1 Сабајлево разлистувам по нетов новости и налетав на веста дека во Естонија директорот на некоја си долгогодишна и со традиција организација за заштита на децата бил осуден како педофил. Па тука на блогерајов гледам дека записот со најповеќе коментари има наслов „Кој е кодошот?“. Ах да сум администратор на блогерајов со широки овластувања, веднаш сите што коментираат на посочениот кодошки запис ги банирам на онолку години колку го осудиле естонскиот директор педофил. Серкого башка по башка, нема групна одговорност за таквата работа. (заприметив дека е типос грешка “серкого“ ама решив да ја оставам така)

2 Кога на човека му лежи нешто на душа, нешто му е при ум, вообичаено сака да направи муабет. Да рекне. Место и време за муабет секогаш имало во заедницата, културата, меѓу луѓето. Навечер, крај огниште, со маша во рацете. Во старо, и не толку старо, време, денес и утре. Потребата останува, формата се менува. Немам маша во рацете, но сепак, да го разбркам малку огнот.
Пред некој ден Архидруидот Грир ми го донесе Хагбардовиот закон кој гласи вака некако - Информацијата може да се пренесува само помеѓу еднаквите, додека кај хиерархијата, оние кои се во подредена положба се подложени на силна иницијатива да им го кажуваат на претпоставените она што тие сакаат да го слушнат, наспроти стриктното држење до вистината. Колку повеќе нивоа на хиерархија има помеѓу оние кои ја прибираат информацијата и оние кои одлучуваат, толку повеќе се искривува информацијата согласно со Хагбардовиот закон.
Со пренесувањето тука на законот имам фина поставка која во денешница со изразит перцептивен менаџмент може да ја доразвијам и да ја употребам врз било кој. Бирајте телевизија, партија, платеник, блогер, интелектуалец или експерт, може на било кој да му се ****** мамицата. Ама не сум ја таков. (тука ставив смешко ама го избришав)

3 Аптон Синклер ќе каже „ Тешко е човек да разбере нешто кога неговата работа зависи од тоа да не разбере.“ ( . )

Tags: аптон, еднакви, информација, кодош, педофил, пренесува, синклер, хагбард