Иван Илич (1926- 2 Декември 2002) е Хрватски критичар на развојот, на институциите на модерното општество, се произнесува по прашањата на образованието, здравјето, економскиот развој, употребата на енергијата, или накратко холистички мислител.
Неговата критика се заснова на поимот „контрапродуктивност“. По преоѓањето на одредени прагови на развојот се развиваат мегаломански институции во индустриските општества кои стануваат се поголема пречка за остварување на целите кои истите би требало да ги остварат. Медицината го упропаства здравјето, училиштата заглупуваат, транспортот не прави неподвижни, комуникациите глуви и неми, протокот на информации ја уништува смислата, индустриската храна се претвора во отров и употребата на фосилните горива кои го динамизираат животот се закана за идниот живот. Делата на Иван Илич даваат детална анализа на механизмот на контрапродуктивноста.
Секоја употребна вредност може да се произведе на два начини, со два начини на производство: автономен и хетерономен. Можеме да осознаваме така што ќе станеме будни за работите кои живот значат; а може и да стекнуваме знаење од професор кој е платен за тоа. Можеме да имаме добро здравје со водење здрав и хигиенски живот; а може и да го бараме здравјето кај професор-доктор. Можеме да му помогнеме на оној кој бара помош; а може и да го упатиме кон соодветна институција или служба. Спротивно од она што го произведува хетерономниот начин, тоа што го произведува автономниот начин не може, општо кажано, да биде измерено, проценето и споредено со другите вредности. Во принцип, не се работи за тоа дека хетерономноста е лоша сама по себе, хетерономното производство може да има вистински придонес во способноста за автономно производство на употребни вредности. Се работи за тоа дека хетерономијата е тука само за да помогне на вистинската цел – автономијата.
Хипотезата на Илич гласи – “позитивна синергија“ на двата начини на живот е невозможна надвор од одредени прецизни услови. Со преоѓањето на критичните нивоа на развојот, хетерономното производство прави реорганизација на физичката, институционалната и симболичката средина која ги парализира автономните способности. Влегуваме во маѓепсан круг кој е поинаков од инстантната контрапродуктивност. Имаме осиромашување на врските кои го поврзуваат човекот сам со себе, со природната околина, со другите луѓе, и светот станува моќен генератор на барања и желби за хетерономните супститути кои единствено овозможуваат преживување во се‘ поотуѓениот свет. Неговата анализа ни покажува зошто сме толку приврзани за она што во суштина не‘ уништува.
Како мала презентација на идеите на Иван Илич нудам мал ивадок од Toward а History of Needs:
Модерната беда се појавува кога нејзиниот интензитет на зависноста од пазарот ќе достигне одреден праг. Субјективно, тоа е искуство на обилна фрустрација која се случува кај лицата осакатени од нивното убедливо потпирање на богатствата од индустриската продуктивност. Едноставно, ги лишува погодените од неа од нивната слобода и моќ да дејствуваат автономно, да живеат креативно, ги ограничува на опстанок преку нивната приклученост во пазарните односи. И токму поради тоа што оваа нова импотенција е толку длабоко доживеана, таа со тешкотии се изразува. Ние сме сведоци на одвај забележливата трансформација на вообичаениот јазик со која глаголите кои претходно одредуваа акции на задоволство се заменети со именки кои означуваат пакети дизајнирани само за пасивна конзумација; на пример, “да се научи“ стана “собирање на поени“. Длабоката промена овде се рефлектира во индивидуалната и социјалната слика за самиот себе. И не се само лаиците кои имаат потешкотии во прецизното изразување на она што го доживуваат. Економистите професионалци се неспособни да ја препознаат бедата со нивните конвенционални инструменти. Како и да е, новиот мутант на бедотија продолжува да се шири. Особено модерната неспособност да се употребат природните таленти, комуналниот живот, и природните ресурси на автономен начин, ги инфицира сите аспекти на животот онаму каде професионално орзанизираниот производ ја има заменето културолошката обликувана употребна вредност.
Кога сенката на економскиот раст ќе не допре, ние сме оставени безполезни освен ако не се вработиме или не се вклучиме во потрошувачката; обидот да се изгради куќа или да се погреби некој надвор од контрола на сертифицираните специјалисти се сфаќа како анархија. Ние го губиме погледот од ресурсите, губиме контрола врз условите на природната околина кои ги прават ресурсите достапни, го губиме чувството за самодоверба во совладувањето на предизвиците однадвор и со стресот одвнатре. Во напреднатите индустриски општества, модернизацијата на бедата подразбира дека луѓето се неспособни да препознаат факти освен ако тоа не е сертифицирано од професионалци, нека биде тоа презентер на временска прогноза или експерт; оваа органска нелагодност станува неподнослива закана освен ако не е медикаментирана со зависност од терапевт; дека пријателите и роднините се изгубени освен ако не се премости далечината со возило (создадена претходно од возилата). Накратко, повеќето време ние се наоѓаме вон дофат со нашиот свет, надвор од видикот на оние со кои работиме, расштимани со она што го чувствуваме.
Еден поранешен текст кој ете најдов за сходно да го ставам тука.
Tags: Иван, Илич, индустриско, контрапродуктивност, критичар, општество, развој, холистик