Тековното финансиско топење е резултат на под-регулираните пазари изградени на идеологијата на капитализмот на слободни пазари и неограничен економски раст. Фундаменталниот проблем е дека носечките претпоставки на оваа идеологија не се во согласност со она што го знаеме за реалната сосотојба на светот. Во суштина, финансискиот свет е сет од маркери на добра, услуги, и ризици во реалниот свет, и кога на тие маркери им е дозволена преголема девијација од реалноста мора да следуваат “ускладувања“ за да може кризата и паниката да се разрешат. За да се реши оваа и идните финансиски кризи потребно е да ги преповрземе маркерите со реалноста. Кои се нашите вистински добра и колку се тие вредни? За да го направиме ова ќе ни треба нова визија за она што е економијата и зошто таа служи, соодветна и севкупна пресметка на вистинските добра, и нови институции кои гледаат на пазарот во неговата соодветна роља на слуга наместо господар.
Мејнстрим визијата на економијата е заснована на неколку претпоставки кои беа создадени во периодот кога светот беше релативно испразнет од луѓе и изградена инфрастуктура. Во контекст на “испразнетиот свет“, акумулираниот капитал беше ограничувачки фактор додека од друга страна постоеше изобилие кај социјалниот. Во овој контекст имаше смисла да не се грижиме премногу за еколошките и социјалните “крајности“ бидејќи тие можеа да се претпостават како релативно мали и конечно решливи. Со тоа, имаше смисла да се фокусираме на растот на пазарната економија, мерена според БДП, како примарен начин за подобрување на човековата добробит. Во овој контекст имаше смисла од економија каде се пласираат производи и сервиси, и од усвојување на цели за растечки обем на овие добра и сервиси, кои се произведуваат и конзумираат.
Но светот драматично се промени. Ние денес живееме во свет релативно полн со луѓе и изградена капитална инфраструктура. Во овој нов контекст, ние треба најпрво да разбереме дека целта на економијата е одржливо да ја подобри човековата благосостојба и квалитетот на живот. Ние треба да разбереме дека материјалната потрошувачка и БДП се само средства кон таа цел, не цел за себе. Ние треба да препознаеме, како што древната мудрост и новите психолошки резултати ни укажуваат, дека материјалната потрошувачка преку вистинските потреби може всушност да ја редуцира добробитта. Ние треба подобро да разбереме што навистина допринесува за одржливата човекова благосостојба, и да го препознаеме значителниот допринес на природниот и социјалниот капитал, кој сега во многу земји се ограничувачки фактор. Ние треба да сме во состојба да разлучиме помеѓу вистинската сиромаштија како низок квалитет на живот, и она што значи низок монетарен приход. Најпосле ние треба да креираме нов економски модел и развој кој го зема в предвид овој нов контекст на севкупност и визија за светот.
Овој нов модел на развој би бил јасно базиран на целта за одржлива човекова добробит. Тој ќе ги употребува мерилата за прогрес кои јасно ја изразуваат оваа цел. Тој ќе ги признае важноста на еколошката одржливост, социјалната праведност, и реалната економска ефикасност. Еколошката одржливост подразбира препознавање дека природниот и социјалниот капитал не можат да бидат бесконечна замена за акумулираниот и човечкиот капитал, и дека постојат реални биофизички лимити во експанзијата на пазарната економија.
Социјалната праведоност претпоставува препознавање дека дистрибуцијата на добрата е значајна детермнинанта на социјалниот капитал и квалитетот на животот. Конвенционалниот модел не донесе до вообрзеност дека најдобриот начин за подобрување на благосостојбата е преку растот на пазарната потрошувачка мерена според БДП. Ова фокусирање на растот ја немаше подобрено општата социјална балгосотојба и преку потребно е експлицитното внимание на прашањата од дистрибуцијата. Како што Роберт Франк претресуваше во неговата последна книга: Falling Behind: How Rising Inequality Harms the Middle Class, економскиот раст преку одредена точка ја поставува “позиционата трка“ која го изменува потрошувачкиот контекст и сите ги принудува отповеќе да конзумираат позициони продукти (како куќи и автомобили) за сметка на не-пазарните, не-позиционите добра и услуги од природниот и социјалниот капитал. На пример, овој импулс за конзумирање повеќе позициони продукти ги наведува луѓето да го истегнат чергичето преку должината што им пасува со купување на се поголеми и се поскапи куќи, подргревајќи го станбениот балон. Исто така ја подгрева растечката нееднаквост кај приходите која во ставрност ја редуцира пошироката општествена добробит, не само за сиромашните, туку преку севкупниот приходен спектар.
Реалната економска ефикасност во системот на распределба, вклучувајќи ги сите ресурси кои влијаат на одржливата човекова добробит, не ги претпоставува единствено пазарните продукти и услуги. Нашиот тековен пазарен систем на распределба го исклучува повеќето не-пазарен природен и социјален капитал на добра и услуги кои критично допринесуваат за човековата благосостојба. Тековниот економски модел ова го игнорира и затоа не може да ја постигне вистинската економска ефикасност. Новиот одржлив еколошки економски модел би ги мерел и вклучил допринесот на природниот и социјалниот капитал и би можел подобро да направи апроксимација на реалната економска ефикасност.
Исто така новиот модел би потврдил дека комплексниот режим на сопственички права е неопходен за адекватно управување со целосниот делокруг кој допринесува за човековата добробит. На пример, повеќето од природениот и социјален капитал се всушност јавните добра. Претворајќи ги во приватна сопственост не профункционира добро. Од друга страна, оставајќи ги како добра со отворен пристап (без назначени сопственички права) исто така не функционира добро. Она што е потребно е трет пристап за осопоственување на овие ресурси без притоа да се приватизираат. Неколку нови (и стари) системи на јавни сопственички права беа предложени за постигнување на оваа цел, вклучувајќи разновидни форми на јавни сопственички туторства.
Улогата на владата исто така треба да се преобмисли. Покрај владината улога во регулација и надгледување на приватната пазарна економија, дополнително значајна улога таа треба да одигра во раширување на “јавниот сектор“, кој може да го осопственичи и менаџира не-пазарниот природен и социјален капитал. Освен тоа таа има улога на главен потпомагач на социјалниот развиток во споделената визија на тоа како ќе изгледа одржливата и посакувана заедничка иднина. Како што Том Прах, јас, и Херман Дели претресувавме во нашата книга “The Local Politics of Global Sustainability,“ силна демократија втемелена на развивање на заедничка визија е есенцијален предуслов во изградбата на одржлива и пожелна иднина.
Заклучок
Затоа, долгорочното решение на финансиската криза е да се придвижиме преку економскиот модел на “раст по секоја цена“ кон модел кој ја признава реалната цена на растот. Ние можеме да ја премавнеме зависноста од фосилни горива, прекумерната потрошувачка, и тековниот економски модел и можеме да создадеме повеќе одржлива и пожелна иднина која се фокусира на квалитетот на животот наместо самосамо кванитетот на потрошувачката. Нема да биде лесно; тоа ќе изискува нова визија, нови мерила, и нови институции. Тоа ќе изискува редизајн на севкупното општество. Но тоа не е саможртва во квалитетот на животот за да се прекине зависноста. Сосем спротивното, тоа е жртва токму да не се жртвува од животниот квалитет.
Автор на текстот “Toward a new sustainable economy” е Роберт Констанца.