Posts Tagged ‘развој’

Иван Илич

Saturday, December 19th, 2009

Иван Илич (1926- 2 Декември 2002) е Хрватски критичар на развојот, на институциите на модерното општество, се произнесува по прашањата на образованието, здравјето, економскиот развој, употребата на енергијата, или накратко холистички мислител.
Неговата критика се заснова на поимот „контрапродуктивност“. По преоѓањето на одредени прагови на развојот се развиваат мегаломански институции во индустриските општества кои стануваат се поголема пречка за остварување на целите кои истите би требало да ги остварат. Медицината го упропаства здравјето, училиштата заглупуваат, транспортот не прави неподвижни, комуникациите глуви и неми, протокот на информации ја уништува смислата, индустриската храна се претвора во отров и употребата на фосилните горива кои го динамизираат животот се закана за идниот живот. Делата на Иван Илич даваат детална анализа на механизмот на контрапродуктивноста.
Секоја употребна вредност може да се произведе на два начини, со два начини на производство: автономен и хетерономен. Можеме да осознаваме така што ќе станеме будни за работите кои живот значат; а може и да стекнуваме знаење од професор кој е платен за тоа. Можеме да имаме добро здравје со водење здрав и хигиенски живот; а може и да го бараме здравјето кај професор-доктор. Можеме да му помогнеме на оној кој бара помош; а може и да го упатиме кон соодветна институција или служба. Спротивно од она што го произведува хетерономниот начин, тоа што го произведува автономниот начин не може, општо кажано, да биде измерено, проценето и споредено со другите вредности. Во принцип, не се работи за тоа дека хетерономноста е лоша сама по себе, хетерономното производство може да има вистински придонес во способноста за автономно производство на употребни вредности. Се работи за тоа дека хетерономијата е тука само за да помогне на вистинската цел – автономијата.
Хипотезата на Илич гласи – “позитивна синергија“ на двата начини на живот е невозможна надвор од одредени прецизни услови. Со преоѓањето на критичните нивоа на развојот, хетерономното производство прави реорганизација на физичката, институционалната и симболичката средина која ги парализира автономните способности. Влегуваме во маѓепсан круг кој е поинаков од инстантната контрапродуктивност. Имаме осиромашување на врските кои го поврзуваат човекот сам со себе, со природната околина, со другите луѓе, и светот станува моќен генератор на барања и желби за хетерономните супститути кои единствено овозможуваат преживување во се‘ поотуѓениот свет. Неговата анализа ни покажува зошто сме толку приврзани за она што во суштина не‘ уништува.

Како мала презентација на идеите на Иван Илич нудам мал ивадок од Toward а History of Needs:

Модерната беда се појавува кога нејзиниот интензитет на зависноста од пазарот ќе достигне одреден праг. Субјективно, тоа е искуство на обилна фрустрација која се случува кај лицата осакатени од нивното убедливо потпирање на богатствата од индустриската продуктивност. Едноставно, ги лишува погодените од неа од нивната слобода и моќ да дејствуваат автономно, да живеат креативно, ги ограничува на опстанок преку нивната приклученост во пазарните односи. И токму поради тоа што оваа нова импотенција е толку длабоко доживеана, таа со тешкотии се изразува. Ние сме сведоци на одвај забележливата трансформација на вообичаениот јазик со која глаголите кои претходно одредуваа акции на задоволство се заменети со именки кои означуваат пакети дизајнирани само за пасивна конзумација; на пример, “да се научи“ стана “собирање на поени“. Длабоката промена овде се рефлектира во индивидуалната и социјалната слика за самиот себе. И не се само лаиците кои имаат потешкотии во прецизното изразување на она што го доживуваат. Економистите професионалци се неспособни да ја препознаат бедата со нивните конвенционални инструменти. Како и да е, новиот мутант на бедотија продолжува да се шири. Особено модерната неспособност да се употребат природните таленти, комуналниот живот, и природните ресурси на автономен начин, ги инфицира сите аспекти на животот онаму каде професионално орзанизираниот производ ја има заменето културолошката обликувана употребна вредност.

Новата продукција на импотентна беда не смее да се меша со се‘ поширокиот јаз на потрошувачка помеѓу богатите и сиромашните во свет каде основните потреби се засилено обликувани од индустриската стока. Јазот е форма на традиционалната сиромаштија која се подразбира и‘ во индустриското општество, и конвенционалните услови на класна борба соодветно го откриваат и намалуваат. Уште понатаму, ги разликувам модерната беда од високата цена одредена од надворешните фактори кои со зголеменото производство ги исфрлаат во околината. Јасно е дека овие видови на загадување, стрес, и оданочувањето се нерамномерно наметнати. Соодветно, одбраните од вакви грабежи се нарамномерно распределени. Но како и за новите јазови во “пристапот до“, таквите нееднаквости во социјалните трошоци се аспекти на индустриската сиромаштија за кои можат да се најдат економски индикатори и објективна верификација. Ова не е вистина за индустријализираната импотенција која ги зафаќа заедно богатите и сиромашните. Таму каде се издигне ваковиот вид на беда, животот без дополнителен пристап до суровините е или невозможен или криминален. Да се биде без потрошувачка станува невозможно, не само за просечниот потрошувач, дури и за сиромашните. Сите форми на борба, од афирмативни акции до акциите за природната средина, не се од никаква помош. Слободата да се дизајнира и изгради сопствено живеалиште е напуштена во однос на бирократските прописи за стандарди во градбата, како во САД, Куба или Шведска. Организацијата на вработувањата, вештините, ресурсите за градба, правилата, и кредитите го фаворизираат домот како стока повеќе одколку како активност. Без разлика дали производот е обезбеден од претприемач или од апаратчик, ефективниот резултат е истиот: импотенција на граѓанинот, наше специфично модерно искуство на бедата.

Кога сенката на економскиот раст ќе не допре, ние сме оставени безполезни освен ако не се вработиме или не се вклучиме во потрошувачката; обидот да се изгради куќа или да се погреби некој надвор од контрола на сертифицираните специјалисти се сфаќа како анархија. Ние го губиме погледот од ресурсите, губиме контрола врз условите на природната околина кои ги прават ресурсите достапни, го губиме чувството за самодоверба во совладувањето на предизвиците однадвор и со стресот одвнатре. Во напреднатите индустриски општества, модернизацијата на бедата подразбира дека луѓето се неспособни да препознаат факти освен ако тоа не е сертифицирано од професионалци, нека биде тоа презентер на временска прогноза или експерт; оваа органска нелагодност станува неподнослива закана освен ако не е медикаментирана со зависност од терапевт; дека пријателите и роднините се изгубени освен ако не се премости далечината со возило (создадена претходно од возилата). Накратко, повеќето време ние се наоѓаме вон дофат со нашиот свет, надвор од видикот на оние со кои работиме, расштимани со она што го чувствуваме.

Еден поранешен текст кој ете најдов за сходно да го ставам тука.

Заробен еволутивен развој

Monday, September 7th, 2009
Можеби сте размислувале за поедини карактеристики, природни, анатомски или останати, кои делумно го објаснуваат човекот како еволутивно животно, можеби не. Овде ќе има одредени нафрлени работи врзани за човековата сексуалност, која е со најмалку еднакво еволутивно значење како исправеното одење, или употребата на палецот, во откривањето на човековиот бит.

За време на човековиот развој, тестисите (јајцата) кај мажот се поместуваат надвор од торзото се со цел да се овозможи нивна поголема големина, т.е. производство на повеќе сперматозоиди. Со тоа се покажува историјата на изразената сексуална конкуренција кај човековиот вид, иако и многу други цицачи ја имаат оваа адаптација. Може да проследите и еден поранешен запис со блиска тематика.

Специфичниот главчест облик на врвот од машкиот пенис овозможува отстранување и исфрлање на спермата од претходениот сексуален партнер за време на односот. И други цицачи ја имаат оваа адаптација. Функцијата е далеку подобрена со практиката на отсекување на кожичето, или сунет. Што значи последниот маж кој има секс со жена е оној кој најверојатно ќе ги продолжи сопствените гени. Обрежаниот маж е со далеку поголема веројатност на ширење на сопствените гени наспроти оние кои не се. Секако, при ова не е земен во предвид културниот модел на заедниците и општествата во наметнувањето на сексуалното однесување. Но со широкото навлегување и прифаќање на сексуалните слободи зачинети со хедонизмот како императив во културолошкиот модел на однесување, не е на одмет напоменувањето на овие карактеристики. Имајте на ум дека зборувам повеќе биолошко историски, како и симболично.

Па потоа, обликот на женската брадавица на дојката не е добро приспособен за доење на младенчињата. Но затоа, обликот на женските гради кои нараснуваат во периодот на адолесценција се прилично добро адаптирани како сексуален сигнал.

Човекот нема крзно. Или поинаку кажано, луѓето имаат загубено голем дел од влакнестото тело. Со тоа човекот има осетлива кожа, која е сензибилна на допир. Губење на крзно, исто така, овозможува кај луѓето полесно да се види протокот на крв под кожата, или руменилото, вцрвувањето.  Црвенилото не претставува само непријатност или знак на агресија, туку исто така и сексуален сигнал. Покрај тоа што еволутивно е изгубен голем дел од нашето телесно крзно, интересно, зачувани се грмушките на срамните места.

Има три типа на човечки сперматозоиди: јајце-оплодувачи, блокирачи и убијци. Бројноста на сперматозоидите блокирачи и убијци  далеку ја надминуваат бројноста на сперматозоидите јајце-оплодувачи. Тоа укажува на долгата историја на жестока конкуренција кај човековата сексуалност. Да го напоменеме и она што е општо познато, дека, луѓето поминуваат многу подолго време при вршење на сексуалните односи отколку повеќето други цицачи, и го парават тоа постојано и кога повеќе не е во игра потомството.

Дали сте сигурни дека вашиот татко е навистина вашиот биолошки татко? Општо кажано, до пред некоја декада, за еден од дваесет, нашиот татко не беше оној кој сметавме дека е, иако секој еден од нас смета дека е меѓу безбедните 19. Денес тоа оди до таму што една скорешна германска студија кажува дека односот е 1 од 3, па уплавот од резултатите ги натерал нарачителите да ги напуштат истражувањата од овој тип.

Ако порно терабајтите ги надминуваат збирно спиритуалните и политичките гигабајти, со уште неколку додадени тематски единици, повеќе од захтевно е вниманието на овој блог повремено да биде насочено кон сексуалноста и сексот во објаснувањето на човековото поведение и суштина. Токму величината и развојот на порно индустријата ми дава за право прашањето за заробениот еволутивен развој на човекот да биде тука на тапет.

За објективниот истражувач ништо лично, но веројатно ќе се сложите дека од комплексот на преплетени области со кои се објаснува човековата природа, факторот сексуалност штрчи во историското занемарување. Воопштено кажано, виновници се табуата кои преку строгите забрани ги поставува стожерите на кои се гради деликатната култура на општествената заедница. И веднаш да кажам дека не сум априори застапник за олабавување, или пак рушење, на табуата, без точно да се разбере што всушност се разградува, и од тоа добиените последици. Многу слично, како неолибералниот капитализам што го ослободи планетарниот простор за негово пенетрирање и оплодување за истовремено да ги ослободи вработените од работните места, пензионерите од пензии, родителите од квалитетно време со децата. Затоа, воопшто не зачудува враќањето на конзерватизмот на голема врата, особено на религиозноста и религијата како општествен суперорганизам, на која и предвидувам блескава иднина.

И доста беше со предигра и игра, одиме кон завршната записна ејакулација.

Залудна ќе е намерата да испровоцира, можеби да ги поремети и измести, кај бланкото да исполни, одредени ставови и перцепции за нас самите, кога наспроти неа набреканало вулгарното мислење во форма на изреката “еби или ќе те ебат.“ Многу поточна формулација со еволутивна нитка би била “еби или изумри.“ Во таа смисла на “работата е ебана“, застапниците на духовна трансформација, општествено подигање на свеста или лична преобразба на животниот стил во согласност со етичките принципи се во инфериорна сексуална положба. Еволутивната биолошка логика упатува на општествената реалност налик на сперматозоидна војна каде 90% од сперматозоидите се или блокирачи или убијци.

Првите, оние веќе предадените, со поглед кон минатите им сексуални успеси, ќе извикаат “работата е сјебана“ со што во старт се самопотврдуваат како воајери или сексуално непродуктивни старци каде ни вијаграта не помага во продукцијата на семенски материјал. Друга група на сексуалните лузери, и денес најбројна, се корисниците на кондоми. Во општественото миље нејзин карактеристичен претставник би била интелектуалата. Чистунци со навлечени ментални кондоми, кои дефинитивно имаат сексуален апетит, но сакаат актот да го прават без нималку да го извалкаат комодитетот меѓу две туширања, со млади незаинтересирани жени кои за време на сексот во едната рака имаат мобилен, а во другата тест за бременост, за секој случај работата да не отиде предалеку. Семенскиот материјал фино спакуван на крајот завршува на Дрисла или преку заситениот со органски материи Вардар да заврши како храна за алгите во Белото Море. И, третата јалова група се дркаџиите. Кај нив е очигледно немањето на сексуална партнерка и нејзината замена со широка лепеза на фетиши. Најверојатно некое општествено или културно отфрлање од минатото ја убило таа малку самодоверба и храброст во приоѓањето и барањето реална жива партнерка, па полето за општествено, или сексуално, докажување редовно се помага со визуелно-стимулативни фетишни стимулации на потрошувачкото друштво за секоја вечер јалово да се исцеди напнатоста токму на лесно пристапните визуелно-стимулативни фетиши.

Во тековната општествена оргија со животите и судбините на луѓето глупаво е да се бара наеднаш да се поврати изгубениот баланс на содржајниот и исплонет живот. Во битките на општествените сперми важно е оние со чесни и доблесни намери да осознаат дека во општествената матка веќе се наоѓа мутантната сперма. Тоа изискува составот на нивната сперма биолошки да содржи сперматозоиди блокирачи и убијци, не само фини јајце-оплодувачки носители на ДНК за кои сите сакаат да зборуваат. При тоа неспорна е потребата од здрава сексуална желба и имагинација, исто како и тајмингот, со чисти намери без кожичка на главата и волуменски силен млаз на здрава сперма за исфрлање на конкурентните сперми.