Posts Tagged ‘игрица’

Игра со евро девојката ..

Sunday, June 6th, 2010

Влегувам во локалниот маркет по пакла цигари. Пред мене на касата стои прекрасна девојка. Дотерана, млада, смеѓо синоока шестанаестка. Силна во бутините ко швабица, развратна ко французинка, жив оган ко италијанка, прчлеста ко шпанка, малку во газовите беше на гркиња, ама во целина каде-каде привлечна. Доаѓа на ред, и зема чоколадо, орбит мастики и од оние белите кокосни топчиња кои чинам се викаа „рафаело“ или така некако. И со дискретна насмевка, на момент поглед кон мене, почнува да го кажува бројот од мобилниот за кредитно надополнување.

- Госпоѓице, стварно нема потреба од оваа игра на заведување. Ти си така прекрасна и дивна - продожив во поетски „Идоли“ занес да муабетам со привлечната девојка.

***

Дали сакате да играте компјутерски игри? Тогаш ова би можело да биде нешто за вас. Тестирајте ги вашите вештини со пренесување на Алекс (не се работи за Александар Македонски м.з.) над мостови и околу пречки, и подигање на што повеќе евро банкноти и монети што може да ги соберете попат. Но, немој да паднете во вода! Треба, исто така, добро да ги познавате вашите евро банкноти за да одговорите на прашањата и да освоите  дополнителни поени!

Ако сте на возраст меѓу 9 и 16, може да добиете награда во нашата игра "Еврото работи".

Игрица на Европската Централна Банка

***

Седнат на клупа додека ја палев цигарата ја здогледав заносната девојка со тазе надополнет кредит како влегува на совозачкото седиште од една огромна златникава лимузина со швајцарски таблички, чинам базелски. Цигарето до крај не ми беше испиено, без да излезе, девојката исчезна од мојот видокруг пред дополнително да ме заслепат светлата од лимузината.