Posts Tagged ‘криза’

Славој Жижек - Living in the End Times

Sunday, January 24th, 2010
Холандскиот VPRO Tegenlicht пред десетина дена ја постави на увид кризта на западната либерална демократија, Агенда 2010: Живеење во крајните времиња според Славој Жижек. Уредниците го бомбардираат “Елвис на културната теорија“ со тазе слики од современиот свет со кои се допираат четирите главни теми во емисијата: економската криза, екологија, безбедносната криза и Авганистан и кризата на демократијата.

Првин малку за Жижек. Мариборчанин, истиот што ги аплоудираше видеата на ЈуТјуб, дава една препорака како треба да се чита Жижек.

Жижек прво директно на отворен начин развива одредена теоретска линија, со сите нејзини осцилации и слепи улички, и потоа преминува кон кодензација на резултатите до прецизност, своевидни компресирани формули. Во суштина, Жижековите предавања и книги се однесуваат како дискурсот на аналитичарот и анализираниот за време на третман. При предавањата, Жижек се однесува како анализираниот: тој слободно “другарува“ со, импровизира, прескокнува и скока, се обраќа кон публиката, која на тој начин е ставена во одредена улога на колективен аналитичар.

Ќе протрчам низ видео содржината. Познатиот инвеститор Џим Роџерс преку мулти екраните вели дека имаме недостаток на капитализам со што на дело во Западниот Свет имаме државен интервенционизам во форма на замаскиран социјализам, та дури комунизам, значи не во својата прокламирана идеолошка парадигма, туку по механизмите. Жижек тоа веднаш го отфрла. Токму напротив, по него, проблемот лежи во самиот систем на глобалниот капитализам, а овие ставови ги споредува со оние на фундаменталистите кои секогаш инсистират на изворните принципи, кои сите грешки и искривоколчувања ги врзуваат со застарнувања од првичните замислени појдовни постулати. Интересна е тукашната Блогерај паралела карактеристично застапена од комплементарните антиподи и кои љубат меѓусебно да полемизираат, обично неуспешно - блогот на Мара и блогот Капитализам. Она каде грешат е дека во многу нешта светот не е на истотот место од пред 150 години, но иљачот упорно се бара во држењето до чистиот капитализам, или антиподот, чистиот марксизам, без да се занемарат одредени вистини кои истите ги нудат.

Марк Фабер ни презентира темно сценарио со кое идните неминовни зголемени даноци ќе ја колабираат низ хиперинфлација економијата на САД и глобалната економија. Жижек не ја отфрла можноста за исход од едно такво сценарио, но, повторно, го пренесува фокусот на неговите мисли кон системот кој всушност ги произведува овие противречности. Истото се однесува и во барањето вина кај психолошките слабости на поедници, или воопшто современиот човек. Тоа се дефокусирања кон продуктите на системот, наместо кон системот, и кои се лесни и погрешни странпатици во проблематиката.

Всушност, оваа линија на Жижековиот интелектуален перформанс продолжува во однос на следните понудени прашања за екологијата, енергијата и за безбедносните прашања. Дури, ми се чини, колку поблиску се до него природните сојузници, во смисла на прокламираниот и посакуван комунизам со кој повремено се идентификува, толку тој станува побрутален. Бруталност која цели на разбивање на препознаените од него илузии. Жижек, оди до таму, повикува на целосно отфрлање на приодата. Ако Владимир Вернадски зборуваше за геосфера-биосфера-ноосфера, блиску но сепак далеку, Жижек радикализира со редефинирање во разбирањето на имиџите за геолошките времиња - од палоцен до антропоцен.

И да прејдам на кондензатот, лоциран во последните две видеа. Круцијалното прашање произлегува од препознаената состојба во современото општество на “беспокој од либералната демократија“ како елемент од глобалниот капитализам, тука донесен, со негови зборови, од убавиот наслов на Фројдовото дело „Das Unbehagen in der Kultur.“ Во центарот на либералната демократија од западен происход, Жижек, ги сместува политичките актери на демохристијанската десница и либералните социјалдемократи. Тие се политичките актери, удобно сместени популарни дрматори од актуелниот систем, и тие се генераторите на овој препознаен беспокој.

Кои општествено-политички сили ќе понудат одговор на овој препознаен немир? Жижек, тврди, дека тоа ќе биде крајната популистичка десница, додека, бунтува за отсаството на било каков видлив одговор на екстремната левица. Тој тука ја препознава главната опсаност и жестоко го критикува делувањето на современата левица, која со својата лежерност и неразбирање на подлабоките состојби во општества, всушност, им помага, и дури ги продуцира, овие непосакувани пројавувања на крајната десница.

Иако не ги гледа ниту ги препознава контурите на едно вакво левичарско мас-движење, сепак, Жижек, укажува каде тоа треба да се бара - вон државата и вон пазарните односи, со една препорачана карактеистика за висока социјална дисциплина. Како највидлива за западниот човек, тврди, ја препознава италијанската варијанта на “Гручо Маркс - авторитаризам“ олицетворена во ликот на Силвио Берлускони. За крај, Славој Жижек е категоричен во проспектите на западните општества, или Гручо тоталитаризам ала Берлускони или новиот комунизам, не заборавајќи преку формата на двојна негација да не потсети и да се заблогодари на холандските тв уредници за отстапениот простор за пропаганда.

Е сега малку од сопствениот шмек поглед. Зошто Жижек и зошто со ова? Без разлика што не сум негов голем фан, и веројатно нема да бидам, Жижек прецизно ја фокусира политичката жижа. Тука моите разлики повеќе се во формулациите, претставите. Тие разлики произлегуваат од погледот во вклучување и приоритизација на поинакви влезни елементи, но она што Жижек го нуди како кондензат за состојбата на општествено-политичката сцена цели токму во центарот на метата.

Зачудувачко е поклопувањето со пресликување во домашните состојби. Иако не е возможно занемарувањето на одредени наши специфики, како притисокот и замешателството од надвор за промена на името, геополитичкиото регионално втурнување и обликување на опшетството во формулата Западен Балкан, или внатрешната меѓуетничка поставеност во македонското општество, сепак, доколку се направи занемарување, контурите упатуваат на функционирање по моделот на едно вака формулирано западно општество. Блиско е препознавањето на двата носечки политички блока кои имаат единствено шминкерајски разлики во однос на системските фундаменти од глобалниот капитализам. Мало врдање се приметува кај десницата, и тоа повеќе во реториката, но безмалку непостоечка во делувањето кое би преиспитувало понешто од основите на глобалниот капитализам.

Жижек во својата улога етикета на “рок ѕвезда“ вешто си игра со трендот на се поголемата шупликавост на државата и испразнестост од нејзинате историски функции кои датираат со Договорот од Вестфалија. Но тој не оди во подлабоки анализи за причините, туку се задржува повеќе на појавноста на идниот Гручо Маркс - авторитаризам. Именувањето кое е поблиску до содржината, до појдовната есенција на овие политички појави, за мене поблиску може да се формулира преку - еко авторитаризам -, или во друга варијанта - пријателски фашизам. Можеби како “Елвис на културолошката теорија“ му приличи на Жижек анимацијата на публиката со цел да го привлече, задржи, и насочи, нејзиното внимание на допадлив начин за постојано да акцентира со кондензатот од сопствените размисли, немам ништо против, но доблесно е да нотирам дека кај него изостанува причинската анализа. Без неа нема ниту потпорни точки на кои би можеле да се обликуваат контурите на реално возможните излези, па нека се тие и предикатни во својата појдовност. Впрочем неможноста за согледување на контурите, барем низ јавниот настап, тој самиот ја потврдува, со што можеби Жижек сака да ја омекне стикер етикетата на “најопасниот филозоф на Западот“ - малку да шпекулирам :)

И ако се придржуваме до препораките на Жижек, за новото општествено движење кое треба да одговори на системската криза вон државата и вон пазарот, лесно се согледува исклучувањето на постоечкиот невладин сектор кој вообичаено се движи по системската магистрала омеѓена со странски или домашни донации. Оттука, килавоста и беззабието на левичарската идеолошка понуда, на домашен терен таа нема сили ниту политички да се етаблира туку љуби да игра преку невладиниот сектор, која не допира до поширокото граѓанство, можеби, се должи на нивната несоодветна реална применливост во современите општества на спектакли и циркусијади, каде десницата задира во подлабоката страта на идентификација, стравови и надежи. Уште повеќе, во видеото беше посочено, десницата дури превзема дел од левичарскиот вокабулар за свои потреби истиснувајќи ја на просторот на маргиналните културолошки прашања, како геј права или малцинства, додека десницата кај себе ги превзема класните прашања, па дури и екологијата.

Повикот, и потребата, на Жижек за ново радикално левичарско движење сигурно е упатен кон некого. Кому? Директниот одговор би можел да биде: кон неговата публика која предоминантно е интелектуална и академска публика со левичарска ориентација, но индиректниот одговор би можел да се препознае во продуктот од темните облаци кои се наѕираат на хоризонтот. Темните облаци ги нема во временската општествена прогноза, но Жижек не е единствениот кој ги најавува. Нивен продукт ќе биде масата на невработени и маргинализирани, обеспокоени и немирни. Тоа се идните приврзаници, подржувачи или членови на секое масовно движење, па и на екстремната десница.

И да не должам, се надевам дека доволно разбранував за размисла. Меѓудругото, овој запис би можело да биде одговор на тоа зошто на блогов нема да има записи со политичко-општествена тематика поставени во контекст на актуелната пардигма. За автори и мислители од типот на Жижек ќе се најде време и простор :) Но ова би можело да биде и одговор на прашањето зошто пермакултура? и зошто Ризом? Жижек сигурно го има интелектуалниот и материјалниот луксуз за поигрување, но многумина, каде припаѓам и јас, тоа го немаат. Подигнатата градинарска лопатка и организираната нехиерархиска ризом мрежа на самостојни јазли од поединци за мене претсавува потреба. За сега таа не е ургентна, но онака како го согледувам светот од ова место и од ова време, сепак ќе биде потреба.

Глобална Системска Криза - Европската Унија на крстопат во 2010: соизвршители или жртви на колапсот на доларот?

Saturday, October 17th, 2009
Глобална Системска Криза - Европската Унија на крстопат во 2010: соизвршители или жртви на колапсот на доларот?

Global Systemic Crisis – The European Union at a crossroads in 2010: an accomplice or a victim of the collapse of the dollar?

- Public announcement GEAB N°38 (October 16, 2009) -

Главните делувачки трендови во 4 и 5 фаза од глобалната системска криза (фаза на декантацијата и фаза на глобална геополитичка дислокација) секојдневно се разоткриваат. Сега секој сфати дека Соединетите Држави пропаѓаат во една неконтролирана спирала од широка несолвентност на земјата и голема неспособност на американската елита за спроведување на неопходните решенија. Претскажаниот дефолт на САД е во тек, видливо преку примерот со падот на доларот и бегството на капиталот од земјата, само името на ликвидаторот и признавањето на стечајот се уште се непознати, но не за долго. По примерот на својот лидер, Западениот Блок (кого Јапонија го напушти, со целосно спроведување на нова политичка, економска, финансиска и дипломатска политика), е во тотално распаѓање симболизирано преку НАТО коалицијата во Авганистан.

Според LEAP/E2020, во 2010 година, Европската Унија пред која има четири основни стратешки барања, ќе биде принудена да превземе бројни итни одлуки во контекст на брзиот колапс на земјите од Западниот камп кој може да се сумира како судбина на американскиот долар. Одлуките донесени од страна на ЕУ ќе ја дефинира улогата која Европејците ќе ја играат во пост-кризниот свет: или тие ќе започнат да се појавуваат како клучни играчи во доделувањето на друга улога на светот и истакнување на сопствената визија за иднината со барање на партнери не исклучувајќи однапред никого, или тие ќе останат доброволни жртви на тонечкиот Западен Блок, слепо следејќи го падот на Вашингтон во пеколот. Во првиот случај, ЕУ ќе ја исполни својата историска задача на возобновување и превземање на европското кормило над сопствената колективна судбина; во вториот, само ќе се потврдат како еквивалент на СЕВ (Совет экономической взаимопомощи), привезок на заштитничката суперсила без сопствена иднина.

Тешките трендови веќе се видливи, кои, според нашиот тим, започнаа да ја туркаат Европа во неколку предвидливи насоки. Сепак, интелектуалните слабости на тековното европско политичко раководство (во ЕУ и во земјите-членки) не присилуваат да ги омекнеме нашите предвидувања.

Во секој случај, бидејќи ЕУ е најголемата светска економска и трговска сила, континуираниот развој на овие тенденции наскоро директно ќе влијае на голем број на крупни економски, финансиски и стратешки фактори: девизениот курс, стоковните цени, растот, општествени системи, буџетските биланси, глобалното владеење ...

Во ова 38 издание на GEAB, покрај "стратешките и оперативните препораки за преживување на кризата" и со тоа "кризно-поврзаните антиципации за ризичните земји за 2009-2014", нашиот тим реши да ги анализира четирите барања за кои ЕУ ќе биде принудена да ги пронајде одговорите полни со последици:

1. Во обраќање кон неуспехот на монетарниот систем базиран врз американските долари, не станувајќи беспомошна кога 1EUR = 2USD
2. Во избегнувањето на експлодирачките буџетски дефицити како оние во САД и во Велика Британија
3. Одговарајќи на заострувањето на кризата Иран/Израел/САД и војната во Авганистан, со дефинирање на специфичен европски став
4. Научувајќи како независно и конструктивно да се справи со новите клучните играчи од пост-кризниот свет: Кина, Индија, Бразил и особено Русија.

Невозможно е да се замисли чекање подоцна од 2011 година за справување со сите овие клучни аспекти (од суштинско значење за Европјаните и остатокот од светот). Замислете само што ќе се случи доколку Европјаните останаат пасивни подоцна од 2010 година, додека се соочуваат со овие четири барања:

1. Ако Европејците сакаат да видат што ќе се случи додека доларот оди низ мијалникот, нивниот извоз во САД и во долар-врзаните земји драстично ќе падне, влошувајќи ја економската и социјалната криза во ЕУ.
2. Ако Европејците, особено нивните лидери, дозволат јавните дефицити да нараснат, како што Франција прави во моментов, Еврозоната многу брзо ќе стане плен на длабоките несогласувања помеѓу Северна и Јужна Европа.
3. Ако европските лидери се согласни да се следи линијата на Израел / Вашингтон во справувањето со иранското нуклеарно прашање и застане зад администрација на Обама во врска со Авганистан, тие наскоро ќе бидат соочени со растечко јавно незадоволство на што не се подготвени, ниту се во добра позиција да се соочат,  тоа е гаранција за сериозна политичка нестабилност во секоја од земјите членки.
4. Ако Европејците се задоволни во одбивањето независно да дебатираат за заедничките интереси кои ги имаат со Кинезите, Индијците, Русите и Бразилците, тие доброволно самите ќе се лишат од било какви средства да ги изложат своите перспективи на претходните три прашања, како што без нив нема постигнување на значајни поместувања.



Историски промени на учеството во глобалниот БДП (1500-2008) на Кина и Индија - Извори: Блумберг / Gluskin Sheff - 2009

Според нашите истражувачи, 2010, секако е клучна година за Европејците и нивната колективна иднина. Односот на ЕУ, а особено на еврото, визави доларот ќе биде решавачки за Европејците, како и за доларот и светскиот монетарен поредок во целина. Не дека Европејците ја бираат година (2010) или предметот (доларот) (лидерите на Евроленд сигурно ќе сакаат да продолжат со нивниот «business as usual»), но историјата е многу иронична во повикувањето блеф за САД "сојузниците": да се потоне сега со Вашингтон или да се плива  без Вашингтон.

Во контекст на сите случувања кои се вклучени во тековната глобална системска криза, времето минува низ процесот на контракција: настаните се случуваат многу побрзо. На оваа тема, ние сме изненадени кога ќе ги слушнеме различните “експерти“ како го опишуваат написот на Роберт Фиск насловен како “Пропаѓањето на доларот“ - каде што авторот укажува на тоа дека Русите, Кинезите, Франција, Јапонија и земјите производители на нафта од Заливот ќе разговараат за идејата околу формирањето цена на нафтата во друга валута од американскиот долар во рок од девет години - како ексцентричен. Според LEAP/E2020, единствениот изненадувачки елемент во оваа анализа е деветгодишното одлагање. Всушност, ова ќе се случи многу порано, во рок од две години, под притисок на настаните.

Со цел да се реализира вонредното забрзување на историјата креирано од кризата, да се потсетиме каде се наоѓаше светот пред девет години. Пред девет години, Џорџ Буш беше номиниран; 9/11 ќе се случи во две години од тогаш, САД не беа заглавени во Авганистан ниту во Ирак; Катрина се уште го немаше уништено Њу Орлеанс; едно евро вредеше 0,9 USD; Русија беше земја препуштена самата на себе, ЕУ го подготвуваше уставот со замисла да биде популарен, Кина беше слаб меѓународен играч; американската економија се покажуваше пред светот како пример и Велика Британија го проповедаше ултра-либерализмот ширум Европа; Wall Street инвестициските банки се чинеа непобедливи, ... листата може да продолжи и натаму. Вредно за истакнување е дека секој од овие настани се чинеше незамислив за најголемиот број "експерти" на само неколку недели пред тие да се случат. Затоа, всушност, многу е наивно да веруваме дека ќе поминат девет години додека нафтата се продава во друга валута освен во долари, валута сосема зависна од волјата на централните банки (патем кажано, се повеќе “лоша“ волја) да се купува, да купуваат и купуваат само заради сопствениот опстанок.

Уште во второто тримесечје од 2009 година, централните банки од целиот свет престанаа да акумулираат американски долари (на американскиот долар отпаѓаат само 37 отсто од нивните валутни купувања, додека тие учествуваат со 63 отсто на сметката на нивните резерви). Уште во јули 2009, близу 100 милијарди американски долари вреден нето капитал избега од САД, токму во тој момент кога САД тврдеше дека може да привлече повеќе од 100 милијарди американски долари месечно како помош при финансирањето на федералниот дефицит (да не зборуваме за другите дефицити).

Во оваа ситуација, основното прашање кое мора да се постави е: кој навистина секој месец ги купува овие трезорски обврзници во вредност од 100 милијарди долари? Сигурно тоа не се американските граѓани, задолжени вон секоја мерка, без заштеди или кредит. Секако не странските приватни инвеститори, се повеќе и повеќе загрижени за состојбата на американската економија. Сигурно не централните банки на Кина, Русија или Јапонија, повеќе загрижени околу кратењето на нивните купувања на долгорочни обврзници, па дури и почнуваат да ги продаваат своите ДЦК или ги разменуваат нивните долгорочни обврзници за краткорочни. Чудно трудно, се чини единствено Банката на Англија има ваков апетит. Затоа, ни остануваат само "вообичаено сомнителните“, односно, ФЕД и нивната мрежа на “примарни дилери“. "Печатењето пари" се случува во многу поголеми размери отколку признаеното од страна на Федералните Резерви со нејзината официјална политика на “квантитативно олеснување“.



Промена во странските купувања на долгорочни американски хартии од вредност (1979 - 2009) - Извор: Market Oracle / Sean Brodick - 09/2009

И како што Америка објави годишнен федерален буџетски дефицит од 1.000 милијарди долари во текот на секоја година од следната деценија, кој искрено верува дека остатокот од светот ќе може да прифати повеќе од девет години да биде исплаќан во смешни пари? Можеби оние кои го сметаа за невозможен колапсот на Вол Стрит во септември 2008 година? Или оние кои сметаат дека Обама ќе ја промени Америка и светот (очигледно, постојат и такви, како оние завеани во норвешките снегови, одговорни за доделувањето на Нобеловата награда за мир)? Или пак оние другите кои инсистираат во размислувањето дека американскиот потрошувач ќе се крене од пепелта и ќе го предводи светот во “невозможното заздравување“?

За разлика од минатата година, ниедна паника нема да донесе спасување на доларот. Овој пат, американската валута повеќе се гледа како шарлатан отколку како засолниште. Навистина раздвојувањето на остатокот на светот (Азија, Јужна Америка и особено Европа) е во тек и токму тоа е причината зошто 2010 е така клучна година за Европјаните. Ако тие не сторат ништо околу тоа, еврото ќе стане безбедоносен-рај валута и тоа ќе расне се додека не ја загуши европската економија. Затоа Еврозоната мора да биде поагресивна и да разговара со останатите големи економски и финансиски играчи како би го избегнала растежот на Еврото во однос на Јуанот, Јенот и другите валути на своите трговски партнери.

Од овој аспект, ЕУ нема избор: секојдневното купување милијарди американски долари не може да биде трајна политика, долари кои секој ден  губат од вредноста како резултат на зголемувањето на брзината со која тие се печатат. Покрај тоа, Европската Унија е во најсилната позиција да преговара со ММФ за сузбивање на американското право на вето и за споделување на моќта со растечките светски сили.



Релативната тежина на големите играчи во светското богатство - Извор: ММФ - 2009

Како и обично, надворешните настани ќе ги поттикнат Европејците да делуваат на обединувачки и проактивен начин. Во овој случај, според LEAP/E2020, прашањето на доларот ќе биде силен поттик за европска акција во 2010 година. Историјата, чија единствена “смисла“ е смислата за иронија, како што често потсетува на нашиот тим, очигледно е подготвена да им ја додели на Европејците улогата за која сите сметаа дека ќе бидат доделена на Кинезите ...

------------------------------------------------

И малку да прокоментирам. Global Europe Anticipation Bulletin е билтен кој ги проучува системските трендови од сериозен европски маштаб. Секако, како јавно достапен, има намена да охрабри и влијае на одредени процеси и актери, и има благо навивање или занемарување, но тоа никако не значи дека точно не ги детектира основните двигателни процеси и трендови, уште помалку дека изнесува неточни податоци. Утепав два и кусур часа да го средам и исправам она што го даде гугл транслејт на македонски. Чуму трудот? Иронично, не мислам дека поттурањето под нос, или објавувањето на блог, на квалитетни информации за системските прашања кои во добра мера ќе ја одредуваат судбината на нациите и поединците, дека воопшто нешто битно ќе промени. Персонално не се обраќам кон никого, ниту записот е во таа функција. Едноставно, пркосам, како љубител на квалитетни балкански драми. Таа иронична кучка досега никогаш не потфрлила, барем во нашиот случај.