Posts Tagged ‘Западен Балкан’

Шок-интеграција (или реакција на статијата на Иван Крастев)

Tuesday, December 1st, 2009
Утрински Весник преку „Проџект синдикејт“ ни го донесува написот од Иван Крастев -Лек за балканската депресија.“ Инаку, Иван Крастев е бугарски аналитичар по либерални студии од Софија. И нема никаква врска тоа што е Бугарин, да не се залета беспотребно некој по тоа, затоа што аналитичар од таков ранг е засебна класа која малку познава националност. Интелектуалните квалитети му се неспорни. Тоа е само еден од предусловите со кои се пробива и достигнува големото друштво. На пример, Крастев е потписник на петицијата за визна либерализација за Косоварите, меѓудругите заедно со Шеќеринска и „тенкиот“ Џулијано Амато. Заедно со Киро наш едно време беше во Меѓународната Група за Балканот, повторно со Амато, Карл Билт. Иван Крастев за нас е битен затоа што веќе години наназад е аналитичар, и, така да се изразам, кроикапа на меѓународната полтика која се однесува за балканските земјички.


доверба во национални и интернационални институции - Балкан Монитор пдф фајл

Анкетата на „Балкан монитор“, спроведена неодамна од агенцијата „Галуп Европа“, дава сугестии за јавното мислење во Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Косово 20 години од паѓањето на Берлинскиот ѕид и една деценија од крајот на косовската војна. Податоците укажуваат дека следните пет години ќе бидат решавачки период за идниот развој на регионот.

Сега има две опции за регионот: една е програмата за „шок-интеграција“ со која сите земји од Западен Балкан влегуваат во ЕУ; другата е патување во непознато. Надежта дека тие земји можат сами да истуркаат докрај е опасна илузија. Само стабилноста не може и натаму да биде единствената цел на ЕУ во регионот. Континуираното присуство на ЕУ како колонијална сила во местата како што се Босна и Херцеговина и Косово би можело да создаде уште повеќе проблеми во иднина, особено ако ползата не е скорешна.

Одлуката на ЕУ да го либерализира визниот режим за Србија, Црна Гора и Македонија - и фактот дека Јоргос Папандреу, главниот архитект на стратегијата за интеграција на Балканот во ЕУ, повторно е на власт во Грција - е уште еден извор на оптимизам.

Но, за Балканот е решавачки момент. Визната либерализација може да биде стратегиски чекор во насоката за „шок-интеграција“, но ако не биде следена од смела политичка акција од страна на ЕУ, би можела едноставно да биде препакување на статус-кво. Накусо, дојде моментот за обликување настани наместо за едноставно обележување на годишнини.

move abroad, stay home, opinion
луѓе кои сакаат да одат надвор

Прва работа што помалку ме изиритира е што во текстот се вели дека Јоргос Георгаки Папандреу бил главниот архитект на стратегијата за интеграција на Балканот во ЕУ. Таканаречената „Агенда 2014“. Па добро бе Иване, што архитектонско дело ќе беше тоа кога Јас на хамерот гледам само црвени линии. Толку пати Јоргос Георгаки Папандреу и тур-операторот по западниот Балкан Димитрис Друцас ја подвлекоа истата црвена линија што хамерот до сега сигурно се пробушил на тоа место. Може ли Јас како идно шок-интегриран европски граѓанин да го погледнам нацртот на таа исклучителна архитектонска творба. Да за оптимизмот. Но да и за домаќинскиот муабет. Како граѓанин, како доликува на домаќини и пријатели, да не станат ветви зборовите “демократија“ и “транспарентност“, живо ме интересира каде сте ме сместиле во таа сеуште нерелизирана архитектура. Сепак за мене се работи. Во поткровје, во подрум, на први спрат или во некоја шупа од страна. Колку квадрати се за мене како Македонец и Македонија. И кога веќе работата е итна, решавачки момент како што велиш самиот, редно е да прашам да не Ви треба помош. Та нели градбата на орук за 5 години треба да се заврши. Да фрлам некоја лопата.

reprezented by political party opinion
застапуван од политичка партија или политичар

Втората работа на која реагирам, Иване, се однесува на терминот „шок-интеграција. Прости, но веднаш ми доаѓаат лоши асоцијации. Насловот на твојата статија - Лек за балканската депресија - веднаш ме асоцираше на шок-терапијата која се применува во психијатриското лечење, народски кажано електро шок терапија, која се дава под анестезија и воглавно се употребува за лечење на депресија кај пациенти кои терпевтски не реагираат на останатите третмани. Не знам дали се работи за коинциденција, сепак, Иване, кога се работи за аналитичар од твој маштаб и на тоа место, дозволи да бидам скептичен. Да не поврзувам сега со економската шок терапија што остави социјална пустина и беда зад себе, објаснета и анализирана од Џефри Сакс. Да не избрзувам со асоцијации од книгата „Шок доктрина“ на Наоми Клајн, каде таа издржано ги поврза и објасни овие економски доктрини со психијатриските примери. Не сакам ни да помислувам за ирачката интервенција под името „Shock and awe“, сепак во случајот со западниот Балкан се работи за интеграција наместо наметнување стравопочитување. Ако намерите се чесни, морам да ти кажам Иване, дека, терминот е потполно промашен.

Albanians opinion for greater Albania 2009
мислење на Албанците за скорешна Голема Албанија - Балкан Монитор презентација пдф фајл

Знам, Иване, дека сила Бога не моли. Знам дека во некои граници ќе го истуркате посакуваното решение. Сепак Иване, знаеш, во оваа земја се создаде еднок тенок мислечки и интелектуален слој, вон политичките партии и вон коридорите на моќта. Малку, недоволно - се согласувам. Но сепак тоа се луѓето кои можат да повлечат напред.

Идат тешки и турбулентни години за сите нас, без исклучок. Само малку треба, малку повеќе чесност, малку повеќе домаќински пристап. Вредни, искрени и верни пријтели само така се стекнуваат. И за тоа, Иване, бездруго, и да не се лажеме, одлуката и топката е на вашата страна, Виена, Брисел, Берлин, Лондон, Копенхаген .. Груевски со сите маани и доблести не е толку голем, ја нема таа адреса.


Поздрав Иване и секое добро

Препорака: 2014 во ЕУ?

Thursday, October 15th, 2009
Сите зборуваат или даваат препораки, па си реков “каде сите Турци таму и гол Асан“ да се препорача. Да започнам со една скромна информација:

Македонија и Грција делат заеднички интереси, а Атина има искрена намера и ќе се обидува постојано да бара евентуални варијанти за наоѓање на решение во спорот за името. Папандреу, кој е и шеф на грчката дипломатија, го повторил и предлогот за прием на сите земји од западен Балкан во Европската унија до 2014 година, со навршувањето на 100 години од почетокот на Првата светска војна.“ (извор Макфакс)

Дипломатскиот говор настрана, од веста ја издвојувам годината - 2014. Симболичната дата со стогодишнината од почетокот на Првата светска војна како крај на етничките конфликти и крај на војните на тлото на Европа не е новина. Во еден претходен запис ги изнесов постулатите на оваа идеја, разбрана како една од преферирарините варијанти на евроцентричните политички кругови претставени во ликот на Франк Бианчери (препорачувам да прочитате!). Всушност се работи за драфт, работна верзија, со вклучени принципи по кои ќе се решава пакетот Западен Балкан.

Има 4 предуслови:
- нема нови држави
- нема поделени држави
- нема обиди за вештачко одржување на мултиетничноста
- на балканските народи е да се договорат, со помош на ЕУ


Но, паметите ли кога за прв пат се појави терминот Западен Балкан? Владимир Глигоров во месечникот август-септември 1999 година на Виенскиот Институт ќе каже дека името на Западниот Балкан се употребува од страна на ЕУ за да ја одреди групата земји кои ќе бидат субјект на регионалниот пристап на самата Европска Унија. Дополнителнoтo гугл пребарување со ова значење за терминот Западен Балкан  досега најдалеку до јануари 1999 година, неколку месеци пред војната за Косово. Зборот ми е, бенчмаркови, одредници, достигнувања се една рака, а пристапот кон решавањето на проблематичните прашања на одредени земји и региони се друга рака. Претпоставувам дека не е премногу тешко при ракувањето да погодите која рака е одозгора.

За тоа што ново се случува на западниот Балкан доволно ќе биде малку да се внимава на вестите што доаѓаат од Босна и Косово, како најтешки западнобалкански случаеви за решавање. Како пример, Милорад Додик неодамна ќе изјави дека Босна е неодржлива држава, башка, може да прочитате низ балканскиот печат дека на некој преговори за уставни промени во Бутмир се раскарале претставникот на ЕУ и САД заради вметнувањето во последен момент на дополнителен текст на мадам Олбрајт во завршниот работен предлог.

Значи, покрај симболичниот датум како работен краен рок, покрај циркулирачките работни верзии од етаблирани политички актери, покрај актуелизирањето на субјектот за решавање, Македонија потполно “независно“ добива препорака заради забележаните постигнувања и напредок, со мал поттик да се реши прашањето на името.

Пред соголената препорака, само уште една работа. Во 2001-ва во француски Ле Монд може да се прочита авторско мислење дека македонскиот конфликт не е хомеопатија, туку прецизен хируршки зафат. Хируршкиот зафат во 2004 со законот за територијална поделба добива копчи на претходно отворената рана (три сликички: 1. англискиот г-дин на скалите од македонското собрание јавно го навива часовникот кој покажува иднина и минато 2. прва работна задача и параф на Буш откако се разбудил по лудата инагурациска забава беше признавањето на Република Македонија, случајно на два дена пред тогашниот референдум  3. лесна му земја на Трајковски што падна летајќи во густа магла, најверојатно мислејќи во тие последни мигови како да го усклади територијалниот закон со уште еден претседателски мандат).

Тргнувајќи од европскиот пристап за пакет регинално решение за Западен Балкан, и земајќи го во предвид американскиот ервоаталантски поглед на светот кој на Блаканот знае во последна секунда да допишува анекси, како и желбите на граѓаните на Македонија за подобар материјален стандард и услови за живот со приклучувањето кон ЕУ, но не занемарувајќи ги поедните ретроградни националистички аспирации како и кревкиот етно соживот, се препорачува .... ... ... .......... .. ...... .. ... .. ...... .. .. , . .. федерална ...... .. .... ЕУ .... ..... .. ..... ... .. северна ...... .. ... .. ....... .. Македонија.