И додека гледам на тв како покрај оранје лампионски светликвата холандска амбасадорка испоседнала на трпеза безмалку сета портокалова влада да го проследи фудбалското полуфинале, чувствувам дека некој недостасува во навивачкото друштвенце. Ма мора да е некој 24/7 министер радилица, ми пролетува инстант асоцијација низ умот. А кој би бил тој министер што би пропуштил гага хајнекен пивце, холандска марка, грчка инвестиција и олигархиски домашно флаширано, та ми недостасува за полна портоколова слика? Оние бедниците и некадарници од опозициски комуњари никој не ги кани на евроатлантска маса, нивото им е за под маса, согласно со зададените задачки. И одговорот не го барам кај онаа македонска политковскаја на неодредена работа во Брисел кога таа не може асално да одбере и спакува ниту новинарска приказна од европската престолнина, како на пример оваа иницијатива за еко сапунирање на преминатите. Стварно, кој е министерот што недостигаше на навивачкото оранје журче со гага пиење и лапачка?
Малку сурф преку тајм.мк и промптно излезе одговорот - како јавуе дојчевеле - Милошовски НАТО состанчел тази ношт. Но не бил сам, друштво му правел министерот за одбрана Коњановски. Да му го држи стравот, да го брани ли? Ова се прашања од чисто шпекулативен крактер, мада кога ќе погледне чоек колку народ НАТО има колатерално испотепано по Ирак, Авганистан, па и во соседна Србија ако тие земји се далечни за емо-разумско восприемање на убиствата, некако природно од прашањето ми отпаѓа шпекулацијата, за да се сведе на прашање на чист карактер. И така, ја читам изјавата на Милошовски. И така, нешто убиствено смрдливо се шири од екранот што не го пере ниту фламанскиот еко сапун од упокоените души.
Дојче веле: 82 проценти македонски граѓани сакаат во НАТО
Македонскиот министер за надворешни работи ги уверил амбасадорите на НАТО, како и генералниот секретар на Алијансата, дека поддршката на граѓаните за влез во НАТО останува висока - соопштена е бројка од 82 проценти: „Исто така и поддршката на македонските граѓани, отприлика 82 проценти според последните анкети. Мислам дека тоа е еден голем ресурс“, рече Милошоски.
Ееее, ќе кажете, што смрди во изјавата на министерот 25/7 радилица, можеби мене или некому Милошовски му е помалку фак-фејк-лукинг, што е индивидуална перцепција, и дека настапувам малициозно и со доза политичка пакост. Па, не знам, како да го објаснам тоа интуитивно чувство, накратко, освен дека педерски му се сместуваат на граѓанинот анкетни резултати.
Тро раширено. Да го повторам нешто околу анкетите (Анкети од епрувети):
Луѓето сакаат статистики. Особено ги сакаат доколку им го потврдуваат востановеното сопствено убедување. Доколку тоа не е случај, денес постои спознанието за нарачани анкети. Нема бегање!
Но како до вистинските податоци? Кои податоци се доверливи? Иако не постои целосна заштита од извртувањето на податоците и заклучоците од анкетите, или од ненамерните маргини на грешка во анкетните прашалници, претполагам како разрешување на дилемите сосема едноставно решение. Пијте што повисоко од изворот.
Минатата година ад хок довербата на македонските граѓани во НАТО била токму 56%, според Балкан Галуп Монитор. Ако се претпостави дека со вжештувањето на прашањето за името негативната перцепција и довербата во НАТО засигурно е начната до нагризана, баш ме интересира на кои последни анкети се повикува Милошовски. Освен политичкото ад хок верују на Милошовски каде се претпочита и ценат без(в)редно .. големи ресурси, евроатлантска ориентација, партнери, анкетни резултати.
Потоа, уште поконкретно, еден од најчестите начини за манипулација со анкетните резултати се прави со погрешно избрани и поставени прашања. Толкувањето на посакуваниот очекуван одговор на погрешно избрано и поставено прашање е невалидно, и не може да биде било каков ресурс. Значи, ако се знае дека единствен услов за НАТО е промената на името, кај прашањето за подршката на македонските граѓани на НАТО, безусловно, треба се вгради фашизоидниот и непримерен услов за прием во НАТО.
Летно разговетно, карактерно педерски се изместени цифрите во анкетните резултати кај лажно пласираното мнозинското јавно мислење во однос на НАТО подршката. Застарено и тро напумпано, Македонија во НАТО има подршка од 82 отсто македонски граѓани, додека граѓаните на непринципиелно силуваната и преименувана земја, условно Македонија (*****), даваат бедни 28% подршка за НАТО. Или, одеби НАТО!