на луѓето“ ала Милтон Фридман.
Ах, да, клипот е избран со намера, некој си мој постмодерен идиом за кој не сакам да полагам сметка во отвореното и слободно општество. За тоа нема потреба, мојата сметката заедно со вашите сметки на посреден начин бездруго веќе се наоѓа кај Фридманитите. За сега.
Читав, читав, читав... и се изгубив некаде... ај утре може пак.
ха, па може требаше да го поделам записот во продолжетоци .. серијалка да удрам .. фридман 1, фридман 2, 3..
.. абе нема проблеми .. ова е интелектуална зафрканција, разбира се, со поинт .. кој до кај може нека чита