Претходно сум кажал и овде: Обама е новиот Горбачов, насмеаното лице зад империјалната трошна фасада, претставителен, незаканувачки губитник. Горбачов ја доби Нобеловата утешна награда во октомври 1990 година; подоцна за малку помалку од една година СССР повеќе не постоеше и тој стана невработен.
Со доделувањето на наградата за мир, Нобеловиот комитет всушност направи нешто добро: ја реафирмира неговата легитимност како лидер, помогна да се ослабне струјата на конзервативни сили во Русија, која подоцна изведе неуспешен државен удар во обидот за враќање на контролата врз една империја во распаѓање.
Горбачов секако заслужува кредит за тоа дека СССР се распадна со цимолење, без тресок. Барак Обама нека биде исто така успешен во исчезнувањето на САД, тивко и без било какво непотребно крвопролевање. Му посакувам долги и среќни денови како невработен.
Горбачов победи на Нобеловата награда за мир
By Jonathan Steele во Москва
Вторник 16 Октомври, 1990
guardian.co.uk
"Претседателот Горбачов вчера ја доби најголемиата светска утешна награда. Тој ја доби Нобеловата награда за мир за губењето на Студената војна, со што стана првиот комунистички лидер кој го освои трофејот во вредност од £ 360,000 по расклопување на системот за кој неговата партија потроши 70 години во неговото креирање.
"Комитетот за Нобеловата награда во Осло не го срочи тоа баш така. Се повика на г-дин Горбачов за "неговата водечка улога во мировниот процес" со кој денес се карактеризирааат делови на светот ....
"Во Москва, погодена со недостигот на основната храна и производи за широка потрошувачка, расположението беше повеќе од возадржано. Кога претседателот на Врховниот Совет, Анатолиј
Лукјанов, ја објави веста на пратениците, тие едвај аплаудираа пет секунди. Генадиј Герасимов, портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави: "Ние мора да разбереме, ова сигурно не беше награда за економија ..."
... Ниту овојпат тоа не е награда за економија! Во најмала рака, финансиската дупка што СССР ја остави зад себе беше далеку помала.
Сега, некои луѓе мислат дека Обама не си ја врши добро работата. Тој не ја врши. Тоа е затоа што работата не е добра. Тоа дури не е ниту лоша работа. Работа е начисто страшна. Но некој треба да ја сработи, и тој некој штотуку ја освои Нобеловата награда, па, тој барем нешто мора да работи добро.
****
автор на текстот е Димитриј Орлов и оригиналот може да го пронајдете тука