Archive for the ‘когниција’ Category

Етно игрички

Friday, September 24th, 2010
Етнички игри

Косово, протести, камења, Балкан, етнички напнатости, стравувања и групирања. Сето тоа не е доволна причина, да не си поиграме, особено ако си играме со играчките на големите момчиња. Може да биде интересно.

А големите момчиња си играат со јаки компјутери, креирање на вештачки (artificial) општества, прилагодливи комплексни системи, моделирање на животи и територии, стратегии. Еден од пионерите во оваа област е Thomas Schelling, економист нобеловец од 2005, професор по надворешни работи, национална одбрана, нуклеарна стратегија, креаторот на едно упростено вештачко маало пред триесетина години.

Интересот на професорот Шелинг за колективната организација и дезорганизација го навела професорот појавата на комплексните динамички социјални патеки да ја поврзе со дејстувањето на поединците, кои, во суштина, следат едноставни правила. Овие индивидуални повинувања на едноставните правила може наеднаш да доведат до промени, и свртувања, во комлексните системи.

Неговата размисла, и опсеравција,  била фокусирана на прашањето за сегрегацијата во Америка. Тешко е да се најдат соседства во кои, да речеме, немаме преовладување на белците или црнците помало од 70-80%. Расното групирање вообичаено ја следи “U“-кривата, изборот помеѓу двата екстрема. Но што ако ова не е произлез на екстремен и длавоко всаден расизам, или национализам. Својата интуиција, дека ќе се добие многу повеќе сегрегација отколку што се обично се очекува ако луѓето од заедничкиот простор се остават на слободно взаемодејство, професорот Шилинг ја преточува во математичка, па компјутерска, игра со одредени правила. Основна карактеристика при моделирањето на системите на динамичното општество е тоа што за чинителите, поединците или некоја друга микро општествена единица, претпоставува дејство кое произлегува од проценката во најблиското опкружување, или чинителите немаат познавања за поширокото општество.

Во играта имаме црвени и плави. Секое поле претставува замислено домаќинство. Што ќе се случи ако секое домаќинство, црвено или плаво, посака да биде сосед со две од истобојните домаќинства од околните шест. Резулатите од произволниот почетен распоред на црвените и плавите полиња, без празни места на таблата, е пред Вас.

Слика1 е составена од последователни временски исечоци на резултатите од таблата каде имаме слободна интеракција на чинителите. Веднаш по првиот рандом фрејм, на вториот фрејм имаме забележителна обоена гравитација. Веќе со третиот исечок имаме изразита поделеност, додека четвртиот конечен фрејм донесува само ситни корекции во контурите. Бидејќи имаме произволен почетен распоред на обоените полиња се добиваат и различни резултати од симулацијата, но прикажаниот резултат е типичен. Во симулираната динамичка упростена игра немаме претпоставена силна етноцентричност, туку само желба за одредена “нормална“ перцепција за етничко-идентитетно поврзување. Овие луѓе би биле перфектно среќни и во пата-пата обоено соседство, но на таблата сосема поинаку се подредени боите, без интенција.

Но, што се случува кога како почетен услов имаме барање за само еден сосед од иста боја (слика2). Другите претпоставки се исти како претходните. Овој пат резултатите се помалку драстични, а сепак имаме диференцијација со тек на времето, од фрејм до фрејм. Интересни резултати на експерименталната табла со луѓето кои посакале единствено да не бидат “сами“, идентитетно изолирани.

Од бенигната игра со расната обоеност на американските соседства да се префрлиме на игрите со примитивните Балканци. За овие простори стандардно се употребуваат зборовите, како, етничко чистење, геноцид, војни, насилие, желби за вековни нереализирани Големи … како создадени за игри со симулација на таблите. По се изгледа дека овој тип на игри повеќе ни прилегаат. Ако за првите соодветсвува финото подредување, општество кое се подредува систематски но несвесно, за Балканот соодветсвува системското но несвесно растурање.

Една таква игра доаѓа од Центарот за Социолошка и Економска Динамика на Brookings Institution симулирана од Joshua Epstein. Безредија, улично насилство, масовни убиства, геноцид, сите овие несакани општествени појави, се случуваат ненадејно, каде имаме точка на прекршување карактеристична за динамичните комплексни системи. Каде исчезнуваат граѓаните почитувачи на законот, мирољубивите и благородни луѓе, кои за час се преобразуваат во насилници, убијци? Покрај психолошко-социолошките одредници за толпата, заразата со насилство, и слично, социолозите од Брукингс Инситутот нудат сознанија дека луѓето во тие ситуации сепак остануваат рационални, ја зачувуваат индивидуалноста, и имаат сосем добра проценка на ситуацијата во која се нашле. Масовното лудило, колективната хистерија, според Епштајн, е само илузија. ( IMO, илузија е несоодветен збор за умствената рационализација која ја прави мозокот во тие животни ситуациии. Критиката која би произлегла од потребата за математичко формулирање на комплексните динамички модели е сосема разбирлива, несовршена и докрај недофатлива, како што ни се недофатливи докрај линиите на мозочното спојување и разделување. Сепак ова е издржан обид за отсликување на умствените магистрали и автопатишта во математички формули, и тоа е веќе опиплива варијабла.)

Во моделите на Епштајн секој чинител има зададени обележја: незадоволство, етничка нетрпеливост, и воља за ризикување на апсење, како и стандардната карактеристика – делување според тоа што се случува во непосредното соседство и неможноста за согледување на севкупната слика во општеството. Во оваа игра на вештачки геноцид имаме зелени и плави. Чинителите (луѓето) се поставени во услови на етничка тензија. Со зголемување на тензијата одредени чинители, во случајов обоените точки, се “активираат“ – што може да биде хулиганско ограбување, или убиство. Ова активирање е означено со црвена боја, незадоволството или омразата на чинителите го надминува стравот од апсење, или последиците.

На слика3 имаме ситуација каде етничките тензии го надминале прагот на активирање и на првиот фрејм имаме убиства на произволни места, означени со црвено. На почетокот ова е масовно, поплава од црвени точки, но со тек на времето популацијата е намалена и следува групирање на одредени простори, а бројот на убиства се намалува (фрејм2). Со фрејмот 3 плавите и зелените се поделени и имаме насилства по линиите на разграничување. Симулацијата продолжува и последните исечоци зборуваат сами за себе. Резултатите од многубројните симулации говорат дека ниедна страна во случајов не е во предност, шансите да надвладее подеднакви за зелените или плавите. Балансот се одлучува со некој рандом настан на теренот.

Во следната симулација имаме дополнителен елемент во играта – мировници означени со црно. Правилото за нив е да го уапсат активираниот чинител. Кога се тие во близина помалку запалените глави се повлекуваат од активностите кои инаку би ги сториле. Резулатите од симулацијата со мировниците се поинакви. На почетокот, фрејм 1, имаме насилства но во помал број. Тие кои ќе направат недело се апсени и отстрането од таблата. Иако насилствата се локализирани, фрејм 2, тие продолжуваат поради недоволниот број мировници, се до фрејмот 3, каде  имаме создадено енклави кои можат да се покријат со бројот на мировници по линиите на разграничување. Но доколку мировниците се повлечат …

Претставените примери на игри се упростени верзии на игрите кои ги симулираат големите момчиња со своите процесорски моќни машини. Тие се само добар вовед во темата, погодни за мали когнитивни исчекори. На овие простори коридорно-судбинската географија си го прави своето и покривањето со розева желбовна постелнина нема да пренесе таква боја во јавето. Лупањето со коментари или лупањето со камења, на блогерско или на улично ниво, не може да ги донесе посакуваните резултати. Но сепак на  некое друго ниво може да покрене ланец на реакции кои може да бидат клучни, или насушни.

Овие модели покажуваат дека и најпростите општествено организации може да доведат без интенција до симултан ред: резултатите во ниедна смисла не се случајни и во ниедна смисла не се намерни. Комплексноста може да биде причина за грижа на креаторите на политиките, затоа што во себе ја носи нестабилноста на општестената и економската динамика со многу непредвидливости и можноста за покривање. Но таа може да биде и алатка овозможувајќи покренување на голем ланец на посакувани реакции, со мала и фокусирана акција.

Резултатите кои утре ќе ги одживееме на сопствена кожа ќе зависат од тоа дали луѓето од врвовите на нашето општествено-политичкото скалило, оние со моќ на одлука,  денес покрај себе имале соработници кои со јаки компјутери ги направиле вистинските игри на симулација или пак крај себе имале само симулатори.

***

Во креирање на записот најповеќе е користена обемната и содржајна статија на Atlantic.com (од каде се превземени и сликите).

Тематско дополнување: Затвореничка Дилема и Песочно Купче

--------------------------

Репринт: прилика да ги уфрлам сликите, ги немаше.

Коментар: Се разбира оти се упростени примериве, повеќе се вовед во проблематиката. Никој, барем троа паметен, не кажува дека може да квантифицира ни приближно нешто толку комплексно како општествениот живот. Но ако разгледаш во кои области е ставен фокусот на комплексната социолошка динамика ќе се види дека не е без врска обидот, и без резултати.

Она во што сум прилично уверен е дека од толку многу борци, првоборци, политика, агенди и идеологии, не се гледа теренот од каде сите тие “глупости“ црпат сила и колку се далеку од метата во која се колнат дека стрелаат. Сите би да се качат на кровот, а никој не ги гледа темелите. Јас барем ја сметам оваа проблематика од “темелните“, во тој контекст нека се разбере записот.

Ажурирање: Утрово налетав на Радикална Картографија.

Any city-dweller knows that most neighborhoods don't have stark boundaries. Yet on maps, neighborhoods are almost always drawn as perfectly bounded areas, miniature territorial states of ethnicity or class. This is especially true for Chicago, where the delimitation of Chicago's official “community areas” in the 1920s was one of the hallmarks of the famous Chicago School of urban sociology.

И како што вели Бизнис инсајдерот: Америка е позната како „големиот котел на топење“ но вистинската слика повеќе наликува на сервирана чинија “онде грашок, ваму месо, таму компир“. Со други зборови кажано, во големите американски градови постои јасно изразена расна/етничка сегрегација. Илистрирано (Image: Eric Fischer on flickr) низ сликички каде секоја точка претставува 25 луѓе: црвени точки - белци, плави точки - црнци, зелени точки - азијати и портокалови точки - хиспанероси.

Њу Јорк

Лос Ангелес

Детроит

и Чикаго од каде доаѓа Претседателот Обама

Околу перцепциите, контрапропагандата, економијата

Thursday, July 1st, 2010
Мојот претходен запис е класичен пример на контрапропаганда на катадневното бомбардирање со несушествени вести и изјави од безмалку сите медиуми. Ако прашате - зошто? Одговорот - неопходно е некој и тоа да го прави. На второто зошто ќе појдам одоколу. Преку економијата. Ambrose Evans-Pritchard во Телеграф ќе напише:
Economics should never be treated as a science. Its claims are not falsifiable, which is why economists can disagree so violently among themselves: a rarer spectacle in science, where disputes are usually resolved one way or another by hard data. It is a branch of anthropology and psychology, a moral discipline if you like. Anybody who loses sight of this is a public nuisance ...
Веќе на неколку наврати изнесував дека економијата не е наука, во контраст со природните  науки. Томас Кун со неговата природа на научните револуции мошне добро ги забележува и презентира критериумите на “научноста“, кои потоа ги превзема и прилагодува на општествен терен Карл Попер во неговото отворено општество. И да не остане низата куса, на неа се надоврзува Џорџ Сорос со неговата пазарна рефлексивност на полето на економијата. Но веќе пишував нешто за тоа, па да се послужам.
Од поперовото отворено општество како извориште на идеите во писанијата на Сорос во новата книга фокусот е на рефлексивноста (reflexivity) видена кај финансиските пазари. Накратко, концептот на рефлексивноста кажува дека индивидуалните инклинации на индивидуалните играчи на пазарот  отенцијално ги менуваат фундаментите на она `идеално` пазарно функционирање. Или погрешните перцепции на економските учесници на едно место може да доведат до реални перцепции за економските показатели на друго место со што се прави засилувачка повратна врска која доведува до финансиски балон кој неизбежно ќе дојде до состојба на нестабилност поради фаличноста на почетната перцепција. Ова објаснување може да биде примамлива интелектуална мамка за понекој финансиски сом, иако рака на срце во себе вклучува достаточно интересни поставки и разработки од кој има што да се научи. Но додека Сорос, човекот што ја скрши британската фунта, во финансискиот дел ќе се држи за концептот на рефлексивноста, во општествените размисли тој говори за фалинката на отвореното општество дефинирана како “постмодрен идиом“. Вака ја објаснува фалинката, “Политичкиот дискурс не е задолжително насочен во потрага по вистината. Му верував на Попер и ги направив тие грешки поради нашата преокупација со потрага по вистината. За среќа, овие грешки не се фатални затоа што основата за критичкото мислење останува нечепната и овие грешки може да се поправат. Треба да се признаат разликите помеѓу природните и општествените науки.“ и следното “Постмодерниот однос кон реалноста е многу поопасен. И додека тој открадна добро парче од Просветленоста со откритието дека реалноста може да се манипулира, тој не ја признава потрагата по вистината како неопходност. Последователно, тоа овозможува манипулацијата на реалноста да остане неспречена. Зошто е тоа опасно? Затоа што во отсаство на соодветно разбирање резултатите од манипулацијата може да бидат радикално различни од очекуваното.
Збиено, Сорос е голема лисица и велемајстор на финасиските пазари, воопшто не греши со делувачката рефлексивност на пазарите, но по дифолт нема чесни намери. Напросто, затоа што не е отворен со отвореното општество кое наводно му при срце. Да бидам поразбирлив, со падот на пазарите пред две години паднаа и дотогаш актуелните теортски поставки на економската теорија базирана на пазарната ефикасност.  Или како што вели Макс Кајзер,
George Soros’ ‘Reflexivity Theory’ rules. In short, prices change perception and since most trading is done based on perception the case for fundamental analysis goes out the window. Example: dot coms in 2000.  Into this mix add the fraudsters on Wall St. who manipulate prices – not to make or lose money per se – but to manipulate perceptions.  We saw this in 2008 when stock prices were manipulated by Wall St. to give the impression that the banking sector was about to collapse. The government acted on that perception and handed trillions over to the fraudsters. The same can be said of rigged polling results.  Changing the perception of the public mood can change the outcome. Because people act based on perception, not reality.
Значи, во економијата, кај финасиските пазари, промената на перцепцијата на јавното мислење, едноквоважечки со стручното мислење, доведува до поинакви пазарни резултати. Но истото се однесува на општествениот живот, политичкиот, што е далеку попримечиво и полесно за разбирање отколку олимписките облаци на теоретските височини каде се затскрива економијата. Барем во перцепциите на обичниот граѓанин сите оние формули и скапи одела одаваат впечаток за тешка и непристапна дисциплина. Луѓето дејствуваат во однос на перцепцијата, не со реалноста. Реалноста може да се совпаѓа со перцепциите, но во општества на симулакруми, хммм. карикатура По овој калабалак на цитати и мисли, се наметнува прашањето - како тоа Сорос може да ја разбере рефлексивноста на финансиските пазари, за успешноста говори неговото дебело салдо, да ја применува долги години, повторно говори салдото, додека имал проблеми и погрешни уверувања во однос на општествената и политичката примена на рефлексивноста, или, можноста за маниупулации со перцепциите и резултатите. Но да го оставам сега Сорос, кој е одличен употребен пример за перцептивните манипулации и да се впуштам на домашно тло. Во веќе линканиот џамански запис ќе видите дека и Груевски, или неговиот кабинет за перцептивни манипулации, веќе од поодамна ги совладал и обилно се служи со истите техники. Не кажувам пропагандно биро затоа што пропагандата е само зачестена манипулација по селектирани прашања со точно избрани дејствителни наративно-симболички објекти. Во распонот на селектираната контрапоставеност на двата габаритни блока кои ги користат истите техники особено ми причинува задоволство да правам провокативна контрапропаганда по прашањата каде тие се преклопуваат и имат заеднички интереси. ЕУ и НАТО, на пример. Се разбира дека постојат блоковски разлики, перцепции за нив, кои се ефемерни и странични, но кога се делува на востановеното перцепционо јадро одговорот најчесто е молк, или обид за префрлање и враќање на прашањето повторно кон ефемерноста. На момент да ги сметнеме од ум домашните пол. закачки со бомбастичната невработеност од 24/7 Вол Стрит, не заради некаква критика на истегањето од двата доминантни политички табори каде со гаусовата распределба на полувистини би се позиционирала понудата на третата опција. Да се обидеме да ја сметнеме од ум вртењето на статистичкиот волан каде забецот од статистичкото тркало ќе покаже на одредена сума, цифра, бројка невработени. Податоците не се вредни самите за себе. Ним им е потребен контекст за да отскријат вистината и реалната состојба. sovereigndebt300 Перцепциите за состојбата на светската економија видно се изменија од почетокот на глобалната економска криза во 2008 година при што изнудуваат барања за нови општествени и економски интерпретации. Многу од најчесто користените пристапи, како што се марксистичките или либералните, веќе не одговараат на условите во кои се наоѓаме. Истото важи за економските теории и методи. Неолибералната логика е во ќор-сокак. ЕУ и САД се во ќор-сокак. Како увид, нобеловскиот кејнзијанизам на Кругман од Њу Јорк Тајмс кај економските блогови го менува местото за потсмев со до вчера забаталените либертаријански ставови на Рон Пол. Симптоматично е што обата домашни блока можат да ја регистрираат сериозноста на овој прекршлив моментум, но никако не се подготвени за посериозни интерпретции, камо ли акции, туку веднаш го вкалапуваат во нивните веќе воспоставени мантри. Тие не смеат да им кажат на граѓаните што се случува. Власта е принудена да бара начини со кои ќе се преправаат дека нема криза и дека со некоја среќа економијата ќе се саморегулира се додека по некое време не се случи заздравување на светскиот финансиски систем. Можеби ќе бидеме помалку погодени од другите. Опозицијата во критиките воглавно се концентрира на изнаоѓање виновник во персоналитетите на власта. Нема абер од разбирање на сериозноста на состојбите. Можеби се нудат одредени технички решенија, или нешто сосема неприменливо но атрактивно за перцепцијата на граѓанинот, но дури и во тие работи ја покажува стандардната некадарност. Но опозицијата знае дека сечењето црвена лента од дунстерската градска плажа не може да ги избрише црвените салда на сметките од граѓаните и претпријатијата. Знае дека ситниот песок соодвествува со ситнежот по паричниците, и оттука е погонот на митингашката масовност. Тие не смеат да им кажат на граѓаните што се случува. Долго потхрануваните и манипулирани перцепции за пристоен и богат живот се апсолутна категорија. Затоа што ако им кажат на граѓаните тоа сигурно ќе продуцира очај, по очајот гнев, и потоа сме на само чекор до хаос. А секако би требало. Вистината ослободува и луѓето треба да знаат. Треба да очекуваат и да знаат дека се при памет. Но доколку им ја кажат на граѓаните сериозноста на кризата, обемот и длабочината на последиците, тие треба да понудат и решенија. Тоа е перцепцијата. А решенија немаат, ниту власта, уште помалку опозицијата. Немаат ниту план. WileECoyote