Основните минерални состојки кои се потребни за правилен и здрав развој на растенијата се Азотот (Nitrogen), Фосфорот (Phosphorus) и Калиумот (Potassium). Секое минерално ѓубриво, или попознато како вештачко, содржи единечно, или комбинација од овие елементи. Но интересот на овој запис е во она што кај нас е познато како арско ѓубре, шталско, органско, или природно ѓубриво, од поедини домашни животни.
| NPK | Азот | Фосфор | Калиум |
| Молзна Крава | 0,25 | 0,15 | 0,25 |
| Бик | 0,70 | 0,30 | 0,40 |
| Коњ | 0,70 | 0,30 | 0,60 |
| Овца | 0,70 | 0,30 | 0,90 |
| Кокошка | 1,10 | 0,80 | 0,50 |
| Зајак | 2,40 | 1,40 | 0,60 |
Повеќето луѓе се изненадени кога ќе дознаат дека јасен победник во азотното производство е зајакот! Обично се мисли дека во овој поглед ѓубрето од кокошката е најквалитетно. Исто така вреди да се напомене дека арското ѓубре од молзните крави е со далеку помалку хранливи материи. Прашајте ја почвата дали се согласува?! Коњите и овците даваат речиси ист минерален состав, со мали разлики кај калиумот.
Калиум
Им помага на растенијата да не дегенерираат. Помага при градба на целулозта неопходна за задраво стебло на растението и виталност на рачвите. Помага при фотосинтезата и хранителната функција, го подобрува кореновиот раст и допринесува за справување при сушни услови. Допринесува за жито богато со скроб. Непходен е за формирање на растителните протеини. Загубата на вода се намалува и помага при многу ензимни акции.
Фосфор
Го поттикнува растот и почетното кореново формирање и развој. Стимулира цветање кај цветовите и семеновоит развој. Подобрува силата на растението и ја подобрува способноста за толеранција на неповолни услови во животната средина. Помага во фотосинтезата и формирањето на храната. Ја подобрува способноста на растенијата да апсорбираат вода и други хранливи состојки. Неопходен е за клеточната делба, ДНК и РНК формирањето.
Азот
Азот е во хлорофилот, зелената “хемикалија“ што овозможува да се фати сончевата енергија и да се обезбеди храна за растението во процесот што се нарекува фотосинтезата. Исто така е основниот градивен елемент на растителните и животинските протеини, вклучувајќи го и генетскиот материјал ,ДНК и РНК. Исклучително е важен во периодот на брзиот раст на растенијата.
Се надевам дека записот е доволно општо информативен. Текстов го симнав од еден коментар на вебот, не знам кога и не знам каде, па нема линк референца.