Economics should never be treated as a science. Its claims are not falsifiable, which is why economists can disagree so violently among themselves: a rarer spectacle in science, where disputes are usually resolved one way or another by hard data. It is a branch of anthropology and psychology, a moral discipline if you like. Anybody who loses sight of this is a public nuisance ...Веќе на неколку наврати изнесував дека економијата не е наука, во контраст со природните науки. Томас Кун со неговата природа на научните револуции мошне добро ги забележува и презентира критериумите на “научноста“, кои потоа ги превзема и прилагодува на општествен терен Карл Попер во неговото отворено општество. И да не остане низата куса, на неа се надоврзува Џорџ Сорос со неговата пазарна рефлексивност на полето на економијата. Но веќе пишував нешто за тоа, па да се послужам.
Од поперовото отворено општество како извориште на идеите во писанијата на Сорос во новата книга фокусот е на рефлексивноста (reflexivity) видена кај финансиските пазари. Накратко, концептот на рефлексивноста кажува дека индивидуалните инклинации на индивидуалните играчи на пазарот отенцијално ги менуваат фундаментите на она `идеално` пазарно функционирање. Или погрешните перцепции на економските учесници на едно место може да доведат до реални перцепции за економските показатели на друго место со што се прави засилувачка повратна врска која доведува до финансиски балон кој неизбежно ќе дојде до состојба на нестабилност поради фаличноста на почетната перцепција. Ова објаснување може да биде примамлива интелектуална мамка за понекој финансиски сом, иако рака на срце во себе вклучува достаточно интересни поставки и разработки од кој има што да се научи. Но додека Сорос, човекот што ја скрши британската фунта, во финансискиот дел ќе се држи за концептот на рефлексивноста, во општествените размисли тој говори за фалинката на отвореното општество дефинирана како “постмодрен идиом“. Вака ја објаснува фалинката, “Политичкиот дискурс не е задолжително насочен во потрага по вистината. Му верував на Попер и ги направив тие грешки поради нашата преокупација со потрага по вистината. За среќа, овие грешки не се фатални затоа што основата за критичкото мислење останува нечепната и овие грешки може да се поправат. Треба да се признаат разликите помеѓу природните и општествените науки.“ и следното “Постмодерниот однос кон реалноста е многу поопасен. И додека тој открадна добро парче од Просветленоста со откритието дека реалноста може да се манипулира, тој не ја признава потрагата по вистината како неопходност. Последователно, тоа овозможува манипулацијата на реалноста да остане неспречена. Зошто е тоа опасно? Затоа што во отсаство на соодветно разбирање резултатите од манипулацијата може да бидат радикално различни од очекуваното.“Збиено, Сорос е голема лисица и велемајстор на финасиските пазари, воопшто не греши со делувачката рефлексивност на пазарите, но по дифолт нема чесни намери. Напросто, затоа што не е отворен со отвореното општество кое наводно му при срце. Да бидам поразбирлив, со падот на пазарите пред две години паднаа и дотогаш актуелните теортски поставки на економската теорија базирана на пазарната ефикасност. Или како што вели Макс Кајзер,
George Soros’ ‘Reflexivity Theory’ rules. In short, prices change perception and since most trading is done based on perception the case for fundamental analysis goes out the window. Example: dot coms in 2000. Into this mix add the fraudsters on Wall St. who manipulate prices – not to make or lose money per se – but to manipulate perceptions. We saw this in 2008 when stock prices were manipulated by Wall St. to give the impression that the banking sector was about to collapse. The government acted on that perception and handed trillions over to the fraudsters. The same can be said of rigged polling results. Changing the perception of the public mood can change the outcome. Because people act based on perception, not reality.Значи, во економијата, кај финасиските пазари, промената на перцепцијата на јавното мислење, едноквоважечки со стручното мислење, доведува до поинакви пазарни резултати. Но истото се однесува на општествениот живот, политичкиот, што е далеку попримечиво и полесно за разбирање отколку олимписките облаци на теоретските височини каде се затскрива економијата. Барем во перцепциите на обичниот граѓанин сите оние формули и скапи одела одаваат впечаток за тешка и непристапна дисциплина. Луѓето дејствуваат во однос на перцепцијата, не со реалноста. Реалноста може да се совпаѓа со перцепциите, но во општества на симулакруми, хммм.
По овој калабалак на цитати и мисли, се наметнува прашањето - како тоа Сорос може да ја разбере рефлексивноста на финансиските пазари, за успешноста говори неговото дебело салдо, да ја применува долги години, повторно говори салдото, додека имал проблеми и погрешни уверувања во однос на општествената и политичката примена на рефлексивноста, или, можноста за маниупулации со перцепциите и резултатите.
Но да го оставам сега Сорос, кој е одличен употребен пример за перцептивните манипулации и да се впуштам на домашно тло. Во веќе линканиот џамански запис ќе видите дека и Груевски, или неговиот кабинет за перцептивни манипулации, веќе од поодамна ги совладал и обилно се служи со истите техники. Не кажувам пропагандно биро затоа што пропагандата е само зачестена манипулација по селектирани прашања со точно избрани дејствителни наративно-симболички објекти. Во распонот на селектираната контрапоставеност на двата габаритни блока кои ги користат истите техники особено ми причинува задоволство да правам провокативна контрапропаганда по прашањата каде тие се преклопуваат и имат заеднички интереси. ЕУ и НАТО, на пример. Се разбира дека постојат блоковски разлики, перцепции за нив, кои се ефемерни и странични, но кога се делува на востановеното перцепционо јадро одговорот најчесто е молк, или обид за префрлање и враќање на прашањето повторно кон ефемерноста.
На момент да ги сметнеме од ум домашните пол. закачки со бомбастичната невработеност од 24/7 Вол Стрит, не заради некаква критика на истегањето од двата доминантни политички табори каде со гаусовата распределба на полувистини би се позиционирала понудата на третата опција. Да се обидеме да ја сметнеме од ум вртењето на статистичкиот волан каде забецот од статистичкото тркало ќе покаже на одредена сума, цифра, бројка невработени. Податоците не се вредни самите за себе. Ним им е потребен контекст за да отскријат вистината и реалната состојба.
Перцепциите за состојбата на светската економија видно се изменија од почетокот на глобалната економска криза во 2008 година при што изнудуваат барања за нови општествени и економски интерпретации. Многу од најчесто користените пристапи, како што се марксистичките или либералните, веќе не одговараат на условите во кои се наоѓаме. Истото важи за економските теории и методи. Неолибералната логика е во ќор-сокак. ЕУ и САД се во ќор-сокак. Како увид, нобеловскиот кејнзијанизам на Кругман од Њу Јорк Тајмс кај економските блогови го менува местото за потсмев со до вчера забаталените либертаријански ставови на Рон Пол.
Симптоматично е што обата домашни блока можат да ја регистрираат сериозноста на овој прекршлив моментум, но никако не се подготвени за посериозни интерпретции, камо ли акции, туку веднаш го вкалапуваат во нивните веќе воспоставени мантри. Тие не смеат да им кажат на граѓаните што се случува. Власта е принудена да бара начини со кои ќе се преправаат дека нема криза и дека со некоја среќа економијата ќе се саморегулира се додека по некое време не се случи заздравување на светскиот финансиски систем. Можеби ќе бидеме помалку погодени од другите. Опозицијата во критиките воглавно се концентрира на изнаоѓање виновник во персоналитетите на власта. Нема абер од разбирање на сериозноста на состојбите. Можеби се нудат одредени технички решенија, или нешто сосема неприменливо но атрактивно за перцепцијата на граѓанинот, но дури и во тие работи ја покажува стандардната некадарност. Но опозицијата знае дека сечењето црвена лента од дунстерската градска плажа не може да ги избрише црвените салда на сметките од граѓаните и претпријатијата. Знае дека ситниот песок соодвествува со ситнежот по паричниците, и оттука е погонот на митингашката масовност.
Тие не смеат да им кажат на граѓаните што се случува. Долго потхрануваните и манипулирани перцепции за пристоен и богат живот се апсолутна категорија. Затоа што ако им кажат на граѓаните тоа сигурно ќе продуцира очај, по очајот гнев, и потоа сме на само чекор до хаос. А секако би требало. Вистината ослободува и луѓето треба да знаат. Треба да очекуваат и да знаат дека се при памет. Но доколку им ја кажат на граѓаните сериозноста на кризата, обемот и длабочината на последиците, тие треба да понудат и решенија. Тоа е перцепцијата. А решенија немаат, ниту власта, уште помалку опозицијата. Немаат ниту план.
Tags: власт, манипулација, опозоција, пазари, перцепција, пропаганда, јавно мислење