Posts Tagged ‘посветени’

Рољата на Овцата и Свињата во сендвичот со шунка и кашкавал

Tuesday, March 23rd, 2010

Во сендвичот со шунка и кашкавал, овцата е вмешана, додека свињата е посветена.

Кога се работи за македонски сендвич, пардон, северномакедонски сендвич, редно е да ги откриеме состојките кои го сочинуваат сендвичот со променливо до прифатливо име. Овој наголемо рекламиран сендвич на пазарот е уствари сендвич со шунка и кашкавал, поконкретно овчји кашкавал. И тука, вмр(овците) се дефинитивно вмешани, додека с(вињата)дсм е дефинитивно посветена. Лепчињата од овој сендвич се НАТО и ЕУ. Денес ми заличува дека се малку бајати, и како да забележувам неколку точки зелена мувла како шараат по површината. Ех, ех, а колку ли ќе беа вкусни лепчињава само пред неколку години, сто насто ќе се залебевме. Грците во овој сендвич деликатес се задолжени за сосот. Тоа е парадајз маслинов прелив, константно подгреван еве веќе 20 години, некои велат уште од поодамна е приготвен преливот специјално само за нас. И немој некој да протестирал и негодува - ма што се 20 години за квалитетено маслиново масло полно витамини. Па што ако се они материјално и морално банкрот, тоа не значи дека не се наши пријатели. Сакате сендвич или не сакате? Ма сендвичот е прва лига, еве го маркетира нашата најгледана телевизија која воедно е позната по маркетирање детски бакуган флипсови - секое дете да лапне пет невкусно нездрави флипса доколку сака да учествува на турнирот. Сакате сендвич или да идат уште реклами, а?