Archive for the ‘нафта’ Category

Длабоките Хоризонти

Sunday, June 6th, 2010

На македонскиот граѓанин, како и на американскот, ништо не му значи цифрата меѓу 25,000 и 95,000 барели дневно, колку исфрла вулканот нафта од длабочините на земјата. Но затоа сликите од замастените пеликани од бреговите на Лујзијана остануваат зацртани во потсвеста и ја нема таа „пеликан“ гумичка што може да ги избрише.

Нафтата од длабоките хоризонти според најрелевантните проценки ќе продожи да ја замастува водата и паралелно да го лубрицира гневот на јужњаците со секој поминат ден со долар памалку, се додека помошната бушотина временски предвидена да пробие околу Илинден не го олесни нафтениот притисокот . Отприлика тоа е рокот за пробивање на хименот, или на политичката девица Обама, или на корпоративниот Оттаде Петролеум - BP.

И ние си имаме мома за .. До таму некаде, до фото сесијата на Мечкин Камен, ќе се знае дали нашата политичка мома, која сите знаеме дека не е баш невина, ќе стапне на лудиот камен со менување на презимето - името согласно нашите традиции не се менува. Подготовките за печатење на 15,000 покани, меракот за сончање по градските плажи, возењето со жичници, гладта по кредити, некако ми укажуваат дека момата решила да се .. Но ништо не е готово, додека не зачука тапанот.

Фарма од иднината

Sunday, March 22nd, 2009
апдејт заради недостапност на видеото и плус текст
Фарма за иднината - A farm for the future - е филм на Ребека Хоскниг која по долгогодишната кариера на снимател на дивиот свет се враќа на семејната фарма во Девон. Ребека преку лична приказна е во потрага по одговорите за својата иднина како продолжувач на долгата фамилијарна фармерска традиција произлезени од предикаментот на енергетски осиромашениот свет заради нафтениот врв (peak oil). Согледувајќи дека производствотот на храна во Велика Британија е целосно зависна од изобилието на ефтините фосилни горива, особено нафтата, таа ги поставува прашањата за достапноста на нафтата. Вознемирена од одговорите на авторитетите во оваа област, како Колин Кемпбел и Ричард Хајнберг, таа ги истражува начините на кои се одгледува храната, сегашните и оние кои би можеле да се применат во услови на ниска енергетска иднина. Филмот точно посочува дека современото индустриско земјоделство е некротичен систем во кој почвата веќе е мртва, и без постојаната примена на хемиските ѓубрива земјоделските култури не можат успешно да растат. Во филмот Ребека нуди моќна комбинација на погледи на земјоделието, преку споредбите актуелно и наназад. Враќањето на старите начини на одгледување на храната е речиси невозможно, додека, современиот начин на индустриското земјоделство е неодржлив на подолг рок, и тоа од повеќе аспекти. Одговорот го бара во делот на одржливите земјоделски техники каде суштествено е да се возобнови и воспостави живата почва со своите природни циклуси на кружење на хранливите состојки и со тоа враќањето на плодноста. Во именувањето на овие земјоделски техники еден од одговорите е пермакултурата како дизајн систем заснован на еколошки принципи. Филмот топло го препорачувам на сите кои имаат интерес за земјоделството и храната, но кога уште еднаш ќе размислам, искрено, го препорачувам на сите кои се хранат.