Archive for the ‘расказ’ Category

Силфиум, античкото срце од Кирена

Thursday, March 11th, 2010

Пред отприлика 2600 години, голема суша допловила на островот Тера во Егејското Море. Жителите биле бројни, прекубројни за скудните ресурси на малиот вулкански остров, многудетни за лебот им насушен. Решиле да фрлаат ждрепка, кои од жителите ќе го напуштат островот, кои ќе останат. Наполниле крцати два кораба луѓе, и ги испратиле, секому по корка леб и вреќа ксмет. На разделба многумина молчешкум помислиле, и од тие што кинисале, и од тие што останале, „ах, камо неколку дечиња помалку да имавме, сега не ќе се раздлевме.“

Ксметот на југ ги повел и до северноафриканскиот брегот ги довел. Луѓето се скрасиле на работ од плодната депресија и го заградиле градот Кирена (Cyrene), по кого и ден денешен се именува областа Киренајка во Либија.

Луѓето се зафатилеи си живееле, кој ковач, кој сточар, кој терзија. Но, никој од жителите на Кирена не можел да претпостави ниту во најлудите соништа дека столб на севкупното живеење и економија на градот ќе стане локалното растение Силфиум (Silphium), див разијан сличен на анасон, но многу многу поголем. Скапоценото растение кое имало семе во облик на срце се користело како лек, делувало против кашлица, разни болки и тртки, додека од исцедокот на засеченото растение се правел вкусен резок сок. Но сите овие благодети на силфиумот не биле ништо наспрам неговата двојна моќ во креветот, како контрацептивно средство и како афродизијак. Силфиумот бил надалеку и нашироко познат во античкиот свет. На сите познати и непознати јазици се раскажувало и се шепотело - по александриските пазари, во колосеумот римски, дворовите на кралска Пела, та се до распнатиот во пустина персиски шатор и слоновата корпа на индиските махараџи – “ќе водиме љубов се дури имаме силфиум“.

Монета од Кирена - силфиум и жена како се допира долу

Најпознатиот римски гениколог и физичар од тоа време, по име Соранус, тврдеше дека е доволно жената еднаш месечно да пие сок од силфиум растворен во вода за да ја спречи бременоста, и не само тоа, туку сокот од силфиум може да го спере веќе постоечкиот плод стар до 40 дена. Алтернативно, може малку волна да се натопи во сокот од силфиум и накратко да се вметне во вагината за продолжено задоволство на обата партнери и нула ризик од несакана бременост.

Очекувано, слифиумот е претсатвен на сребрените и златните монети, и како да не биде, кога, во одредени периоди семето-срце наместо злато се чувало во трезорите на Кирена. И постоеле безброј обиди растението да се култивира, да се расадува и пресадува, но сите биле неуспешни. Срцето не растело никаде на друго место. Семето не виреело никаде на друго место. Откога се појавиле натрапниците и шферцерите на оваа уникатно богатсво побарувано и вреднувано ширум стариот свет, Кирена со кралски указ ја регулирала жетвата и правата на користење на љубовното растение. Слодострастието и уживањето во сексот станало кралска работа.

Монета од Кирена - семе на силфиум во облик на срце

Во златните години на Рим, широката употребата на силфиумот во империјата не влијаел единствено на љубовниот живот, туку имал редица последици. Наталитетот значително се намалил, животниот век се зголемил, богатството се слевало од сите страни. Постоело изобилие на храна, поетите рецитирале, скулпторите вајале, населението било задоволно и имало релативно малку војни. Но секое задоволство кратко трае, та нека е и силфиумовото продолжено и вознесувачко задоволство на семето срце. Не се знае како, не се знае зошто, историчарите ретко ги бележат тие моменти, но се знае преку сведоштвото на Плиниј Постариот во 1 век од нашата ера дека последната грмушка силфион била пратена на имераторот Нерон да ја задоволи неговата “љубопитност.“ Се говори дека поради низа управни грешки и лоши римски империјални намесници силфиумот бил препуштен на прекумерната испаша од локалните сточари, или дека алчноста допринела шферцот да му отстапи место на строгиот кралски указ. Сеедно, со исчезнувањето на силфиумот исчезнува една ера, антиката со нејзинта фолозофија, морал, етика и општествена политичка творба, додека, паралелно се раѓа нова, ера каде контрацепцивните моќи на силфиумот не можеле да влијаат, ерата на христијанството.

-----------

античко објаснување на сликата - сакам да имам секс со ЕУ без обврски

Брод со будалетинки

Sunday, September 6th, 2009
Едно време, капетанот и бродските офицери станаа самобендисани во нивната пловидба, исполнети со горделивост и импресионирани од самите себе, тие побудалеа. Го завртеа бродот на север и пловеа се додека не стасаа до ледени брегови и опасни санти, и продолжија да пловат на север во се поопасните води, само за да си овозможат себеси уште побрилијантни потфати во морепловството. И додека бродот посегаше по високите географски ширирни, патниците и екипажот се чувствуваа се повеќе нелагодно. Започнаа меѓусебни расправии и жалопојки за условите во кој живееа.

“ Се скоцкав,“ кажа еден вичен марнар, “ова е најлошото патување на кое сум бил. Палубата е покриена со мраз; кога сум на надгледување ветерот ми ја пара јакната како со нож; секогаш кога го собирам главното едро, клетото скоро ми ги смрзнува прстите; и се што добивам за возврат се бедни пет шилинга месечно!“

“ Најде кој да зборува!“ кажа дамата патник. “ Јас не можам да спијам ноќе од студ. Дамите на бродот не добиваат покривки колку и мажите. Ова не е фер!“.

Морнарот Мексиканец избувна: “ Чингадо! Јас добивам само половина од платата на Англо морнарот. Нам ни треба обилна храна за да се згрееме при оваа клима, и јас не го добивма својот дел; Англите добиваат повеќе. И најлошото е што офицерите наредбите ги даваат на Англиски наместо на Шпански.“

“ Јас имам најповеќе причини за поплаки од останатите,“ проговори Индијанецот морнар. “ Доколку бледоликите не ни ја грабнаа прадедовската земја, јас немаше да бидам на бродов, тука меѓу ледените брегови и артичките ветрови. Ќе си веслав со кануто на мирно и убаво езеро. Заслужувам компензација. Во краен случај, капетанот треба да ме пушти да водам коцкарски игри така да можам да заработам малку пари.“

И подофицерот проговори: “Вчера првиот офицер ме нарече ‘шеќерче‘ само затоа што пушам курови. Јас имам право да пушам курови без да ме именуваат поради тоа!“

“Не се само луѓето тие кои се запоставени на бродот“ - се замеша во муабетот љубителката на животни со глас треперлив од лутина. “ Затоа што минатата недела го видов вториот офицер како го клоцна бродското куче двапати!“.

Еден од патниците беше универзитетски професор. Стискајќи ги рацете тој изјави, “ Сето ова е страшно! Ова е расизам, хомофобија, полова и родова дискриминација, експлоатација на работничката класа! Чиста дискриминација! Мора да има социјална правда: еднакви дневници за Мексиканскиот морнар, повисоки плати за сите морнари, компензација за Индијанците, подеднакво ќебиња за дамите, загарантирано право за пушење курови, и да нема повеќе шутирање на кучињата!“

“Да, да!“ повикаа патниците. “ Јухууу!“ викаше екипажот. “ Ова е дискриминација! Мора да си ги бараме правата!“

Момчето собар се закашла да го прочисти грлото. “ Сите вие имате добри причини за жалба. Но мене ми се чини дека она што навистина треба да го направиме е да се сврти бродот и да се упатиме повторно на југ, бидејќи ако продолжиме на север сигурно ќе се уништиме порано или подоцна, и тогаш вашите дневници, вашите покривки, и правата за пушење курови нема да бидат од никаква полза, затоа што сите ќе се удавиме.“ Но никој не обрна внимание на момчето, затоа што тоа беше само собарче.

Капетанот и неговите офицери, од салата на горната палуба, гледаа и слушаа. Тие се смешкаа и намигнуваа еден кон друг, и на знак од капетанот третиот офицер се симна на долната палуба, се прошета до местото каде се беа собрале патниците и екипажот, и го раскрчи патот меѓу насобраните. Стави сериозен изглед на своето лице и прозборе: “ Ние офицерите мора да признаеме дека некој непростливи работи се случуваат на овој брод. Ние не знаевме колку е лоша ситуацијата се додека не ги слушнавме вашите поплаки. Ние сме луѓе со добра воља и сакаме да ја оправиме работата. Но, добро, капетанот е малку конзервативен и ги средува работите на свој начин, и мора малку да се размрда пред да воведе значителни промени. Моето лично мислење е дека ако протестирате жестоко – но секогаш мирно и без да ги нарушувате бродските правила – тогаш ќе го раздрмате капетанот од неговата инерција и ќе го принудите да се позанимава со вашите проблеми за кои со право се жалите.“

Откако го кажа своето, третиот офицер се упати кон горната палуба. Додека заминуваше, патниците и екипажот извикуваа по него, “ Опортуниста! Реформатор! Либерал! Капетанска кукла!“ Но и покрај сето тоа направија онака како им беше речено. Се собраа под главната палуба, извикуваа навреди кон офицерите, и ги бараа своите права: “ Сакам повисоки дневници и подобри работни услови,“ извикуваше вредниот морнар. “ Еднакво ќебиња за жените,“ врескаше дамата патник. “ Сакам да ги добивам наребите на Шпански,“ викаше морнарот Мексиканец. “ Барам коцкарница,“ довикуваше морнарот Индијанец. “ Не сакам да ме нарекуваат шеќерче,“ слатко довикуваше подофицерот. “ Никогаш повеќе клоци за кучињата,“ се приклучи љубителката на животни. “ Револуција сега,“ довикуваше професорот.

Капетанот и бродските офицери се збраа заедно и дебатираа неколку минути, си намигнуваа, климаа со главите и некое време се смешкаа еден со друг. Тогаш капетанот истапи напред кон крмата и, со големо покажување на благонаклоност, обзнани дека платата на вичниот морнар ќе биде зголемена на шест шилинзи месечно; дневницата на морнарот Мексиканец ќе биде две-третини од онаа на Англо морнарот, и дека наредбата за прибирање на едрата ќе се издава на двојазично, вклучително и на Шпански; дамите патници ќе добијат по едно ќебе повеќе; на морнарот Индијанец ќе му се дозволи да организира коцкање на бродот во Сабота навечер; подофицерот нема да биде нарекуван шеќерче се додека пушењето курови биде стриктно приватна работа; и кучето нема да биде клоцано се додека не направи нешто лошо, како крадење храна од трпезаријата.

Патниците и екипажот ги прославија овие одстапки како голема победа, но следното утро тие повторно се чувствуваа незадовлно. “ Шест шилинзи месечно е милостина, a прстите сеуште ми мрзнат кога го прибираме главното едро,“ мрмореше вичниот морнар. “ Јас се уште не ги добивам дневниците на Англо морнарите и храната не е доволна за ваква клима,“ се пожали морнарот Мексиканец. “ Ние жените не добиваме доволно ќебиња за да се стоплиме,“ кажа дамата патник. Останатиот екипаж и патниците изразија слични поплаки, и професерот повторно подбуцнуваше.

Кога тие завршија, момчето собар прозборе, овојпат погласно така да останатите не можат лесно да го игнорираат: “ Навистина е ужасно кучето да биде удирано за подкраднување на малку лебче од трпезаријата, и дамата да нема подеднакво ќебиња, и на вичниот морнар  да му мрзнат прстите; и јас не гледам зошто подофицерот да не пуши курови ако сака. Но погледнете колку се дебели ледените брегови сега, и како ветерот дува се посилно и посилно! Ние мора да го завртиме бродот кон југ, затоа што ако продолжиме на север ние ќе потонеме и ќе се удавиме.“

“ О, да,“ кажа подофицерот. “ Толку е страшно што уште одиме кон север. Но зошто морам да пушам курови по клозети? Зошто да ме нарекуваат шеќерче? Во што сум јас полош од другите?“ “ Пловењето на север е грозно,“ кажа дамата патник. “ Но зарем не гледате? Токму затоа на жените им требаат ќебиња за да се стоплат. Јас барам подеднакво ќебиња за жените сега!“ “ Тоа е наполно точно,“ кажа универзитетскиот професор, “ дека пловењето на север ни предизвикува на сите големи невољи. Но промената на курсот на југ не би била реалистична. Не може да се врати времето наназад. Ние мора да најдеме серизен начин за да се справиме со ситуацијава.“

“ Видете,“ рече момчето собар, “ ако им дозволиме на четворицата лудаци од горната палуба да продолжат во иста насока, сите ќе се удавиме. Ако го ослободиме овој брод од опасноста, тогаш ќе може да се посветиме на работните услови, ќебиња за жените, и правата за пушење курови. Но најпрво мора да го завртиме бродот кон југ. Ако неколку од нас се собереме заедно, направиме план, и покажеме малку храброст, имаме можност да се спасиме себеси. Нема да има потреба од многумина – шест или осум души ќе бидат доволни. Може да го превземеме кормилото, да ги исфрлиме лудаците вон бродот, и да го завртиме бродот кон југ.“

Професорот го подигна носот и рече одсечно, “ Јас не верувам во насилство. Тоа е неморално.“ “ Не е етично под било кои услови да се употреби насилие,“ кажа подофицерот. “ Јас сум престрашена од насилство,“ кажа дамата патник.

Капетанот и офицерите сето тоа го гледаа и слушаа. На знак од капетанот, третиот офицер се симна на главната палуба. Тој се упати кон патниците и екипажот кажувајќи им дека се уште има многу проблеми на бродот. “ Ние направивме одреден прогрес, но многу останува да се сработи. Работните услови за вичниот морнар сеуште се тешки, Мексиканецот не ги добива надниците како Англо морнарите, жените сеуште немаат ќебиња како и мажите, приредувањето на коцката во Сабота вечер е само делумна компензација за загубената земја, не е фер подофицерот да пуши курови по клозети, и навистина кучето повремено добива јаки клоци. Мислам дека капетанот треба пак да се размрда. Од голема помош би било ако повторно направите протест – се додека е ненасилен.“

Додека третиот офицер одеше назад кон горната палуба патниците и екипажот извикуваа навреди кон него, но како и да е, повторно се собраа наспроти горната палуба да протестираат. Насобраните ги подигнаа налутено горе своите тупаници, дури и фрлија неколку расипани јајца кон капетанот ( кои тој вешто ги избегна).

Откако ги слушнаа поплаките, капетанот и офицерите заседнаа да дебатираат, и во исто време си намигнуваа и си делеа меѓусебно широки насмевки. Тогаш капетанот истапи напред кон палубата и објави дека вичниот морнар ќе добие ракавици за да ги стопли прстите, морнарот Мексиканец ќе добие три-четвртини од платата на Англо морнарот, жените ќе добијат уште по едно ќебе, Индијанецот ќе приредува коцка во Сабота и Недела навечер, подофицерот ќе може да пуши курови јавно по самрак, и никој нема да го шутка кучето без специјална дозвола од капетанот.

Патниците и екипажот беа еуфорични по ваква голема револуционерна победа, но по неколку дена повторно се чувствуваа незадоволно и мрмореа за истите стари тешкотии.

Момчето собар овој пат стануваше налутено. “ Вие проклети будалетинки!“ се дереше момчето. “ Зарем не гледате што прават капетанот и офицерите? Тие ве држат окупирани со вашите тривијални жалби за ќебиња и надници и за клоците по кучето, така да не можете да мислите што навистина се случува на бродот – тоа е дека одиме се посеверно и дека на крајот сите ќе се удавиме. Ако само неколку од нас дојдеме при разум, заедно се собереме, го превземеме кормилото, ние може да го завртиме бродот и да се спасиме. Но се што правите е цимолење за ништожни мали работи како работните услови или коцката или правата за пушење курци.“

Патниците и екипажот беа навредени. “ Ништожни!!“ викаше Мексиканецот, “ Дали мислиш дека е разумно јас да добивам три-четвртини од платата на Англо морнарот? Тоа ли е ништожно?“ “ Како можеш мојата жалба да ја наречеш тривијална?“ се развика подофицерот. “ Не знаеш ли колку понижувачки е да те викаат шеќерче?“ “ Удирањето на куче не е мало ништожно прашање!“ врескаше љубителката на животни. “Тоа е сурово и брутално!“

“ Добро тогаш,“ одговори момчето собарче. “ Овие прашања не се тривијални, ниту ништожни. Удирањето животни е сурово и брутално, и понижувачки е да те нарекуваат шеќерче. Но во споредба со нашиот реален проблем – во споредба со фактот дека бродот плови на север – вашите поплаки се ништожни и тривијални, затоа што ако наскоро не ја смениме насоката, сите ќе се удавиме.“

“ Фашист!“ кажа професорот. “ Контрареволуционер!“ кажа дамата патник. Патниците и екипажот збеснуваа наизменично еден по друг нарекувајќи го момчето фашист и контрареволуционер. Го оттурнаа од себе и почнаа повторно да мрморат за платите, и за ќебиња на жените, и за правото на пушење курови, и за тоа како е третирано кучето. Бродот продолжи да плови на север, по некое време се скрши во судар меѓу две санти мраз и сите се удавија.

******

Автор на расказот е Тед Качински – унабомбер (UNiversity+Airline+BOMber).

Што да ви кажам, терорист, подметнувач на бомби, анархиста, генијалец, шизофренија, долга и најскапа потрага на ФБИ, три убиени и 29 повредени. Автор на  Industrial Society and Its Future , манифестот на унабомберот, предаден од брат му на полицијата по објавувањето на манифестот во познати американски весници, пустиник, идеи против идустриско-технолошкото општество, доктор по математика, доживотен затвор без право на помилување, обид за самоубиство. Животниот пат на Качински плаче за една добра екранизација.