Archive for the ‘пермакултура’ Category

Градината на Емилија

Wednesday, March 3rd, 2010

И како што вели краткото објаснение што оди со видеото: се работи за образовно видео за no-till синергетско градинарство во кое се опишуваат чекор-по-чекор процесите развиени од Емилија Хазелип во градењето на еколошкото земјоделство без орање и без копање. Изворно градинарството без орање се заснива на работата и идеите од Фукуока. Емилија прави културни и климатски адаптации кои се развивани во текот на годините на истражување и проби.

Лично, термините од типот на `синергетско градинарство` мислам дека нема да имаат целосна прифатливост од македонската градинарска почва и воопшто треба да се бараат посоодветни и адаптирани термини за оваа почва. Оттука и неутралната измена на насловот, наместо Emilia Hazelip Synergistic Garden - Градината на Емилија.

Екопарк :(

Monday, February 15th, 2010
Уште една тажна приказна од нашето секојдневие. Просторот за жалопјки ионака е стеснет до беспредметност, така да дозволете си го накратко, само за момент.
Приказната со Екопаркот, никулецот надеж во изведба на дечките и девојките од Зелената Арка, не треба да обесхрабрува, ниту да остане фортуна за ретките благородни иницијативи. Приказната за Екопаркот во Карпош 4 нека биде прстот што покажува кон нечии глупави постапки. Разрушениот Екопарк нека биде прстот што опоменува за тоа кои сме и до каде сме. Но оваа тажна приказна мора да биде и прстот потпрен на нашите глави за поука и промисла околу начините, заштитата и реализацијата на идните благородни иницијативи.