Дали е возможно Европската Унија да брои повеќе од 75 земји членки? Овде не говорам за доаѓање до овој број преку процесот на проширување туку преку процесот на сецесионизам во постојните 25 земји членки на Европската Унија. Погледнете ја сликата.
Шкотска, Шетланди, Велс, Галиција, Кантабрија, Баскија, Арагон, Андалузија, Корзика, Алзак-Лорен, Фландрија, Паданија, Јужен Тирол, Сицилија, Сардинија, Гренланд, Баварија .... ...... ....... Колоритот на ЕУ75+ како да сака да го засени колоритот на Балканот. Секако дека во блиска иднина сето ова изгледа невозможно, но да им оставиме доволно време на некој трендови, како глобалното затоплување, покачување на нивото на морињата, растот на Кина, енергетската зависност, да поработат и да се размавнат. Ако овие трендови се поткрепат со голема невработеност, незадоволство, изблици на потиснати локализми, одсуство на пожарникари и присуство на пиромани, губење на авторитетот и функциите на централната власт, тогаш може да навлеземе во просторот на детерминизмот и веројатноста.
Но целта не ми беше да влегувам во овој простор на, сега за сега, (не)возможности туку да посочам дека со појавувањето на писанието „How many nations in Europe?“ (со 265 коментари; од каде е превземена сликата) и слични на него се отвара процеп во политичката свест и ум на обичниот европски граѓанин за долго градениот мит за унитарноста во сопствениот двор. Она што беше наменето само за Балканот и источно од него сега се пренесува во јадрото на западните земји. Се чини дека ова е главната грижа на Британскиот премиер Тони Блер во однос на актуелното прашање за независноста на Шкотска. Да пренесам дел од неговите зборови запишани во Independent во однос на Scottish National Party и нивното залагање за независност на Шкотска:
„ Замислете, Мај 2007. СНП не‘ втурнува во уставен кошмар. И не е само уставот тоа што ме плаши. Тоа е она што го говорат за нас, за народот, за нашите нации. Сето ова во моменти на големи предизвици кога нашиот пат кон прогресот беше чист, ние ги губиме нервите и се вртиме кон себеси ... Истите луѓе со истите политики сакаат уште еден последен обид.“ „ Тие веќе публикуваат планови за сепарација – одделна валута, посебни пензии и социјално осигурување, да го напуштат НАТО. Фактот дека го кажуваат ова со толкава прецизност покажува дека се крајно сериозни и дека би го сториле тоа.“
И да не испадне дека е ова само европски феномен ; на слични писанија имам налетано и во однос на Америка.
------------------
Записот оригинира пред три години, во време кога страстите не се доживуваа толку лично. Без носталгија, едноставно таков си беше периодот. Да надополнам со коментари :
“Единствено нагласувам дека немаме само ние Балканците прљави гаќи. Тоа што некој имаат малку повеќе пари, и мирисливи прашоци за перење, не значи дека не им смрдат гаќите.“
“Јас не сум некој зналец за малцинства или региони. Сликата не е презентирана со намера да покаже некоја точност во колоритот, туку дека со одредени предуслови .....
Во секоја земја има локализми, региони, малцинства итн.
Ако се сруши митот или приказната за единство и сувереност и при тоа имаш длабока економска криза, тогаш .....
Инаку целта на записот е дека со вакви написи се начнуваат токму овие митови, а лично можам да се согласам со тебе дека Грција е повеќе подложна на колорит.“
Денес сигурно би дополнил понешто, но можеби повеќе низ коментарите што ќе следуват.