Posts Tagged ‘Gerald Celente’

Политичкиот атеист прогнозира Frigus Horribilis

Friday, February 13th, 2009

Како што метеоролозите го прогнозираат времето, така Gerald Celente прави прогноза на трендовите.  Можеби посоодветна аналогија би било Џералд Селенти да го наречеме климатолог на општествените појави. Она што на локалниот прогнозер му бега и не може да го согледа, не дека непосредната околина и местоположба нема влијание, сепак на подолг рок, првенствено зависи од трендовите и циклусите во високите орбити. Па така првите налети од деценискиот поларен бран за селскиот крчмар и неговата пијана имагинација, или за локалниот лихвар и неговото набабрено чекмеџе, се доживуваат како карткотрајно заладување, минлив студ, кој може да се премавне со уште неколку екстра чашки за загревање, или со љубовта кон ушпараната девиза за сметка на ненабавениот огрев.

Кога кралицата ќе обзнани Annus Horribilis од поданиците се очекува дополнително згрбавување за да го изнесат балот на кралската свита на свои плеќи, но кога политичкиот атеист ќе најави Frigus Horribilis од поданиците се очекува насобраниот гнев и незадоволство малку да ги подисправи за да ја согледаат  сопствената ситуација и со тоа да го растурат аристократсиот бал.

Џералд Селенти прогнозира бунтови, немири, револуција. Можеби. Сепак Селенти има добри прогнозерски сведоштва зад него. Погаѓа човекот. Да расчистиме уште една работа. Ситуацијата во нашиот атар не е еднозначна.  Поларните студови се глобални и ќе ги зафатат и најзафрлените делови на светот, не пак нас кои се наоѓаме на магистралата исток-запад. Микроклимата ни е специфична. Шаренолика со регионални примеси. Но затоа, потоа.