Archive for the ‘општество’ Category

Никовски: Главна цел - да ни се одземе државата, народот – колатерална штета

Sunday, July 18th, 2010

Ристо Никовски во Нова Македонија: Главна цел - да ни се одземе државата, народот – колатерална штета

Продлабочена анализа на настаните низ кои минуваме по распадот на СФРЈ, недвосмислено покажува дека основната причина за проблемите со кои сме соочени е всушност – (карактерот на) државата. Ако систематично се редат камчињата, мозаикот релативно лесно открива дека сите потези на меѓународниот фактор водат во: редефинирање, рекомпонирање, распарчување... или, барем - демакедонизирање на оваа држава. (сопствено болдирање м.з.) Иднината ќе покаже која е точната намера.

Според фактите, целта е македонскиот народ да ја загуби својата држава. Тоа е секако најлесниот начин да се затвори и т.н. „македонско прашање“, кое сé уште, преку сите соседи, го бранува Балканот. Ако нема македонска држава, нема проблеми. Така, националниот идентитет на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, историја... ќе бидат само неизбежна колатерална штета - резултат на загубената држава.

Настаните од 2001 година имаа значајна улога во реализацијата на овие планови. Нам сé уште ни се чини дека тие беа само резултат на случувањата на Косово и на големоалбанските аспирации и ништо повеќе. Но не е така: 2001-та е многу значајна етапа во процесот на демакедонизирање на државата. Договорот од Охрид тоа јасно го потврдува.

Во целиот овој галиматијас, Атина е само формален иницијатор на процесот, додека интересот за него е значајно поширок од грчките аспирации. Впрочем, негови главни носители се други (многу поважни) меѓународни фактори.

Да спомнеме само неколку клучни докази за тоа:

1. Прв чекор – непризнавање на државата. По распадот на СФРЈ, т.н. Бадентерова комисија на ЕЗ оцени дека Македонија ги исполнува условите за признавање. Брисел го игнорираше тоа и не ја призна државата. Зошто?

2. ЕЗ, во јуни 1992 година (Лисабон), признавањето на државата го стави во невозможен контекст – не смее да се користи името (зборот) Македонија! Овој услов, во една или друга форма, е актуелен цело време, а особено денес: државата може да биде прифатена само ако не е македонска. Зошто?

3. Пред околу 18 години Атина ни воведе целосна економска блокада, со затворање на јужната граница. Северната веќе не функционираше поради санкциите врз СР Југославија. Бевме оставени без железнички врски со светот. Никој не реагираше иако тоа беше спротивно на регулативите на ГАТТ (членот 5) со кои меѓународно се гарантираше слободен транзит на (наши) стоки (преку Грција). Тоа траеше речиси две години, што е доволно да се уништи и многу посилна држава од нашата. Зошто се толерираше тоа?

4. СБ на ООН, игнорирајќи го сопствениот Устав (Повелба), не го призна постоењето на македонска држава, и го оспори нејзиното име. Ветувањето дека проблемот ќе се реши за неколку месеци беше чиста измама за да ја проголтаме неправдата. На сите мора да им било јасно дека нашето откажување од сопствената држава не се постигнува брзо.

Најавеното користење на референцата само во системот на ООН е друга лага, бидејќи тоа не беше можно.Кој стоеше зад сето ова и зошто?

5. Привремената спогодба, потпишана во 1995 година и депонирана во ООН, беше 75 проценти во корист на Грција, ама ни гарантираше дека нема да се блокираат нашите евроатлантски интеграции. Оваа клаузула, меѓутоа, се покажа како пречка за реализација на плановите. Влегувањето во НАТО и ЕУ, со референцата, значително би ги намалило шансите да се одземе македонскиот карактер на државата. Уште пред некоја година, кога се сфатило дека таа обврска ќе ја искомплицира ситуацијата, Нимиц јавно изјави дека спогодбата повеќе не важи! Зошто го стори тоа, ако не поради оваа клаузула, која не дозволува блокада на нашите интеграции во НАТО и ЕУ, а таа им е сега главен адут против нашата земја? Кога решивме да се обратиме до судот во Хаг, за непочитувањето на спогодбата, меѓународниот фактор отворено се спротивстави и остро го осуди тоа. Зошто? За наше добро?

6. Картите полека се отвораат и меѓународниот фактор сега е веќе без ракавици: настапува со отворени закани и уцени. Уплашен е, веројатно, дека итно мора да ја постигне целта. Ставот е прецизен: или државата нема да биде македонска, или нема членство во НАТО и во ЕУ.

Овие закани и уцени доаѓаат главно од Вашингтон и од Брисел. Добро е што ние ги сметаме нив за пријатели, ама тоа треба да се прави со многу повеќе дикат.

7.... Овие политики и политички процеси недоволно се детектираат кај нас. Настаните ние ги следиме издвоено, според дневните политички потреби, не во континуитет. Сепак, нешто не е спорно: (речиси) сите основни документи, со кои се реализира оваа стратегија ги подготвил главно Вашингтон (некои во координација со Брисел или членки на ЕУ). Тоа се: резолуциите на СБ за нашиот прием во ООН, Привремената спогодба, предлозите на Нимиц, Охридскиот договор... Дали е тогаш случајно што и најжестокиот притисок врз нашата земја, да се откажеме од сопствената држава, цело време доаѓа од овие центри?

А некои, не кои било, упорно нé уверуваат дека треба да си ја смениме само референцата!?!

--------------

Прашањето е, се чини, изџвакано та преџвакано. Во битката за умот, постојаното подгревање и одржувањето тензија, остава блуткав вкус во устата на восприемачот со секое навраќање на ова прашање. Покрај тоа, сепак, прашањето никако да скисне, доволна потврда тоа за нас  е од витална егзистенцијална природа.

Откако постмодернииот приод и аспекти со деконструкција и дешифрирање на прашањето за името го изгуби здивот и со тоа моќта за привлекување на вниманието, тоа сега воглавно соголено во прегратките од доменот на  класичната политика, геополитика и интереси. Антиквизацијата, колкав му бил на Аце, коњот на Гоце, историските словени, белите пелазги, или моронската теза дека името не е идентитет, веќе не се наметнати медиумски топ теми.

Но, затоа, баналноста и тривијалноста остануваат хакслиева константа. На домашен план, накитени до наконтени со Гручо Маркс украси, од собранискиот насилнички инцидент до сексуљавото соопштение на Уставниот суд, се забележува процесот на засилена политичка таборизација и поларизација во веќе воспоставената системска матрица. Условно, на надворешен план, воочливо до очебол е догматизмот на евроатлантскиот пат и европските определби со сместувањето на анкените резултати и препирките кој е поголем титов пионер, а кој скршнал од патот. Наизглед без идеолошката компонента, а со уздите на европските фондови и на нво парични дотации преврзани на двопартискиот оглав до работните места и минимална материјална живеачка, догматизмот на евроатланскиот пат во својата тоталитарност го надмашува идеолошкиот догматизам на претходниот социјалистички систем. Тој е далеку помоќен и поперфиден во своето делување, не преку директно сузбивање на слободната мисла и иницијатива, туку преку нивно обезмоќување и искривоколчена апсорпција. Убиствените коњаници на каубојската корпоративна глобализација го нудат изборот да бидете јавнати или да ја прифатите судбината на индијанецот.

Назад кон темата, текстот на опитниот и секогаш сериозниот Ристо Никовски не е на блог менито во улога на антипод на медиумско полтичката банализација. Дури мислам дека амбасадорот свесен за ова води сметка за речникот и начинот на образложување за да ја избегне политичката тривијалност. Прецизната таксативност и јасноста во искажаните ставови се дозирани токму од оваа причина. Тоа нималку не ја еродира ерудитско изведената главна мисла на амбасадорот Никовски искажана и во насловницата на текстот.

Да прокоментирам две појави кои ги регистрирав низ придружните коментари во неговата колумна. Прво, инсистирањето до Никовски за понуда и медиумско обеледонување на решенија во актуелната полтичка состојба, правено со малку дикат, би водело кон дополнителна политичка биполаризација и со тоа би било контрапродуктивно. Опсегот на решенија се насетува со изнесеното во самата колумна. И второ, задржувањето на потезите во однос на името од критичниот период 91` - 92`. Бездруго, грешките во тој критичен период се значајни и консеквените опашки ги определиле (не)приликите денес. Но голото вперување прст кон виновникот и истакнување на грешките без соодветен, или вметнати и искористени за било чиј партиски, контекст, претставува токму тоа - гола позиција.

Да ја искористам необврзната блог слобода, со дикат, да понудам метафорично воопштен контекст. Кога човек ќе се најде во животно загрозувачка опасна ситуација, бура на отворено море, искачување на високи врвови, воен конфликт или слични ситуации, ретко се случува една грешка да биде фатална. Најчесто, наместо еден погрешен избор, причината лежи во низа взаемно подржувачки секвенци од погрешно избрани одлуки. Одлуките можеби не изгледаат погрешни во даденото време, но погледнати во ретроспектива тие секако изгледаат така. Крајниот резултат е ситуација во која нема повеќе потези кои не би биле екстремно опасни или бесполезни. Како во шахот, нема повеќе потези - шахмат. Тогаш, при таа ситуација, ниту еден од претходните потези не може да се врати назад. По прашањето на името Македонија не се наоѓа во безизлезна шахмат ситуација. Периодот, сегашната секвенца на одлука, секако е критичен, како во 91`. Тешките последици од тогашната одлука секако влијаат и се чувствуваат, но тие не се оправдание за потезите што треба актуелно да се повлечат. Било каков потег по ова прашање бездруго ќе биде ризичен и болен. Груевски е на потег.

пс. Да сум јас на тоа место би ги прекинал преговорите.

Утрински со тапа преводителство на текст од уредникот на Катимерини, Папахелас

Thursday, July 8th, 2010

Утрински ни приложува класичен пример на тапа превод. Преголемата преводителска слобода на неколку места во текстот тотално ја промашува јасно искажаната мисла на уредникот на Катимерини. И не вреди да ги лоцирам грешките, поаѓајќи од насловот, да ги толкувам намерите на преводните прилагодувања, па дури и да го коментирам самото четиво. Оставам така.

Greece unbound

By Alexis Papachelas

A recent visit to a graduation ceremony at an American college in Thessaloniki gave me an unexpected insight into Greece’s mistakes and missed opportunities over the past 20 years.

The college is a serious nonprofit venture in the field of education and one of the few to have survived and prospered despite the obstacles. It bears no comparison to the dozens of other quasi-official colleges that have emerged in Greece without any substantial control. Interestingly, the top prize went to a student from Skopje. He spoke broken Greek and fluent English, explaining how he loves Greece and how the country offered him a unique opportunity to excel. Some professors recalled the difficulties that the first students from the Former Yugoslav Republic of Macedonia (FYROM) had to overcome when they arrived here. Their parents would often find their cars vandalized.

Most of the distinctions this year went to students from neighboring countries. They are the nascent Balkan elite that will start their professional careers having first spent some good time in Thessaloniki. I could not help but think of the damage caused by the lingering name dispute. It was easy, so easy, to conquer that country, as it were, with investments, offering scholarships to FYROM children. Greece has spent a great deal of capital that was needed to handle other, more serious threats. Now the country must reach a face-saving settlement or risk giving the impression that it is a small, vulnerable nation.

Instead of organizing tacky protests against FYROM, Thessaloniki ought to have opened itself up to its neighbors, making itself a real entrepreneurial, educational, medical and tourist hub for the Balkans. At the same time, I cannot help but think that George Papandreou made a big mistake in undermining the change of Article 16 in the Constitution which would have opened the door for the establishment of private, nonprofit universities. The prime minister yielded to vested interests when he could have given the green light to innovative research centers such as those found in Turkey and Cyprus.

It’s groundless fear and sentimentalism that have so often held us back. Greece can only extract itself from the crisis by breaking free of the complexes that have held it hostage to the mediocre universities and by turning itself into a modern service center for the broader region.

Утрински Весник: „Катимерини“: Каде згрешивме со Скопје

Пред неколку дена присуствував на церемонијата за доделување дипломи на дипломците на еден американски колеџ во Солун. И за еден час на таа церемонија разбрав колку грешки направивме како држава и колку шанси имаме изгубено во последните 20 години. Овој колеџ е една сериозна академска институција која успешно излезе од борбата со законот за приватни факултети во Грција, за разлика од многу останати што изникнаа во државата без никаква контрола.

Она што ме импресионираше беше дека најдобриот студент на годината е од Скопје. На малку „скршен“ грчки и одличен англиски објаснуваше колку ја засакал Грција и дека ова за него е посебно искуство. Некои од тамошните професори се потсетија низ какви проблеми поминуваа првите студенти од ФИРОМ на овој факултет, како, на пример, скршени возила поради скопските регистерски таблички.

Годинава на церемонијата најголем дел од студентите што добија некакво одликување за посебни достигнувања се од соседните држави на Грција. Тие можеби се идната балканска елита, која по неколку години поминати во Солун, почнува да ја гради својата професионална кариера.

Размислував, пред се', за големата грешка што ја направивме кога се заглавивме во „теолошката“ дебата за името. Беше многу лесно да ја „освоиме“ оваа држава со бизнис-инвестиции или, пак, преку финансиски стипендии за студентите што сакаа да дојдат да студираат во Грција. И оваа теза немаше никаква геополитичка добивка за нашата земја. Меѓутоа, го направивме токму спротивното, потрошивме големи пари, кои сега ни се потребни за да ги заштитиме нашите интереси, кои беа под сериозна закана. Сега добро би било да најдеме едно пристојно решение, кое нема целосно да не' засрами, бидејќи во спротивно, може да се стекнеме со слика на поголема држава која „следи команди“ од најмалиот сосед.

Наместо да се слави и да се „креваат востанија“ за проблемот со Скопје, Солун требаше да се отвори повеќе кон соседите и да се изгради како бизнис, академски, медицински и туристички центар на Балканот. Наместо да се вандализираат возила и да се продава национална гордост, солунчани можеа повеќе и попрофесионално да работат на промовирање на грчките интереси во регионот.

Покрај ова, сметам дека премиерот Јоргос Папандреу направи голема грешка со одлуката да го смени член 16 од Уставот, со која се дозволуваше отварање на приватни или непрофитни факултети во Грција. Тогаш потпадна под влијанието на една група универзитетски професори, а ќе можеше да го отвори патот за сериозни обиди за отварање на академски институции, како што тоа го направија Турција и Кипар и полека се издигнуваат како академски центри.

Заклучокот е дека кога реагираме исплашено и емотивно само се враќаме назад. И треба тоа да го паметиме затоа што државата ќе излезе од криза само ако ги избегне синдромите кои ја држат како заложник на просечните и мизерни грчки универзитети и ако успее да се издигне како современ центар за поширокиот балкански регион. (Катимерини)

Но она што сакам да го направам е да преобјавам дел од џаманскиот осврт за Папахелас, таму некаде од средината на 2008, насловен како „Груевски новиот Денкташ“:

It is too late for tears, because, come January, these guys will be nothing more than a footnote in history and Gruevski will be playing his own game in spite of their delayed admonitions. It is extremely difficult to predict which way the debate will go. Most likely nothing will happen and it will join Cyprus on the list of issues to be solved after an entire generation of diplomats retire.

Either way, Greece has the luxury of time because after Bucharest it has gained the advantage and earned the understanding of its partners due to Gruevski’s crude ways. In other words, Greece is faced with another Denktash – not necessarily a bad thing in the long term.

Папахелас, тогаш, се покажа како лош прогнозер и толкувач на состојбите, покрај сите почести и елитни пристапи до центрите на моќ и одлучување. Наспроти него Џаман секогаш е стандардно добар, предобар за македонски стандарди, потврдено низ неговите коментари:

комент 1

коа веќе Папахелас така здушно ја лоцира евроатлантската утка на нашиот мил и драг (за кого како за мене таков си е) премиер Груевски и ни го предочи “можниот“ “веројатниот“ “сигурниот“ исход од горливото мкд прашање, редно е јас да разго(во)рам со една истинска случка ..

.. баш се прашуев шо работи нашио Ханџо у Грција, пишуе ли рипорти од три-четри странички за тамошните крупни јавни и политички ѕверки .. ги праќа ли на Грујо .. особено коа начув за ланската инкогнито посета на Папахелас на Москва каде вечераше со .., му го забораив името .. па после му брифирал на шефот .., упм и на овега му го забораив името .. ама не му кажал шо се имало на менито .. и така тргам за Хеленската Република и застануем ко шо е редот на Богородица да зеам 2 литри узо .. коа веќе идам да го начукам домаќинот Папахелас и така начукани да расчистиме со историското минато .. никому не кажав по дома ама идев со намера Александар да им го даам, а Филип е црвената линија .. наш ќе биде .. за Филип никакви остапки мамето нивно .. и така ме пречекуе Папахелас и одма ме носи на јахтата на Спирос Лацис .. морска храна, салата со ладно цедено уље, узото од 2 литри и лека полека лом се напраивме .. стануем ја да мочам коа у другата кабина Баросо и Путин играат табла .. курва европска мме .. и така олеснет упаѓам назад коа Папхелас прав домаќин .. донел два комада професинални ороспии од Лас Вегас .. вика технолошки вишак биле .. ефтино ги набавил .. и фаќам поубавата да ја носам у соба онака целиот настрвен да и покажам шо е прав македонски патриот .. коа ме разбуди Шербет викајќи на сет глас “секуларизмот падна, Турска исламска држава стана“ ..

комент 2

нели ме прашаш .. позитивно, да .. љубовта кон татковината, родољубието треба да осветлува и да грее но во политичкиве работи умот оди на прво место .. истопорен напред пред се останато .. во последниот дел од записот наведов по кои коридори се одвива оваа политика .. особено преку прикаската .. може малку пренагласено .. но тоа е .. некое мое скромно мислење ..

.. записот е наменет за секој добронамерник .. покрај тоа за властите .. најголемото општествено зло кај нас го лоцирам над се во партизмот .. го преклопува севкупниот општествен живот до најмалите пори .. зарем треба примери, погледни го само блогерајов .. до таму е отидено да луѓето го земаат здраво за готово ..

.. искрено, Груевски го сметам за далеку попозитивен од сите Бранковци, Ради, Бучковци и останатиот ситнеж .. но вистината е дека веќе година дена има забегано .. опозицијата е доволно политички опитна за да го регистрира тоа на својот радар и да напаѓа за популизам, инфлација, непотизам .. нападите се оправдани но од погрешни мотиви, со погрешни акценти, без вертикала и капак се тотални неработници .. мене сите тие патриотски билдања, популизам и саморекламирање ми се повеќе сигнал за слабост на власта отколку за нивна тоталитарна доминација ко што тврди опозицијата .. тие се фокусирани едни наспрам други и 80 проценти од времето и троа помалку од ресурсите ги арчат на тоа .. некое мое мислење е дека Груевски може тотално да ги расканта СДСМ .. а потоа ќе остане на голо .. и како што обично бива, невремето ќе дојде од страна .. ненадејно .. леб и циркуси .. и порцијата леб доволно ќе се намали да на ражен ојде лавот .. затоа постојано повторувам: храна и енергија .. наполни ги амбарите, засеј нивите, далноводите нека прштат, нафтените складови нека прелеваат, накрцај народната банка со злато ..

.. а како до тоа со партизам .. без креација и слободна имагинација .. без ум и без знаење .. затоа си велам .. нека се апси кој е виновен ама со секое апсење нека се отвори партиската клешта за еден степен .. умот нека биде истопорен напред ..

.. ако Македонија има пет милјарди Грција има тристотини .. не е се во парите .. има мотивација, љубов, аргументи .. се собрано пак ѕидот на Грците е пет-шест пати повисок од нашиот .. па како до слободата, до воздух .. ситуацијата сега ми наликува на собран народ за да ги потпира нашите темели наспрам пет пати повисокиот ѕид .. само сила и приземен патриотизам нема да не избави од невољата .. нека се пуштат лабавите тули од грчкиот ѕид да паднат во нашиот двор па дигај угоре .. камо скали и потпирање таму каде треба, при врвовите .. и како до тоа со партизам, без креација, без имагинација, без умот истопорен напред ..

.. ова е некое мое мислење на зададената и незададената тема .. инаку не сум некој претерано умен, значаен, вреден, креативен .. но како илустрација .. ете го начекав денес Волан со спуштени гаќи .. и му велам “крени си ги гаќите“ .. и тој не ме есапи и тера ко да е облечен за на свадба .. па сега замисли да му кажуем на Грујо оти гаќите му се скинати .. тоа е, кај нас голотијата не се шубе .. од партизмот ќе да е .. ебаму стопанката ..

.. да не должам .. ај здраво!

Непринципиелниот до некадарност ум кој заради комфорноста на сопствената задница не може да ги препознае џамански точно лоцираните фалинки пред пар години ќе биде изложен на грчката казна, сликовито приложена низ горната карикатура. ЈБГ, тоа што сега го гледам Грујо натртен со свиснати цицки до земја, не значи дека некој мене ќе ми ја набива грчката казна. Тоа што БЦ и компанија велат дека не болело апсолутно не е никаво оправдание за завземената политичка поза. Кога толку домашната политичко - медиумско - невладино - експертска елита ја сака мазо позата нема никаква причина, наместо од хел-ас-тична, да не биде услишена од македонската казна. Македонски Господа и нивните подржувачи, Очекувајте ја! ..

.. за пар години