За подобро разбирање на случајот Викиликс Ве скокоткам со трејлерот (поубо е целио да се џорне) од фикшн филмот Inception, со филмот снимен по вистинска случка - “Џулијан Асанж како Леонардо ДиКаприо во филмот Викисепш`н.“
Главната роља е препознатлива за прволачињата, Џилијан Асанж го игра Леонардо ДиКаприо. Останатите улоги се малку потешки за дешифрирање, но ќе ускокнам со неколку. Само за читателите на овој блог; Мајкл Кејн е замаскиран со класичната улога на старомоден детектив, во современието би одговарало ко шефче на одел од МИ6 или ЦИА, додека симпатичната и млада помошничка ја игра улогата на Anon или Gnosis, знаете, оние млади идеалистични деца, технички гикови и хакери. Жената на ДиКаприо Леонардо во филмот е тотално нереален лик, моќен покренувач на целата сторија, како идеалот за справедливост на Џулијан Асанж.
Многу е зезнато кога ќе се побрка сонот со јавето, како во Inception, сон во сон во сон во сон. Двојно е така, кога ќе се побрка имагинарното со реалното во животните ситуации. И кога се игра игра во игра во игра во игра, не е на одмет да се стави еден клик-клак во џебот, колку да се сепнеме каде сме сите ние.
