Posts Tagged ‘недоследност’

Иднината на ФИРОМ е во ЕУ, иднината на Македонија е вон ЕУ

Wednesday, July 7th, 2010

Нова Македонија- Ив Летерм: Ќе бидеме чесен посредник во спорот за името:

- Ние во наредните недели и месеци ќе дејствуваме како посредник за решавање на прашањето, секако во соработка со Нимиц, и се надеваме дека со иницијатива на белгиското претседателство ќе се постигне решение. Веруваме дека луѓето го заслужуваат тоа и Европа го заслужува тоа, затоа што иднината на ФИРОМ е во ЕУ, која нема да биде целосна без оваа држава - изјави Летерм по средбата со Груевски.

- Сепак, ова прашање не зависи само од нас, па дури не зависи само од Нимиц, во голема мера зависи од чекорите што во иднина ќе ги преземе грчката влада. Не сакаме да кажеме ниту оптимисти, ниту песимисти, туку сакаме да продолжиме преку процесот во Обединетите нации да бараме решение што ќе ги нормализира односите со Грција, ќе нé деблокира и кое би било прифатливо - рече Груевски.

Впечатлив е говорот на политичарите во трето лице множина по куртоазните им средби. Летерм “веруваме“, Груевски “не сакаме да кажеме“. Да не одиме по патот на полишизо психологијата и социопатологијата на его идентифакицијата, туку да кажеме дека ваквиот речник е востановена културолошка матрица на колективните политички претставници кои во постмодерените општества го изразуваат, повеќе или помалку, јавното мислење. Дефинитивно - помалку. Дури при сета елитна контрола на средствата за јавна комуникација и информирање, дури со одлично совладаните техники за манипулација на јавното мислење, резултатите се повеќе од тенки. Тие дефинитивно изразуваат помалку од јавното мислење,  индиректно според резултатите на неодамнешните избори во Белгија, и директно според посаглам анкетите кои не се изготвени во подрумите на бруталната вац-кокалановска фабрика и вувузелирани од рамковизиската медиумска толпа. Да заклучам, уште една политичка средба на взаемно искажано безобразие, каде “чесна“ е единствено полупораката - Иднината на ФИРОМ е во ЕУ - која до целосна јасност неопходно е да се доплни со - Иднината на Македонија е вон ЕУ.