Posts Tagged ‘екологија’

Длабоките Хоризонти

Sunday, June 6th, 2010

На македонскиот граѓанин, како и на американскот, ништо не му значи цифрата меѓу 25,000 и 95,000 барели дневно, колку исфрла вулканот нафта од длабочините на земјата. Но затоа сликите од замастените пеликани од бреговите на Лујзијана остануваат зацртани во потсвеста и ја нема таа „пеликан“ гумичка што може да ги избрише.

Нафтата од длабоките хоризонти според најрелевантните проценки ќе продожи да ја замастува водата и паралелно да го лубрицира гневот на јужњаците со секој поминат ден со долар памалку, се додека помошната бушотина временски предвидена да пробие околу Илинден не го олесни нафтениот притисокот . Отприлика тоа е рокот за пробивање на хименот, или на политичката девица Обама, или на корпоративниот Оттаде Петролеум - BP.

И ние си имаме мома за .. До таму некаде, до фото сесијата на Мечкин Камен, ќе се знае дали нашата политичка мома, која сите знаеме дека не е баш невина, ќе стапне на лудиот камен со менување на презимето - името согласно нашите традиции не се менува. Подготовките за печатење на 15,000 покани, меракот за сончање по градските плажи, возењето со жичници, гладта по кредити, некако ми укажуваат дека момата решила да се .. Но ништо не е готово, додека не зачука тапанот.

Star Wars - The Environmentalists Version

Tuesday, October 27th, 2009

Војна на Ѕвездите - Еколошката Верзија


ма да му закачиме на Дарт Вејдер една торта у фаца .. не бе ќе напраиме НВО за екологија, абе и сајт ќе напраиме .. не, боље да засадиме фиданки ко симбол шо ја менува свеста кај луѓето, таквата акција има акција у себе .. не, не, боље да мантраме и да се промениме себеси и со тоа да бидеме секој ќе биде пример за најблиската околина .. лелеј колку пљампате, тоа чудо едно, глеј ме мене веќе вртам на мобилен да донирам 100 денари на 0500 ..

.. а името, а сиромаштијата, а неправдите, а војните у Ирак и Авганистан,  а владата шо партизира, а корупција, а турбофолкот, a смрдените ниски шоуа и Шехерезад натсинхронизирана, а оној блогер шо се продава за ќебапи, а геј правата и правата на останатите маргинализирани заедници, а гладните, а 500 денари за школско обезбедување, аааааааааа !!!

 let the force be with You!