Archive for the ‘енергија’ Category

Системот 1

Thursday, September 4th, 2008

Системот како збир на интерактивни или независни ентитети кои формираат една целина. Системот, отворен ил затворен, механички ил органски, природен ил создаден од човекот, изолиран ил експандирачки. Економски, политички, културни, општествени, еко системи, со вклучени подсистеми. Самиот систем и неговото проучување стана комплексно, како што стана комплексна реалноста, животот воопшто.

Системот е повеќе од инженерска занимација и активност. Под чергичкта на куќниот праг, низ клучалката, низ процепите и шуплините, ситемот навлегува во интимниот вкјубичен простор на атомизираниот поединец. Како плашило, како зависност, како сеприсутност. Погледот е заматен, интроспекцијта затапена, дезориентираност и вкочанетост пред Неговото Височество. Системот е животот, животот е систем.

Нема живот вон системот. Преостанатото е невредно, потценето, исклучено, обележено. Парадигмите се ситемски канализирани. Прифатливите модели се подаваат, се нудат во полн сјај. И алтернативите се протежирани, фино тјунирање за системскиот баланс. Слободата е во системот и слободата има граници. За системот нема граници, само перципиран неосвоен простор. Слобода на изборот е во системски понуденото. Вон границите е хаосот, анархијата, утопијата и лудилото.

Системот е простор. Повеќедимензионален, пласт врз пласт. Над литосферата лежи биосфера, над биосферата лежи ноосфера, над ноосферата антропогената атмосфера, над атмосферата бесконечниот простор за освојување. Системот не сака да се ограничи засекогаш, само краткотрајно да се реорганизира. Се топи поларната капа на Земјата, се открива водата од поларната капа на Марс. Системската имагинација се поттикнува, се потхранува.

Но, обидете се со имагинација вон системот. Тоа е фантазерство кое ќе биде пречекано со потсмев “та ти си произлез на системот, та ти си од овој простор“. Тоа е утопија.  Имагинација без сидро, непостоечко место, неосвоив простор. Системот е распослана просторна доминација. Вклучително и просторот зад вашите очи. Фантазијата е детска работа, па овие вонсистемски имагинации во побогатите простори може ограничено да се толерираат. Непослушни деца за кои ако претераат, ако земат замав, секогаш е тука прачката, одземеното парче леб, казната со изгонување од доминираниот простор.

Толерантноста има свои прагови во системските процеси. До 1% системската раска е игнорирана, маргинализирана, незабележителна. Од 1-4% системот преку внатрешната контрола е алармиран. Специјализираните системски делови го изолираат натрапникот на системот и со претходно усвоени процеси се атакува во обид да се апсорбира или отстрани. Повеќето од останатите системски делови не се дополнително ангажирани и енергетските побарувања не се одразуваат до мера на севкупното функционирање на системот. Од 4-12% системскиот натрапник се преобразува во системски проблем. Справувањето со проблемот изнудува осредни промени и модификации во системските функции и делови. Енергетските побарувања за проблемот се чувствуваат низ целиот спектар на системот и на одредени места се јавуваат изразени енергетски недостатоци иако генералното функционирање не е доведено во прашање. Без разлика дали натрапникот е отстранет или до одреден степен вклопен системот осредно ќе се преобрази. Од 12-25% натрапникот до таа мера го загрозува системот и неговите премиси што на системот му претстои генерална преобразба. Енергетските побарувања се огромни и го загрозуваат системот или одредени составни делови до нивен опстанок. Системот е во период на генерална трансформација и/или се соочува со исчезнување.

И додека вниманието е фокусирано на внатрешните системски процеси малку се обрнува внимание на класичните системски параметри, енергетските побарувања заедно со материјалните ресурси како влез, нивна трансформација и конзумација, непотребнсостите исфрлени како отпадот и неговото складирање како излез. А човековиот систем денес е глобален, планетарен систем. Поединечното, локалното, регионалното, па и контиенталното, се подсистеми на планетарниот систем. Енергетско ресурсната издашност на литосферата и капацитетот на атмосферската и почвената депонија се под знак прашалник пред гладта на мегаполисните популациони црни дупки.

Планетата е пакирана. Либералните цивилизациски подржувачи го величаат богатството на социјалните интеракции и вредноста на културните модели на слободарските индивидуи од популационите јадра. Конзервативните цивилизациски подржувачи го величаат богатсвото на колективните национално религиски вредности на моралните вертикали и особености како историско слободарски придобивки на народите и заедниците. По ѓаволите со приматологијата. Точно е, кај пакираните вкјубучени приматски заедници социјалните интеракции се зголемени за четири пати со изблици на нови социолошки форми, но истоврмено фрустрацијата и агресивноста е зголемена за осум пати. И повторно, по ѓаволите со приматологијата. Точно е, неколкуте сребреногрбни мажјаци горили ја одигруваат својата супрематска ролја  со која се јакне и задржува заедницата, но никогаш во високо популационо пакирани групи и никогаш на штета од поединечните членови од заедницата. Трки без крај и замена на тези.

Планетата фридмановски се израмни. Планетата е тесна, напрегната, нападната. Од арктичките бушотини, преку националните заграбувања на морското дно, до последното примитивно племе во Амазонската прашума, просторните посегнувања одат по за вчера незамисливите маргинални катчиња. Од исфрлениот отпад по реките, преку палењето на шумата за берба на смрчак, до африканското “буш“ месо, нападнати се локалните микро средини. Долга е листата на психосоматските симтопми на системското тело.

Погледнато преку комплексните системи човековиот планетарен систем се наоѓа во вториот дефиниран опсег на толерантност, од 1-4%. Системот е алармиран за проблемите, но истиот функционира по вообичаените парадигми. Проблемите нека ги решаваат специјализираните и за таа намена формирани системски делови. Пробелмите не се генерални и се уште не влијаат на функционирањето на одделните системски делови. Кризата е маргинална, нерамномерно распределена со жешки јадра на поедини места. Можно е многу скоро системот да премине во третиот дефиниран опсег на толерантност. Тука веќе може да зборуваме за забележителни енергетски недостатоци во поедини системски делови и функционални проблеми. Проблемите на планетрано ниво ќе бидат се појасни и повоочливи, повторно нерамномерно распределени по земјината топка, но системски признаени. Системот ќе се обиде со осредни промени и модификации да ја врати ефикасноста и функционалноста без притоа да задира во базичните парадигми и носечките системски делови. Но овие проблеми се од поинаков карактер, посуштински и по неколку години до пар десетлетија, и по неколку падови и растови, ограничените модификации ќе се покажат недоволни и системот ќе го премине последниот праг на толерантност и ќе навлезе во финалната криза каде ќе бидат неопходни парадигматски промени и фундаментални трансформации за да се постигне некоја нова функционална ниша.

Margerie, replacing reserves reaches $80 a barrel

Friday, June 6th, 2008
French oil giant says demand could catch supply World demand for oil may soon outstrip supply as the cost of replacing reserves reaches $80 a barrel, according to the head of Total SA, Europe's third- largest petroleum company. Total's de Margerie fielded a barrage of questions from French deputies over the size of global reserves, rising oil prices and their impact on consumers. The $80 a barrel cost of producing crude is a new "technical" floor for oil prices, he said, adding that oil prices are likely to remain high in the future. "What has hurt most isn't the level of oil prices but the rate at which they have risen," he said. Total said two days ago world oil production will reach a plateau of 95 million barrels a day before 2020, placing a limit on growing energy demand.