Posts Tagged ‘култура’

Што е пермакултура? (кратка верзија)

Sunday, January 17th, 2010
Пермакултура е дизајн метод, мисловна алатка доколку така сакате, со кој се делува во човековата околина и со негова поддршка резултира до одржливи пејзажи кои ја имитираат работата на природните екосистеми. Со поврзување на различни делови на повеќе системи на еколошко чувствителни начини пермакултурата постигнува високи приноси со ниски енергетски влезови, додека, истовремено, всушност ја надградува плодноста низ последователните сезони. Ова може да се сувопарни зборови на дефинирање без конкретното значењето кај луѓето. За некои луѓе, пермакултурата значи градина во дворот која со релативно малку работа во текот на годината не снабдува со изобилство органски произведена храна. За други, пермакултурата значи рурален посед кој е отпорен на поплави, суши или пожари, додека обезбедува храна, вода и енергетска сигурност во наредните декади на светска нестабилност. За трети ..

Пермакултурата комбинира три клучни аспекти:

1. Етичка рамка

2. Разбирање за тоа како работи природата, и

3. Дизајн пристап

Оваа комбинација потоа се користи за создавање одржливи земјоделски продуктивни, и незагадени, здрави населби. За многу места, тоа значи адаптација на постоечките населби. Во други случаи, тоа може да значи почнување од нула. Под населби се подразбира и градот и селото, но во обата случаи се нудат интересни предизвици и можности.

Зборот „пермакултура“ првично доаѓа од спојката (permanent agriculture) постојано земјоделство, за подоцна да се надгради до значењето (permanent culture) трајна култура - нежно живеење на планетата во хармонија со природата кое не прави доволно сигурни дека можеме да ги одржиме човековите активности и опстојба за многу генерации што доаѓаат. Трајноста не е за се да остане исто. Всушност, се работи за стабилност, за продлабочување на почвата и почиста вода, за просперитетни заедници во самобитни региони, за биодиверзифицирано земјоделие, социјална правда, мир и изобилие - сите оние позитивни претстави за светот кои ќе ги најдете во стихотворбите од прво одделение. И нема ништо лошо во претставите, но начинот на доаѓање до нив со пермакултурата засигурно се разликува од понудените во постојните носечки парадигми.

Едно е сигурно, пермакултурата е фасцинантен предмет со многу аспекти, и таа се уште се развива. Уште еднаш, во кратка верзија, пермакултурата е софистицирано еколошко разбирање на светот и природата испреплетено со здравиот разум која преку дизајнот создава долгорочно одржливи плодни пејзажи, како за човекот, така и за природниот свет.

Скриената агенда на училиштето

Thursday, April 16th, 2009

За оние кои не се запознаени со мојата работа, ќе започнам со објаснувањето што подразбирам под “нашата култура“. Наместо тешки дефиниции ќе ви дадам едноставен тест кој може да го употребите било каде по светот. Ако храната во тој дел на светот е ставена под клуч, и ако луѓето што таму живеат мора да работат за да ја добијат, тогаш сте меѓу луѓе од нашата култура. Ако по некоја случајност се најдете во џунгла во внатрешноста на Бразил или Нова Гвинеја, ќе откриете дека храната не е ставена под клуч. Таа е таму просто спремна за земање, и секој оној кој  ќе посака, може да посегне по неа. Луѓето кои живеат во овие области, често се нарекувани абориџини, луѓе од каменото време, или племенските луѓе кои припаѓаат на култура радикално поинаква од нашата.

Работејќи во градинка на програми од групи за најмалите, јас набљудував нешто што сметам дека е навистина извонредно. Во овие групи, децата го минуваат поголемиот дел од времето во учење на нешта што никој што израснал во нашата култура не можел да одбегне да не ги научи. На пример, тие ги учат имињата на основните бои. Аха, замислете си само да го пропуштите денот кога се учела сината боја. Ќе го минете останатиот дел од животот прашувајќи се која боја е небото. Тие учат како да го кажат времето, да бројат, да собираат и одземаат, како да е можно некој од нашата култура да не ги научи овие работи. И се разбира тие ги учат основите како да читаат. Ќе одам поблиску до крајноста и ќе предложам еден експеримент. Две одделенија од по 30 деца, идентично учени и со идентични школски материјали за време на школувањето, но на едното одделение не му се предавани часови по читање, а на второто му се предавани вообичаените часови. Наречете ја Quinn претпоставка: двете одделенија ќе се тестираат во вештините на читањето на крајот од 12-те школски години. Се чувствувам сигурен во правењето на оваа претпоставка затоа што на крајот децата ќе научат да читаат на истиот начин како што учат да зборуваат, со дружење и врткање околу луѓето кои знаат да читаат и со посакување да го прават она што овие луѓе го прават.

Нашите деца во училиштата се подготвувани храбро да зачекорат напред во единствениот до полнотија човечки живот кој било кога постоел на оваа планета. Овие знаења здобиени во училиштата нема да им донесат само успех туку и длабоко лично исполнување на секое ниво. Што е важно доколку тие не прават ништо друго во животот освен некоја умно заглупувачка работа во некоја фабрика? Тие можат да разложат реченица! Тие можат да ви ги објаснат разликите меѓу сонетите на Петрарка и Шекспир! Можат да вадат квадратни корени! Но над се, се разбира, граѓанското образование (од прво одделение до матура) ги подготвува децата да бидат наполно-функционални учесници во оваа наша голема цивилизација. Денот по матурирањето, тие се подготвени да зачекорат со доверба кон било која цел која ќе си ја постават.

Се разбира, секој знае дека граѓанското образование не го прави тоа. Согледувањето за образованието е дека нешто необично погрешно се случува со училиштата. Тие се неуспешни, мизерно неуспешни во испораката на овие заводливи ветувања.

Во рамки на нашата културна матрица, секој медиум ни вели дека училиштата постојат за да ги подготват децата за успешен и исполнет живот во нашата цивилизација (и токму затоа се неуспешни). Ова надвор од секаква аргументација, вон сомнеж, вон секакво прашање. Штом ќе исчекориме надвор од културната матрица, истиот глас не допира до нашите уши и ние сме слободни да поставиме неколку нови прашања. Да претпоставиме дека училиштата не се неуспешни? Да претпоставиме дека го прават она што ние навистина го бараме од нив – но не сакаме да го преиспитаме и признаеме? Но во што се тие исклучително успешни? Добро, да започнеме, тие се одлични во држењето на младите надвор од пазарот на трудот. Наместо да станат заработувачи на возраст од дванаесет или четиринаесет години, тие остануваат само потрошувачи – и тие трошат милијарди долари на стока, користејќи ги притоа парите на своите родители. Замислете си само што ќе се случи доколку преку ноќ вратите на средните училишта останат затворат. Наместо да имаме педесет милиони активни потрошувачи, ние наеднаш би имале педесет милиони невработени младинци. Ова не е ништо помалку од економска катастрофа.

Но држејќи ги младите надвор од пазарот на трудот е само половина од она што училиштата одлично го прават. На возраст од тринаесет или четиринаесет години, децата од абориџинското општество – племенското општество – го имаат завршено она што ние, од наша гледна точка, би го нарекле “образование“. Тие се спремни да “матурираат“ и да станат возрасни. Во овие општества, под тоа се подразбира дека нивниот фактор на опстанок е 100%. Сите нивни повозрасни можат да исчезнат преку ноќ, и нема да имаме хаос, анархија, и глад помеѓу овие нови возрасни. Тие ќе бидат способни да продолжат без застој. Ниедна од вештините и технологиите кои биле практикувани од нивните родители нема да бидат загубени. Доколку сакаат, тие би можеле да живеат потполно независно од племенската структура во која се подигнати.

Но ова е последното нешто во што ние сакаме да бидат кадарни нашите деца да го направат , да бидат способни да живеат независно во општеството. Ние не сакаме нашите матуранти да имаат способност за опстанок од 100%, затоа што ова ќе ги направи слободни во изборот за излез од нашиот внимателно конструиран економски систем и можност да прават што и да посакаат. Ние не сакаме тие да прават што ќе посакаат, ние сакаме да имаат само две можности (под претпоставка дека не се соодветно богати). Да се вработат или да одат на факултет. Обете можности за нас се добри, затоа што имаме потреба од константен прилив на работници со ниско почетно ниво и исто така имаме потреба од доктори, адвокати, физичари, психолози, геолози, биолози, учители, итн.

Децата не треба да бидат мотивирани за учење на се она што ги опкружува во светот во кој живеат, тие се апсолутно поттикнати да научат. До преодот во пубертетот, децата од абориџинското општество без никаква грешка научиле се што им е потребно за да функционираат како возрасни. Размислувајте малку на следниот начин. Генерално говорено, човечкиот биолошки часовник е навиен за два аларми. Кога првиот ќе заѕвони, по раѓањето, часовникот одѕвонува учи, учи, учи, учи, учи. Кога вториот ќе заѕвони, почеток на пубертетот, часовникот одѕвонува пари се, ќари се, спари се, пари се , ќари се, спари се. Ѕвончето кое вели учи, учи, учи никогаш наполно не исчезнува, но релативно заслабнува со влезот во пубертетот. По тој момент, децата не сакаат да ги следат своите родители во учењето на племнските танци. Наместо тоа, тие сакаат да се следат меѓусебно околу нивниот танц на парење.

И последниот аргумент што го даваат луѓето за подршка на идејата дека децата им е потребно сето тоа школување што им го даваме е дека денес има многу повеќе материјал за учење отколку во праисториското време или еден век наназад. Идејата е апсурдна. Идејата дека децата треба да се повеќе на училиште затоа што има многу што да се учи е апсурдна. Ако образованието на граѓаните треба да се продолжи за да вклучи се што може да се научи, тоа нема да оди само до средно школо, тоа ќе оди до дванаесет илијадито одделение, и никој нема да биде во состојба да матурира за време на својот живот.

Автор на есејот Schooling: The Hidden Agenda е Daniel Quinn. Пред вас имате делови од есејот, преведени, избрани и вклопени по мое наоѓање. Линк до комплетниот есеј тука.