Posts Tagged ‘име’

Рољата на Овцата и Свињата во сендвичот со шунка и кашкавал

Tuesday, March 23rd, 2010

Во сендвичот со шунка и кашкавал, овцата е вмешана, додека свињата е посветена.

Кога се работи за македонски сендвич, пардон, северномакедонски сендвич, редно е да ги откриеме состојките кои го сочинуваат сендвичот со променливо до прифатливо име. Овој наголемо рекламиран сендвич на пазарот е уствари сендвич со шунка и кашкавал, поконкретно овчји кашкавал. И тука, вмр(овците) се дефинитивно вмешани, додека с(вињата)дсм е дефинитивно посветена. Лепчињата од овој сендвич се НАТО и ЕУ. Денес ми заличува дека се малку бајати, и како да забележувам неколку точки зелена мувла како шараат по површината. Ех, ех, а колку ли ќе беа вкусни лепчињава само пред неколку години, сто насто ќе се залебевме. Грците во овој сендвич деликатес се задолжени за сосот. Тоа е парадајз маслинов прелив, константно подгреван еве веќе 20 години, некои велат уште од поодамна е приготвен преливот специјално само за нас. И немој некој да протестирал и негодува - ма што се 20 години за квалитетено маслиново масло полно витамини. Па што ако се они материјално и морално банкрот, тоа не значи дека не се наши пријатели. Сакате сендвич или не сакате? Ма сендвичот е прва лига, еве го маркетира нашата најгледана телевизија која воедно е позната по маркетирање детски бакуган флипсови - секое дете да лапне пет невкусно нездрави флипса доколку сака да учествува на турнирот. Сакате сендвич или да идат уште реклами, а?

Сакаш да го менуваш името, ТИ си идиот!

Tuesday, November 24th, 2009

 

„Не дозволувајте да се прекршат фундаментите на слободата и демократијата. Македонскиот народ не бара ништо што не е придобивка за сите народи и држави. Сакаме да бидеме тоа што сме, тоа што биле нашите татковци, дедовци, прадедовци. Сите тие се раѓале, живееле и умирале како Македонци. И кога немале своја држава, и кога биле поробени и непризнаени, Македонците секогаш зборувале на македонски мајчин јазик, пееле македонски песни. Се чувствувале Македонци. Зарем може некој од нас да бара да се откажеме од тоа што сме? Да не бидеме повеќе Македонци? Денес македонскиот народ е пред присилно истребување. Сите што нема да го кренат гласот против оваа неправда, ќе ја сносат историската одговорност. Борбата за правда е глобална и во интерес на сите. Не дозволувајте да се враќаме во почетокот на 20 век“

Ова е дел од писмото кое деновиве го потпишуваат академици и интелектуалци кои апелираат до светот за неменување на името, дознавам од медиумите. Иако само апелите нема да бидат доволни, сепак го поздравувам апелот. На невидено  го засилувам со мојот јавен потпис.