Сакаш да го менуваш името, ТИ си идиот!

 

„Не дозволувајте да се прекршат фундаментите на слободата и демократијата. Македонскиот народ не бара ништо што не е придобивка за сите народи и држави. Сакаме да бидеме тоа што сме, тоа што биле нашите татковци, дедовци, прадедовци. Сите тие се раѓале, живееле и умирале како Македонци. И кога немале своја држава, и кога биле поробени и непризнаени, Македонците секогаш зборувале на македонски мајчин јазик, пееле македонски песни. Се чувствувале Македонци. Зарем може некој од нас да бара да се откажеме од тоа што сме? Да не бидеме повеќе Македонци? Денес македонскиот народ е пред присилно истребување. Сите што нема да го кренат гласот против оваа неправда, ќе ја сносат историската одговорност. Борбата за правда е глобална и во интерес на сите. Не дозволувајте да се враќаме во почетокот на 20 век“

Ова е дел од писмото кое деновиве го потпишуваат академици и интелектуалци кои апелираат до светот за неменување на името, дознавам од медиумите. Иако само апелите нема да бидат доволни, сепак го поздравувам апелот. На невидено  го засилувам со мојот јавен потпис.

Tags: , ,

2 Responses to “Сакаш да го менуваш името, ТИ си идиот!”

  1. se moi says:

    само уште да објаснеше некој како името на државата има врска со „тоа што сум јас“

  2. Dejan says:

    Да не сакаш да ти нацртам??

Leave a Reply