Македонска Шиндлер Листа

Имаше една сцена во филмот „Шиндлеровата Листа“ каде на луѓето им кажаа јасно да ги обележат своите работи, да се разделат од своите вредности со впишување на името на багажот, пред да се качат во вагоните на пат за “работните“ кампови се со намера масата луѓе да остане смирена со помислата дека ќе сочуваат барем неколку вредности. Во следната сцена, веднаш штом куферите ќе исчезнат од погледот на луѓето тие биваат ослободени, пардон ограбени, од сите драгоцености.

Македонската шиндлер листа не би била македонска доколку нема одредени мали промени во сценографијата и костимографијата, распределбата на улогите. Наредбата од ЕУ-стап-овците за баратање со луѓето ја спроведуваат во првата линија карактерно селектираните подобни медиумски пропагандни пци, во втората линија се гоничите интелектуални коњушари. Возот е плав и украсен со жолти ѕвездички, додека терминолошки наместо работни кампови имаме работни места. Останато е приближно исто.

Tags: , , , ,

Leave a Reply