А1 вести и тиранија

Во најновите вести на А1 може да се прочита следново:

“Зошто Европската комисија се плаши околу референдумот во Македонија, и зошто го смета за Пандорина кутија.

Консултативен или не, референдумот е референдум. На него мора да излезат 900.000 граѓани за тој да биде и формално успешен, а како ќе гласаат, тоа е друга приказна.

Второ, кого Владата ќе повика на референдум кога знае дека 95% од Македонците во разни анкети се изјасниле против промена на името.

Дури и со интензивна кампања, науката вели малку може да се промени јавното мнение.“

Но, кога 95% се на една страна, а 5% се на спротивната страна вклучително и една надворешна страна, може не ќе е лошо да погледнеме што е тоа тиранија:

Во модерната употреба зборот "тиранин" носи конотации на суровост и суров владетел, кој неговите сопствени интереси или интересите на една мала олигархија ги наметнува во однос на најдобриот интерес на општата популација, односи кои тиранијата ги уредува или контролира. Многу поединечни владетели или владини претставници се обвинети за тиранија, со етикета која речиси секогаш е прашање на контроверзност.

или да бидеме уште попрецизни и да ја погледнеме класичната дефиниција по М. Вебстер,

1: угнетувачка власт < секој облик на тиранија над човековиот ум - Томас Џеферсон >; особено: угнетувачка власт, наметната од Владата < тиранија на полициска држава>
2: а) влада кај која носител на апсолутната власт е концентрирана во еден единствен владетел, особено: една од карактеристиките на античките градови-држави б) канцеларија, авторитет, и администрација на тиранинот
3: строг услов наметнат од страна на некој надворешен орган или сила < живеење под тиранијата на часовникот - Диксон Вектер >


Tags: , , , , , , ,

One Response to “А1 вести и тиранија”

  1. febo says:

    DEMEK,GRUJO BIL TIRANIN, ME IZNASMEA BATKA ...... abe aj ne se zaebavaj i ne si go gubi vremeto badijala,podobro napisi nekoj vic,vaka izgledas smesen.

Leave a Reply