Словенија се солидаризира со Грција, солидаризирај се и Ти!

Словенечкиот премиер Борут Пахор индиректно потврди вчера дека застанал зад грчката позиција околу спорот за името, нешто што го тврдеа грчки дипломати, но и многу други од земјите-членки на Унијата.

„Му реков на премиерот Никола Груевски дека Грција е членка на ЕУ, која може, повеќе или помалку, да смета на солидарноста. Македонија не е земја-членка, но нејзин животен интерес е побрзо да стане тоа. Да го оставиме настрана фактот дали е тоа праведно или не, Македонија мора да го има тоа на ум. Мојот совет е во потрага по решението да се вложуваат помалку емоции, а повеќе подготвеност за компромис“, одговори Пахор на новинарско прашање по Самитот на ЕУ.

Според него, кога се работи за вака чувствително прашање, многу е значајна хиерархијата на целите.

Според дипломатски извори, Словенија, заедно со Франција, Шпанија, Кипар, Малта, Романија и Италија, застанала зад позицијата да се разговара за датум за преговори дури откако ќе се реши спорот околу името на државата, додека останатите инсистирале да се даде некоја временска рамка за датумот и со тоа да се охрабрат преговорите околу спорот. (Утрински Весник)



Словенечкиот премиер Борут Пахор сака настрана да ги остава фактите на праведоноста и кога се работи за категории како чувства, пријателство, емоции ја претпочита хиерархијата на целите. Нема зошто да не го послушам. Дали ги сакам Лачни Франц, Лајбах, Мојца или Словенија како земја, нема да ме попречи во воспоставувањето на мојата лична хиерархија на целите, истите и понатака ќе продолжам да си ги сакам, но затоа фрижидер од Горење Велење, разни словенечки сокчиња и чоколадца, Леснина кујни и Мура одела, отсега хиерархиски ги сместувам на последно место при изборот од потрошувачкиот рафт, грчките по дифолт ги избегнувам.

бојкот

Ценети македонски потрошувачи, да бидеме солидарни во хиерархијата на нашите цели онака како што ни порачуваат низ збор и дело нашите драги словенечки пријатели, вклучително и останатите грчки подржувачи - солидарно бојкотирајте ги нивните производи. Јбг Борут, ништо лично, без емоции, но повеќе или помалку се има своја цена, па и солидарноста.

Tags: , , ,

One Response to “Словенија се солидаризира со Грција, солидаризирај се и Ти!”

  1. febo says:

    Ne samo Slovenija,tuku na site pogore navedeni zemji da im se bojkotiraat proizvodite vo Makedonija ...... inaku,ubavo kazano i solidarnosta ima svoja cena.

Leave a Reply